Штендал (округ)
Штендал (германски: Stendal) — округ во североисточниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) Јерихов, Берде, Алтмарк Залцведел, округот Лихов-Даненберг во Долна Саксонија и окрузите Пригниц, Источен Пригниц-Рупин и Хафеланд во Бранденбург.
Штендал Landkreis Stendal | |||
---|---|---|---|
округ | |||
| |||
![]() | |||
Земја | ![]() | ||
Покраина | Саксонија-Анхалт | ||
Седиште | Штендал | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2,423 км2 (936 ми2) | ||
Население (31 декември 2020)[1] | |||
• Вкупно | 110.485 | ||
• Густина | 46/км2 (120/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | SDL, HV, OBG | ||
Мреж. место | landkreis-stendal.de |
Историја уреди
Во административната реформа од 1994, претходниот округ Штендал бил споен со окрузите Остербург и Хафелберг.
Географија уреди
Округот се наоѓа во регионот Алтмарк. Највисоката точка е на 132,8 метри Landsberg. Главни реки во округот се Елба и Хафел.
Партнерства уреди
Во 1990 било започнато пријателство со рускиот округ Јарцево, кое прераснало во пријателство во 1996.[2] Во 1994, била започнато партнерство со литванскиот округ Мажејкјај. Други партнерства има со округот Липе во Северна Рајна-Вестфалија и шведската општина Воргорда и со градовите Плоцк (Полска), Хавиржов (Чешка), Салдус (Летонија), Паида (Естонија) и Карлсхамн (Шведска).[2]
Грб уреди
Црвениот орел во левата половина на грбот е симболот на Бранденбург, претставувајќи ја историската врска на Алтмарк како дел од Бранденбург. Исто така и за округот Хафеланд. Златниот трефол со три дабови листови го симболизира стариот округ Штендал и бил земен од грбот на семејството Бизмарк. Трите златни дијаманти на црна позадина доаѓаат од грбот на војводите од Остербург, претставувајќи го поранешниот округ Остербург.
Градови и општини уреди
Округот Штендал се состоел од следниве административни единици:[3]
Слободни градови |
---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
3. Зехаузен | ||
1седиште на заедницата на општини; 2град |
Наводи уреди
- ↑ „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 Landkreis Stendal
- ↑ „Statistisches Landesamt Sachsen-Anhalt“. Архивирано од изворникот на 2017-05-15. Посетено на 2012-01-25.
Надворешни врски уреди
„Штендал (округ)“ на Ризницата ? |
- Службена страница (германски)