Фрајбург (Унштрут)
Фрајбург (Унштрут) (германски: Freyburg (Unstrut), или само Фрајбург) е град во округот Бургенланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Унштрут, 9 километри северозападно од ханзеатскиот Наумбург, 63 километри од Лајпциг и 231 километар од Берлин. Исто така, дел е од општинската заедница Унштрутал.
Фрајбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Бургенланд |
Општ. заед. | Унштрутал |
Градски единици | 3 |
Градоначалник | Удо Менике |
Основни податоци | |
Површина | 47 км2 |
Надм. височина | 110 м |
Население | 4.578 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 97 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BLK |
Пошт. бр. | 06632 |
Повик. бр. | 034464 |
Портал | www.freyburg-info.de |
Местоположба на градот Фрајбург во рамките на округот Бургенланд | |
Координати | 51°12′46″N 11°46′11″E / 51.21278° СГШ; 11.76972° ИГД |
Градот е туристичко одредиште, најмногу познат по неговите лозја, историскиот стар дел на градот, одличниот замок од 11. век и поврзаноста со Фридрих Лудвиг Јан (основач на модерната гимнастика). Еден од најпроперитетните градови во регионот, Фрајбург е наречен 'Тоскана на Северот' [2] Седиште е на една од најголемите светски вински компании.[3]
Историја
уредиИсторијата на градот е неразделно поврзана со неговото масивно утврдување на ридот - Замок Нојенберг. Замокот бил изграден околу 1090 од тириншкиот грод Лудвиг дер Шпрингер, обезбедувајќи ја неговата територија на истокот, како и неговиот братски замок Вартбург на запад.[4] Нојенберг е петпати поголем од замокот Вартбург и бил изграден во ист стил - вториот е познат како најголем типичен германски замок поради неговата поврзаност со Мартин Лутер и Јохан Волфганг фон Гете и неговата улога во создавањето на современото германско знаме.[5]
Како и неговиот братски замок, Нојенберг одиграл значајна улога низ вековите, пречекувајќи историски личности како што се кралот Хенри I, светиот римски цар Фридрих I Барбароса и поетот Хајнрих фон Велдеке. До 13. век, Нојенберг бил под контрола на членовите на династијата Ветин (сега кралското семејство на Англија). Не е изненадувачки, Фрајбург бил стратешка воена награда низ историјата и бил нападнат од шведската војска во 17. век и француската армија во 19. век од Наполеон.[6]
Помеѓу 1825-1852, Фрајбург бил дом на инструкторот во гимнастија Фридрих Лудвиг Јан, кој бил го егзил. Тој нашироко се смета за основач на современата гимнастика и ја основал првата гимназија во светот во Фрајбург. Погребан е во Фрајбург и неговиот споменик во градот станал место за поклонение за гимнастичарите, како што се олимпискиот првак Клаус Кесте и светскиот првак Ерика Цухолд.[7]
Вино
уредиФрајбург е најсеверниот вински регион во Германија и Европа[8] и има вински фестивал наречен „Винцерфест“ секоја година во септември. Еден од најстарите вински региони во Европа, регионот околу Фрајбург има илјадагодишна документирана историја за производство на вино.
И покрај тоа што се одгледуваат само 700 хектари лозови насади, градот е седиште на една од најголемите светски вински компании - Роткемпхен-Мум. Винаријата била основана во 1856 и до 2010, го држела половина од пазарот за пенливо вино во Германија и имала пријавено обрт од повеќе од 1 милијарди долари (780 милиони евра).[9] Овој производител од Фрајбург е една од петте најголеми производители на пенливо вино во светот, заедно со шпанскиот производител Freixenet (со седиште во близината на Барселона) и францускиот производител LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton (со седиште во Париз).
Постојат и други помали производители на вино во регионот. Винските критичари истакнуваат дека нема толку големи вински имиња од оваа област, но и исто така дека има и лошо направени вина. Квалитетот низ лозовите насад треба да биде постојан, движејќи се од просечен кон многу добар. Меѓутоа, има и неколку наградувани производители на вино, кои се високо оценети од критичарите, како што се Винцерхоф Гусек, Вајнгут У. Лицкендорф и Вајнгут Бернхард Павис.[10]
Причината зошто во Фрајбург е можно да се одгледува вино, за разлика од регионите со слични географски должини во Европа, се должи на фактот дека во почвата се задржува висока концентрација на топлината и калциумот и неговата микро-клима, кои го прават значително потопол откако соседните Берлин и Лајпциг. Реката Унштрут тече низ овој регион и е дом на големата штука, пастрмката и крапот. Во ридовите околу градот има срни, диви свињи, фазани и лисици. Постојат многу фарми расфрлани низ областа, нудејќи широк спектар на свежи и органски производи.
-
Поглед кон Фрајбург
-
Внатрешност на црквата
-
Поглед кон црквата (2018)
-
-
-
Црква
-
Саат-кула
-
Историска зграда
-
Лозарството доминира во економијата и градскиот пејзаж во Фрајбург
-
Поглед од Нојштал до железничката станица
-
Поглед кон Фрајбург
-
Поглед кон Фрајбург
-
Манастирска црква
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)
- ↑ [1]
- ↑ [2]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-03-08. Посетено на 2011-09-25.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2011-09-25.
- ↑ [3]
- ↑ [4]
- ↑ [5]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2011-09-25.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-28. Посетено на 2011-09-25.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на градот Архивирано на 18 јули 2011 г.