Раул Руидијас
Раул Марио Руидијас Миситич (роден на 25 јули 1990, во Вилја Марија дел Триунфо) — перуански фудбалер, напаѓач на Сиетл Саундерс и на перуанската репрезентација.[1]
Раул Руидијас | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 25 јули 1990 | ||
Роден во | Вилја Марија дел Триунфо, Перу | ||
Држава | Перу | ||
Висина | м | 1,69||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Сиетл Саундерс | ||
Број | 9 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008-2011 | Университарио | 66 | (13) |
2008-2009 | → У Америка | 11 | (3) |
2012 | Унив. де Чиле | 15 | (8) |
2012-2015 | Коритиба | 8 | (0) |
2013-2014 | → Университарио | 64 | (35) |
2015 | Мелгар | 14 | (2) |
2015-2017 | Университарио | 22 | (22) |
2016-2018 | Морелија | 72 | (40) |
2018- | Сиетл Саундерс | 36 | (21) |
Репрезентација ‡ | |||
2011- | Перу | 36 | (4) |
* Ажурирано на: 10 март 2019 ** Ажурирано на: 10 март 2019 |
Животопис
уредиНеговата мајка Татјана е од хрватско потекло и се презивала Миситич (на хрватски Миситиќ).[2][3] Тој има помлад брат, Жамир, кој исто така е фудбалер.[3]
Клупска кариера
уредиУниверситарио
уредиРуидијас израснал во Лима, во областа Вилја Марија дел Триунфо и ги направил своите први фудбалски чекори во екипата на Университарио де Депортес на возраст од осум години.[4] Во оваа екипа напредувал низ сите младински категории се дури не стигнал до првиот тим и потпишал професионален договор, а веднаш потоа во јануари 2008 година тој бил позајмен на У Америка Кочауајко - клуб филијала на Университарио - каде тренер му бил Ектор "Тито" Чумпитас, поранешен легендарен фудбалер на перуанската репрезентација. Својот прв професионален гол го постигнал на 10 август во натпревар против Ихос де Асовинкос.[5] Со доаѓањето во клубот на Хорхе Агапо Гонсалес, тој бил преместен на позицијата централен напаѓач. Откако постигнал три гола и импресионирал со својте игри, тренерот Хуан Рејносо го повикал во првиот тим.[5] Своето официјално деби во Примера Дивисион го имал на 4 октомври 2009 година, во победата на Университарио над Тотал Чалако со 2-1, на возраст од 19 години.[6] Неговиот прв професионален гол во Примера Дивисион дошол на 24 октомври во победата на Университарио со 3-1 над Мелгар.[7] Тој ја завршил сезоната со 3 постигнати гола во 7 натпревари во перуанското првенство и ја освоил својата прва национална титула со Университарио.
Следната сезона може да се каже дека била доста "горчлива" за Университарио, откако клубот направил добра кампања во Копа Либертадорес 2010 и во домашните натпреварувања, но без да ги добие очекуваните конечни резултати. Раул постигнал седум гола во лигата, но повредите и лошото ниво на тимот го спречиле да заокружи одлична кампања.
Сезоната 2011 била една од најлошите за Университарио откако тие загубиле многу бодови, па дури морале да се борат и за избегнување на испаѓање. И покрај добриот состав, клубот завршил само на 14-тото место (трети оддоздола) во Торнео Десентралисадо 2011, а Руидијас постигнал 3 гола во 22 натпревари. Университарио стигнал до четвртфиналето на Копа Судамерикана, во кое тие биле елиминирани од Васко де Гама од Бразил со вкупен резултат 5-4.[8] Руидијас бил најдобар стрелец на "У" во ова натпреварување со четири гола во шест натпревари.
