Стадион Тумбе Кафе

Стадион Тумбе Кафе, познат и како Градски стадион Битола - повеќенаменски стадион сместен на ридот Тумбе Кафе во Битола, по кое и го носи името. Моментално се користи најчесто за фудбалски натпревари и е домашниот стадион на ФК Пелистер. Стадионот има сместивост за 6,100 гледачи.[1]

Стадион Тумбе Кафе
Стадион под Тумбе Кафе
Главната трибина на стадионот
Место Брдо Тумбе Кафе, Битола, Македонија
Отворен 1937
Проширен 1980 (јужна трибина)
2016-
Сопственик Општина Битола
Оператор ФК Пелистер
Подлога трева
Игра ФК Пелистер
Гледачи 6,100

Историја

уреди

Во април 2015 започнала реконструкцијата на стадионот, односно на фудбалскиот терен, како дел од проектот „Хет-трик 4“.[2][3]

Во декември 2016 година, започнала реконструкцијата на трибинскиот простор на северната трибина.[4] Градежните активности околу новата северна трибина продолжиле и во 2019 година.[5] Со тие градежни зафати, северната трибина требала да има 4,500 седишта, а и стадионот да добие рефлектори.[6]

Наводи

уреди
  1. „Stadion pod Tumbe Kafe“. stadiumdb.com. Архивирано од изворникот на 2019-09-23. Посетено на 23 септември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Започна реновирањето на „Тумбе Кафе“, Пелистер ќе биде домаќин во Прилеп Архивирано на 21 септември 2016 г. sport365.mk 15 април 2015
  3. Почна реновирањето на „Тумбе кафе“, Пелистер се сели во Прилеп Архивирано на 23 септември 2019 г. ekipa.mk 15 април 2015
  4. „Стартуваше изградбата на новата трибина на „Тумбе кафе": Пелистер на европската сцена ќе игра во Битола“. ekipa.mk. 6 декември 2016. Архивирано од изворникот на 2019-09-23. Посетено на 6 јануари 2017.
  5. „Интезивно се работи на северната трибина на Стадионот Под Тумбе Кафе“. apla.mk. 19 февруари 2019. Посетено на 23 септември 2019.
  6. „„Тумбе кафе" добива рефлектори, битолчани напролет ќе гледаат вечерни натпревари!“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-11. Посетено на 11 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)