Грб на Општина Битола
Грб на Општина Битола — грб на Општина Битола и самиот град Битола. Усвоен на 21 март 2006 г. на свечена седница на советот на општината. Тој ги симболизира богатата и длабока историја на Битола а црвено–златниот штит ја претставува современа Битола, подемот на нејзината урбана, духовна и материјална култура. Воедно со својата визуелна стуктура асоцира и на осончаните врвови на пелистерските молики и пелагониското златно класје. Со својот сферичен долен дел грбот асоцира на белиот амфитеатар во Хераклеја. На семантички и хералдички план значењето и симболиката на грбот дополнително се засилени со чистата колоритна структура. Сината боја ги симболизира граѓанското општество и демократијата. Црвената боја ги симболизира животот и традицијата. Жолтата боја ги симболизира духовното богатство и неговата моќ. Белата боја е метафора на моралната чистота и етиката.[1]
Грб на Општина Битола | |
---|---|
Варијанти | |
Општина Битола, СФРЈ (1944-2006) | |
Подробно | |
Усвоен | 21 март 2006 |
Претходни варијанти | На бела позадина, народна носија, саат-кулата со планината Баба во позадина, столб од Хераклеја, под кои е наоѓаат запци како симбол на индустријата и вода која тече која ја претставува реката Драгор, додека над сите е испишан датумот на ослобудување на Битола, над кој пак се наоѓа петтокрака ѕвезда како симбол на социјализмот |
Наводи
уреди- ↑ Новиот грб и знаме на Општина Битола Архивирано на 23 декември 2014 г. на мрежното место на Општината Битола (македонски)
Надворешни врски
уреди- Новото знаме и грб на Општина Битола[мртва врска] на мрежното место на Утрински Весник. (македонски)