Универсидад де Чиле и Коритиба
уредиВо јануари 2012 година, Руидијас бил понуден на хрватскиот Динамо Загреб и на чилеанскиот Универсидад де Чиле, потпишувајќи договор со вториот клуб.[9] Трансферот бил официјализиран на 20 јануари 2012 година, кога тој потпишал договор за шест месеци со што започнало неговото прво искуство во странство.[10] Дебитирал за Универсидад де Чиле во Апертура турнирот од Примера Дивисион против Ла Серена, во кој имал деби од соништата постигнувајќи го првиот гол, асистирајќи за вториот и изборил пенал од кој бил постигнат третиот гол.[11] Натпреварот завршил 3-1 за сините. Во неговиот втор натпревар против Депортес Икике, тој исто така постигнал гол, меѓутоа, натпреварот бил прекинат во 52-рата минута поради фрлање на пиротехнички средства на теренот.[12][13] Во неговиот трет натпревар, влегол во игра на полувремето и го постигнал последниот гол за Универсидад, во победата со 3-1 на гостувањето кај Палестино. Во четвртиот натпревар, повторно се појавил на теренот од клупата за резерви на почетокот од второто полувреме, и му помагнал на својот клуб да го победи Кобресал со 4-1, постигнувајќи гол после само 6 минути од влегувањето во игра за моментален резултат 2-1 со што стигнал до бројката од 4 гола во 4 настапи (по еден во сите 4 натпревари) за својот нов клуб. На 1 април 2012, за првпат во својата клупска кариера постигнал два гола на еден натпревар, во победата со 2-0 на домашен терен над Ренџерс Талка.
Сезоната ја завршил со 15 настапи и 8 гола во првенството со кој му помогнал на Универсидад де Чиле да ја освои титулата во Торнео Апертура 2012. Тој исто така бил најдобар стрелец на клубот во лигата со 8 гола колку што постигнал и Анхело Енрикес. Руидијас одиграл и девет натпревари во Копа Либертадорес на кој не успеал да се впише во списокот на стреците, а чилеанскиот клуб стигнал до полуфиналето во кое биле елиминирани од Бока Хуниор. На 15 јули 2012, Руидијас и Универсидад де Чиле се договориле да ја раскинат соработката.[14]
На 16 август 2012, Руидијас и се приклучил на бразилската екипа Коритиба, за која дебитирал на 8 септември 2012 во победата со 3-0 на домашен терен над Фламенго.[15] Сепак, тој одиграл само осум натпревари (сите од клупата за резерви) за клубот во бразилското првенство во 2012 година, акумулирајќи уште 4 натпревари натпревари во Првенството Паранаенсе, без да постигне ниту еден гол за клубот.
Враќање во Университарио и Мелгар
уредиГодина и половина по заминувањето од клубот, Руидијас се вратил во Университарио де Депортес на заем за една година од Коритиба. Својот прв натревар по враќањето во Университарио го одиграл на 1 април 2013, во победата на домашен терен со 4-0 над Леон де Уануко. Својот прв погодок го постигнал во победата со 3-0 над Мелгар. На 25 август 2013, Руидијас постигнал 4 гола во победата со 5-1 над Хосе Галвес. Сезоната 2013 ја завршил како најдобар стрелец во перуанската Примера Дивисион со 21 постигнат гол, колку што постигнал и Виктор Росел од Унион Комерсио. Неговите голови биле од голема важност за клубот кој станал шампион на земјата по 26-ти пат во клупската историја, откако во финалето го победиле Реал Гарсиласо на пенали во третиот натпревар; Руидијас бил прецизен изведувач за својот тим во петтата серија.
Следната сезона Руидијас ја започнал со гол против боливијскиот Стронгест во Копа Либертадорес 2014, во натпревар што завршил нерешено 3-3. Во групата во која покрај Университарио и Стронгест биле и Велес Сарсфилд и Атлетико Паранаенсе, перуанскиот шампион немал никакви шанси за минување натаму а ремито против боливијците бил нивниот единствен освоен бод. На 30 јуни 2014, Руидијас постигнал хет-трик во победата со 4-2 на гостувањето кај Лос Каиманес. Сезоната ја завршил со вкупно 19 гола, 14 гола во перуанското првенство, 4 во Инка купот и еден во Копа Либертадорес.
Во 2015 година, откако Кортиба и Университарио не успеале да се договорат за негов постојан трансфер, тој се преселил во Мелгар, каде дошол на барање на тренерот Хуан Рејносо и потпишал договорот со клубот од Арекипа на 6 месеци.[16] Неговото потпишување за Мелгар предизвикало многу контроверзии, бидејќи тој еднаш претходно веќе рекол дека во Перу може да игра само за Университарио.
За време на целиот свој престој во црвено-белите, тој постигнал само 5 гола во 20 натпревари. Кога го видел Университарио меѓу последните места на табелата во перуанското првенство, Раул одлучил по истекот на неговиот додговор со Мелгар да се врати во клубот со цел да им помогне на студентите во борбата за опстанок. Тој бил претставен на 11 август 2015 заедно со Родриго Куба, а дебитирал со погодок во победата со 3-1 на гостувањето кај Депортиво Ансоатеги од Венецуела во Копа Судамерикана. Во домашните турнири дебитирал во првото коло од Клаусура со гол против Унион Комерсио, меѓутоа "У" го загубиле натпреварот со 2-3, што резултираше со добивање отказ на тренерот Луис Фернандо Суарес. Перформансите на Руидијас биле импресивни, бидејќи ја завршил сезоната со 12 гола во 15 натпревари, заработил повик во репрезентацијата и го спасил тимот од испаѓање.
Во 2016 година тој решил да остане во "У" и ја одбил понудата од тајландскиот клуб Бурирам Јунајтед. Својот прв гол во новата сезона го постигнал на 12 февруари 2016, во ремито 2-2 на домашен терен против Хуан Аурич. На 8 мај 2016, Руидијас постигнал хет-трик во победата со 3-1 над УТК. Својот последен натпревар за Университарио го одиграл на 15 мај 2016, во поразот со 2-0 од Ајакучо, во кој промашил пенал. Првенството Апертура го завршил со 10 гола во само 9 настапи (поради настапи за репрезентацијата и повреди), со што бил втор најдобар стрелец во првенството. Неговите голови му помогнале на Университарио да заврши како шампион во Апертура со цели 9 бода повеќе пред второ и третопласираниот тим.
Морелија
уредиОткако го завршил учеството на Копа Америка Сентенарио со својата репрезентација, Руидијас потпишал за мексиканскиот клуб Монаркас Морелија на заем до крајот на сезоната за објавена сума од 105,000 евра.[17] Тој бил претставен во Морелија пред медиумите на 1 јули 2016 и го зел дресот со број 9.[18] Своето деби во мексиканското првенство го направил на 15 јули 2016 заменувајќи го Диего Валдес во поразот со 2–0 од Тихуана.[19] Следната недела, во првиот натпревар на Морелија на домашен терен, Руидијас го постигнал својот прв гол за клубот во ремито 2–2 против Керетаро.[20] На 1 август 2016, тој постигнал хет-трик во гостинската победа со 4–2 над Сантос Лагуна.[21] Руидијас ја завршил сезоната со 11 постигнати гола со кој бил најдобар стрелец за сезоната заедно со Дајро Морено од Тихуана.[22]
Пред првиот натпревар на Морелија на домашен терен од Клаусура 2017 против Тихуана, Руидијас бил награден со доделување на комеморативна плакета на Стадионот Морелос поради тоа што во претходното првенство станал првиот најдобар стрелец во историјата на клубот во најсилната мексиканска лига.[23] Руидијас подоцна го постигнал вториот гол за својот тим во натпреварот, а Морелија победила со 2–0.[24] По истиот тој натпревар, било објавено дека Морелија потпишала перманентен договор со Руидијас на три години, откупувајќи го перуанскиот напаѓач од Университарио кој претходно играл во клубот како позајмен играч.[25] На 30 април 2017, Руидијас го постигнал својот втор хет-трик за Морелија во победата со 4-0 над УНАМ.[26] Во последниот натпревар од сезоната, тој го постигнал клучниот погодок за победата со 2-1 над Монтереј,[27] со кој и помогнал на Морелија да избегне испаѓање, како и да се квалификува за фазата за шампион, а исто така тој гол му помогнал на Руидијас втора сезона по ред да стане најдобар стрелец во Примера Дивисион на Мексико.[27][28][29]
Сиетл Саундерс
