Дремлинг
Дремлинг (германски: Drömling) — слабо населена низина на границата на Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт во Германија со област од околу 340 км2. Поголемиот дел припаѓа на Саксонија-Анхалт на исток и е природен парк од 1990. Поранешното мочуриште било изменето со дренажа од природен во културен пејзаж во XVIII век по наредба на прускиот крал Фридрих Велики. Денес, низината, со нејзините водни патишта, Средногерманскиот Канал и реките Алер и Оре е прибежиште на ретки или загрозени видови на животни и растенија. Поголемиот дел од областа е составена од природни паркови и заштитени области. Соседни градови се Ебисфелде и Волфсбург.
Местоположба
уредиДремлинг се наоѓа во наоѓа во низина околу 15-20 километри. Тој е поширок дел на ледничката долина Бреслау-Магдебург-Бремен. Во поширока смисла се протега од Волфсбург-Форсфелде на запад до Калферде на исток и од Клеце на север до Ебисфелде на југ.
Дремлинг се простира на следниве окрузи: Алтмарк Залцведел, Берде, Гифхорн, градот Волфсбург и Хелмштет.
Поврзано
уредиИзвори
уреди- Heinz Frenkler: Der Drömling in Naturschutzgebiete im Raum Gifhorn-Wolfsburg, Großkopf-Verlag, Wolfsburg 1986, ISBN 3-929464-00-4
- Helmut Maigatter: Land der tausend Gräben – Aus der Geschichte des Drömlings. 2. Auflage 1997, gedruckt in Helmstedt, ohne ISBN
- Naturschutz im Land Sachsen-Anhalt, Sonderheft: Der Naturpark Drömling. Landesamt für Umweltschutz Sachsen-Anhalt, Abteilung Naturschutz, Halle 1993, ISSN 0940-6638
- Ernst Andreas Friedrich: Naturdenkmale Niedersachsens. Hanover 1980. ISBN 3-7842-0227-6
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Факти за областа Bundesamt für Naturschutz
- Природен парк Дремлинг Архивирано на 23 јануари 2009 г.
- Акција за заштита на Дремлинг
- Слики од внатрегерманската граница во Дремлинг Архивирано на 9 октомври 2011 г.
- Опис на природниот парк Вендшотер и Форсфелдер Дремлинг на NLWKN