Алтмарк Залцведел
Алтмаркрајс Залцведел (германски: Altmarkkreis Salzwedel) — округ во Саксонија-Анхалт, Германија. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Гифхорн, Илцен, Лихов-Даненберг во Долна Саксонија и окрузите Штендал и Оре.
Алтмарк Залцведел Altmarkkreis Salzwedel | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Саксонија-Анхалт | ||
Седиште | Залцведел | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2.292 км2 (885 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 82.457 | ||
• Густина | 36/км2 (93/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | SAW, GA, KLZ | ||
Мреж. место | altmarkkreis-salzwedel.de |
Историја
уредиАлтмарк — историски регион кој ја опфаќа територијата на денешниот округ, како и делови од соседниот округ Штендал. Во X век, бил источна гранична провинција на Светото Римско Царство; замоците биле изградени со цел да ја поместат границата кон исток. Алтмарк бил мочиришно подрачје и со векови бил тежок за освојување. Во XII век, многу мочуришта биле исушени и упоришта станале малите градови. Во доцниот среден век, многу градови биле членови на Ханзата. Поради Триесетгодишната војна, Алтмарк бил целосно уништен во XVII век. Никогаш не успеал да ја поврати својата важност и останал ретко населен до ден денес.
Округот бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Гарделеген, Клеце, Залцведел и (делумно) Остербург.
Географија
уредиАлтмарк е права низина, која некогаш била исполнета со бари и езерца. Денес, главно е покриена со шуми и голини. Генерално е суво, иако некои мочуришни регионо опстоиле. Најголемиот од нив е Дремлинг, голема водена површина на југозапад, кој е национален парк поделен со соседниот Оре.
Најголемото езеро во округот е Арендзе (5,54 км2); градот Арендзе е именуван по ова езеро.
Грб
уредиГрбот прикажува:
|
Градови и општини
уредиОкругот Алтмаркрајс Залцведел се состои од следниве административни единици:[2]
Слободни градови | Општински заедници |
---|---|
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Статистичко биро на Саксонија-Анхалт“. Архивирано од изворникот на 2017-05-15. Посетено на 2011-10-23.
Надворешни врски
уреди„Алтмарк Залцведел“ на Ризницата ? |
- Службена страница (германски)
- Туристичка страница за регионот Алтмарк (германски)
- Национален парк Дремлинг (германски) (англиски)