уредиНа 6 јуни 2018, Руидијас потпишал за американскиот МЛС клуб, Сиетл Саундерс, со правилото за назначен играч.[30] По завршувањето на својте обврски со репрезентацијата на Светското првенство 2018, Руидијас му се приклучил на својот нов клуб во средината на јули 2018, а своето деби го направил на 21 јули 2018, во победата со 2-0 над Ванкувер Вајткaпс влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Вил Бруин. Својот прв гол за Саундерс го постигнал само пет дена подоцна, во победата со 1-0 на гостувањето кај Сан Хосе Ертквејкс. На 15 септември истата година, Руидијас ги постигнал двата гола за својот тим во победата со 2-1 на гостувањето кај Ванкувер Вајткапс, со кои му помогнал на Сиетл Саундерс да го осигура освојувањето на Каскадија купот за 2018 година; исто така натпреварот бил првиот во кој перуанскиот напаѓач успеал да постигне два гола по доаѓањето во МЛС. Со својте 10 гола во регуларниот дел од сезоната Руидијас имал огромен придонес во големото враќање на Сиетл од дното на табелата до позициите кој воделе во плејофот што било резултат на една одлична серија на резулатати која започнала во средината на летото и траела до крајот на сезоната. Во полуфиналето на МЛС плејофот Саундерс се сретнале со нивните големи соперници Портланд Тимберс. Во првиот натпревар игран во Портланд, Сиетл загубил со 2-1, иако Руидијас го довел својот тим во водство по само 10 минути; во вториот натпревар Сиетл победил со 3-2 по продолженија а Руидијас одново бил во главна улога постигнувајќи два гола, од кој вториот гол (за моментален резултата 2-1) дошол во 93-тата минута, со кој ги спасил Саундерс од испаѓање и го одвел двомечот во продолженија. Сепак, на крајот Сиетл бил елиминиран по изведување на пенали (2-4), иако Руидијас и тука бил прецизен и реализирал пенал во првата серија.
На стартот на сезоната 2019 во МЛС, Руидијас продолжил со својата серија на голови каде што застанал во претходната сезона постигнувајќи три гола во првите три натпревари на Сиетл од сезоната погодувајќи ја мрежата на секоја од трите противнички екипи Синсинати, Колорадо Рапидс и Чикаго Фајр. Сепак добрата серија била прекината на почетокот на април кога тој се здобил со повреда на петата и морал да пропушти неколку натпревари.[31]
Репрезентативна кариера
уредиРуидијас го направил своето деби за перуанската репрезентација на 7 јуни 2011 во ремито без голови 0–0 против Јапонија во Нигата во Кирин купот. Истиот месец, Руидијас бил повикан од селекторот Серхио Маркарјан да го претставува Перу на Копа Америка 2011 во Аргентина; тој одиграл само еден натпревар на турнирот против Чиле во групната фаза, а неговата репрезентација го освоила 3-тото место, победувајќи ја Венецуела со 4–1.
Својот прв погодок за репрезентацијата Руидијас го одбележал на 24 март 2016, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018 против Венцуела одигран во Лима кој завршил 2-2. Истата година, Руидијас бил избран во составот на Перу од 23 играчи за Копа Америка Сентенарио од селекторот Рикардо Гарека. Во третиот натпревар од групната фаза против Брзил на 12 јуни 2016, Руидијас постигнал контроверзен погодок во 75-тата минута, кој потоа се покажал како победнички, уфрлувајќи ја топката во мрежата на Бразил со рака. Со тој гол Перу победил со 1-0, и минал во нокаут фазата како победник во групата Б, додека кариоките биле елиминирани.[32]
Во мај 2018 тој бил повикан во репрезентацијата за Светското првенство 2018 во Русија,[33] каде одиграл два натпревари (и во двата влегол од клупата за резерви пред самиот крај) а Перу бил елиминиран во групната фаза.
