Десау-Рослау
Десау-Рослау — независен град (kreisfreie Stadt) и урбан округ во германската покраина Саксонија-Анхалт. Се наоѓа на вливот на реките Елба и Мулде. Градот бил основан со спојување на независниот град Десау со градот Рослау во рамките на реформата на окрузите во Саксонија-Анхалт на 1 јули 2007. Десау-Рослау е третиот најголем град во Саксонија-Анхалт по население, по Магдебург и Хале.
Десау-Рослау | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Урбан округ |
Градоначалник | Клеменс Кошиг |
Основни податоци | |
Површина | 245 км2 |
Надм. височина | 61 м |
Население | 79.655 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 325 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | DE |
Пошт. бр. | 06811-06849 06861 06862 |
Повик. бр. | 0340 (Десау) 034901(Рослау) |
Портал | www.dessau.de |
Координати | 51°50′N 12°15′E / 51.833°N 12.250°E |
Десау
уредиДесау е најголемото населено место во рамките на Десау-Рослау, со приближно 77.000 жители (2006). Поголемиот дел од градот се наоѓа на левиот брег на реката Мулде, јужно од нејзиниот влив со Елба. Десау бил првпат споменат во 1213 година и станал главен град на малата држава Анхалт-Десау во 14-от век. Помеѓу 1863 и 1918 година, бил главен град на Анхалт. Од втората половина на 19-от век Десау е индустриски град. Со познатата уметничка и архитектонска школа Баухаус, која се наоѓа во Десау помеѓу 1925 и 1932 година, и со градинарското кралство Десау-Верлиц, градот е присутен на две УНЕСКО листи на светско културно и природно наследство.
Рослау
уредиРослау има околу 13.000 жители (2006). Се наоѓа на десниот брег на реката Елба, во близина на вливањето со реката Мулде, околу 7 километри северно од центарот на Десау. Рослау бил првпат споменат во 1215 година. Пред ова бил споен со Десау, како дел од округот Анхалт-Цербст.
Политика
уредиМестата во градскиот совет (Stadtrat) од изборите во 2007 се:
- Демохристијански сојуз (ДХС): 13
- Левица: 10
- Социјалдемократска партија на Германија (СПД): 8
- Про Десау-Рослау (независна): 5
- Слободна демократска партија (СлДП): 4
- Граѓанска листа (независна): 3
- Нов Форум: 3
- Сојуз 90/Зелени: 2
- Слободни гласачи: 1
- Германски народен сојуз (DVU): 1
Меѓународни односи
уредиДесау-Рослау е збратимен со:
- Аржантеј, Франција, од 1959
- Клагенфурт, Австрија, од 1971
- Лудвигсхафен, Германија, од 1988
- Ибенбирен, Германија, од 1990
- Гливице, Полска, од 1992
- Неменчин, Литванија, од 1995
- Руднице на Лаба, Чешка, од 2004
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Десау-Рослау“ на Ризницата ? |
- Службена страница Архивирано на 6 јуни 2009 г.
Оваа статија за Саксонија-Анхалт статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |