Макфест

македонски музички фестивал

Макфест — музички фестивал што се одржува во Штип секоја година.

Макфест
Локација Штип, Македонија
Години активност 1986–денес
Жанр поп
Портал makfest.mk

Историјат

уреди

Mакедонскиот фестивал на забавни мелодии “Макфест“ започнал на 18 октомври 1986 година, како изведувачка музичка манифестација. Целта на “Макфест“ била стимулирање на домашното творештво, што предизвикало редица на македонски талентирани поединци, од кои израснале автори на музика, текст, аранжман, кои многу ја збогатиле македонската музичко-естрадна култура.

Членувањето на “Макфест“ во ФИДОФ (Светска федерација на фестивалски организации), му овозможил да се афирмира и пошироко од својата земја. Бројни биле настапите на македонските автори ма големите сцени во Белорусија, Русија, Египет, Турција, Ирска, Романија, Франција и други земји, претставувајќи дел од естрадната култура на Македонија пред европските слушатели.[1].

Макфест 2017

уреди

32. издание на Макфест се одржало во организација на Општина Штип. Притоа, на распишаниот конкурс пристигнале вкупно 140 песни (над 120 композиции од домашни автори и околу 20 песни од странски автори), а првото преслушување на пријавените песни било извршено на 8 март 2017 година од страна на стручната комисија предводена од уметничкиот директор на фестивалот, Љупчо Мирковски.[2]

Победници

уреди
Година Изведувач Песна
1986 Хелена Благне „Кога те нема“
1987 Трајче Манев „Осамен“
1988 Киќо Слабинац „Не враќај се, не буди ме“
1989 Зорица Конџа „А Бог знае“
1990 Љупка Димитровска „Ѕвона ѕвонат“
1991 Поп Дизајн „Дајте ги рацете“
1992 Олгица Христовска „Свирете ја Зајди, зајди“
1993 Тања Кочовска „Твојте очи, сине“
1994 Владо Јаневски „Еден бакнеж“
1995 Цветанка Глигорова „Не биди слеп“
1996 Дуле и Коки „Виолина и гитара“
1997 Ристо Самарџиев „Таму кај што си“
1998 Магија „Магија“
1999 Ристо Самарџиев „Песна за љубовта“
2000 Андријана Јаневска & Марјан Стојановски „Љубов ти е адреса“
2001 Благица Поп Томова „Зрак“
2002 Биба Додева „Кажи љубов“
2003 Бојана Атанасовска „Немам одбрана“
2004 Александра Пилева „Нема утеха“
2005 Јован Јованов & Маја Саздановска „Ти ме сакаш, знам“
2006 Тамара Тодевска & Врчак „Седмо небо“
2007 Ристо Самарџиев & Ирена Крстевска „Се е исто како лани“
2008 Влатко Лозаноски „Времето да застане“
2009 Ристо Самарџиев & Дуле и Коки „За милион години“
2010 Ламбе Алабаковски „Не планирам“
2011 Зоран Илиев „Ангели и демони“
2012 Сара Маркоска „После него“
2013 Александра Јанева „Врати ми го сонцето“
2014 Биба Додева „Врати се“
2015 Бојана Атанасовска „Диви цветови“
2016 Александра Јанева „За сто години“
2017 Зоран Илиев & Анабела Атијас „Од утро до вечер“
2018 Антониа Гиговска „Никогаш не вели никогаш“
2019 Мартинијан Кириловски „Сто пати на ден“
2020 Нокаут „Сакам да живеам“
2021 Александар Тодоровски „Под исто небо“

Наводи

уреди
  1. Културно историски водич на град Штип / Cultural Historical Book - Guide. Штип: CIP - Каталогизација во публикација, Народна библиотека „Гоце Делчев“ - Штип. 2002. стр. 99.
  2. Кирил Панајотов, „Извршен е првиот избор на композиции за 32. Макфест“, Штипски Мозаик, март-април 2017, стр. 16.

Надворешни врски

уреди