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 25 март 2017.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2009 | У Америка Кочауајко | СД | 11 | 3 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 11 | 3 |
2009 | Университарио | ТД | 9 | 3 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 9 | 3 |
2010 | ТД | 35 | 7 | - | - | - | КЛ | 2 | 0 | - | - | - | 37 | 7 | |
2011 | ТД | 22 | 3 | - | - | - | КС | 6 | 4 | - | - | - | 28 | 7 | |
2012 | Универсидад де Чиле | ПД | 15 | 8 | - | - | - | КЛ | 9 | 0 | - | - | - | 24 | 8 |
2012 | Коритиба | А | 8 | 0 | КБ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 11 | 0 |
2013 | Университарио | ТД | 24+12[34]+3[35] | 12+8[34]+1[35] | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 39 | 21 |
2014 | ТД | 25 | 14 | КИ | 10 | 4 | КЛ | 6 | 1 | - | - | - | 41 | 19 | |
2015 | Мелгар | ТД | 14 | 2 | КИ | 6 | 3 | - | - | - | - | - | - | 20 | 5 |
2015 | Университарио | ТД | 13 | 13 | - | - | - | КС | 2 | 1 | - | - | - | 15 | 8 |
2016 | ТД | 9 | 10 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 9 | 10 | |
Вкупно Университарио | 152 | 71 | 10 | 4 | 16 | 6 | 178 | 81 | |||||||
2016-2017 | Морелија | ПД | 33+1[34] | 20+0[34] | КМ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 34 | 20 |
2017-2018 | ПД | 32+6[34] | 18+2[34] | КМ | 1 | 1 | - | - | - | - | - | - | 39 | 21 | |
Вкупно Морелија | 55+7 | 38+2 | 1 | 1 | 63 | 41 | |||||||||
2018 | Сиетл Саундерс | МЛС | 14+2[35] | 10+3[35] | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 16 | 13 |
2019 | МЛС | 3 | 3 | ОКС | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 3 | |
Вкупно Сиетл Саундерс | 17+2 | 13+3 | 19 | 16 | |||||||||||
Вкупно во кариерата | 281 | 140 | 20 | 8 | 25 | 6 | 326 | 154 |
Хет-трикови
уредиВо својата кариера Руидијас постигнал 6 хет-трика. На 5 од нив постигнал три гола, а еднаш постигнал и четири гола на еден натпревар што е негов личен рекорд во кариерата. Иако во кариерата променил поголем број на клубови, интересно е тоа што хет-трик успеал да оствари само со две екипи Университерио и Морелија, правејќи го тоа по трипати со двете екипи.
Хет-трикови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
Титули
уредиКлупски
уредиУниверситарио
уреди- Торнео Десентралисадо (2) : 2009, 2013
Универсидад де Чиле
уредиСиетл Саундерс
уредиРепрезентативни
уредиПеру
уреди- Копа Америка: Трето место 2011, Вицешампион 2019
Наводи
уреди- ↑ Raúl Ruidíaz: Monarcas Morelia podría esperar al jugador hasta август‚ americatv.com.pe, 27 June 2016
- ↑ „Kockastima prijeti 'peruanski Messi', koji nije prošao u Dinamu, a izbacio je Brazil - rukom!“. goal.hr. 21 март 2018. Text "10 март 2019" ignored (help)
- ↑ 3,0 3,1 „Nine things to know about our new No. 9: Raúl Ruidíaz“. Сиетл Саундерс. 29 јуни 2018. Посетено на 10 март 2019.[мртва врска]
- ↑ peru.com, уред. (2011). „Aparecen nuevos postores por Raúl Ruidíaz“. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 11 март 2019.
- ↑ 5,0 5,1 Carlos Panez (2010). dechalaca.com (уред.). „Raúl Ruidíaz: Que no lo mareen“. Посетено на 28 април 2010.
- ↑ universitario.com.pe, уред. (2009). „Raúl Ruidíaz: Estoy feliz con mi debut“. Посетено на 28 април 2010.[мртва врска]
- ↑ depor.pe (уред.). „La revelación de la 'U' tiene un nombre... Raúl Ruidíaz“. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 14 март 2011.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ elcomercio.pe, уред. (2011). „La 'U' cayó 2-5 ante Vasco y perdió la clasificación a semifinales“. Посетено на 20 јули 2018.
- ↑ „La U presentó sus nuevas caras para el 2012 con peruano Ruidíaz como novedad“. Emol.com. 20 January 2012.
- ↑ Alexander Bustillos (2012). depor.pe (уред.). „Saltó al sur: La 'Pulga' Ruidíaz fue presentado en la 'U' de Chile“. Архивирано од изворникот на 2013-12-16. Посетено на 20 јануари 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ peru21.pe (уред.). „Debut con gol: Raúl Ruidíaz marcó y fue figura en la 'U' de Chile“. Архивирано од изворникот на 2018-07-20. Посетено на 20 јули 2018.
- ↑ peru21.pe (уред.). „'Pulga' Ruidíaz 'pica' de nuevo en Chile“. Архивирано од изворникот на 2018-07-20. Посетено на 20 јули 2018.
- ↑ emol.com (уред.). „U de Chile vs Iquique“. Посетено на 10 февруари 2012.
- ↑ „Raúl Ruidíaz afirma que se va muy triste de la Universidad de Chile“. Rpp.com.pe. 15 July 2012.
- ↑ elcomercio.pe (уред.). „Ruidíaz debutó con Coritiba en la goleada de su equipo sobre Flamengo“. Посетено на 20 март 2013.
- ↑ rpp.com.pe (уред.). „Raúl Ruidíaz firmó contrato y se lució con la camiseta de Melgar“. Посетено на 30 јануари 2015.
- ↑ „Universitario acepta fichaje de Raúl Ruidíaz por Monarcas Morelia, pero...“. Rpp.com.pe. 28 June 2016.
- ↑ „Morelia presenta refuerzos“. eluniversal.com.mx. 1 July 2016.
- ↑ „Raúl Ruidíaz debutó en la Liga MX con derrota del Morelia ante Tijuana“. peru.com. 16 July 2016.
- ↑ „Raúl Ruidíaz anotó en el empate 2-2 entre Morelia y Querétaro“. peru.com. 23 July 2016. Архивирано од изворникот на 2017-05-09. Посетено на 2019-03-20.
- ↑ „Con 'hat-trick' de Ruidíaz, Monarcas Morelia venció 4-2 a Santos Laguna por la Liga MX“. larepublica.pe. 1 August 2016. Архивирано од изворникот на 2018-04-12. Посетено на 2019-03-20.
- ↑ „Dayro Moreno y Raúl Ruidíaz, Reyes del Gol“. LigaMX.net. 20 November 2016.
- ↑ http://rpp.pe/futbol/peruanos-en-el-mundo/video-ruidiaz-recibio-placa-honorifica-como-goleador-historico-del-morelia-noticia-1022102
- ↑ http://www.fuerzamonarca.com/noticia/hay-raul-ruidiaz-para-rato
- ↑ http://www.mediotiempo.com/futbol/2017/01/07/monarcas-blindo-a-raul-ruidiaz
- ↑ http://peru.com/futbol/internacional/morelia-vs-pumas-vivo-y-directo-ruidiaz-y-polo-fecha-hora-y-canal-partido-liga-mx-via-azteca-7-noticia-510693
- ↑ 27,0 27,1 „Con gol de Ruidíaz, Morelia venció 2-1 Monterrey y salvó la categoría en la Liga MX“ (шпански). 7 May 2017. Посетено на 7 May 2017.
- ↑ „Ruidíaz es el monarca del gol en México“ (шпански). ESPN Mexico. 7 May 2017. Посетено на 7 May 2017.
- ↑ Marshall, Tom (8 May 2017). „Raul Ruidiaz's goal saves Morelia in crazy final Liga MX weekend“. ESPN FC. Посетено на 8 May 2017.
- ↑ http://espndeportes.espn.com/futbol/mexico/nota/_/id/4394992/raul-ruidiaz-entre-los-10-mejor-pagados-de-la-mls
- ↑ Raul Ruidiaz out, Will Bruin in as Sounders look to extend unbeaten streak to five 6 април 2019 www.seattletimes.com
- ↑ http://estadisticas.conmebol.com/html/v3/index.html?channel=deportes.futbol.copaamerica.260283[мртва врска]
- ↑ http://www.goal.com/en-gb/amp/news/revealed-every-world-cup-2018-squad-23-man-preliminary-lists/oa0atsduflsv1nsf6oqk576rb
- ↑ 34,0 34,1 34,2 34,3 34,4 34,5 Во Лигуилја.
- ↑ 35,0 35,1 35,2 35,3 Во Плејофот.