Знаме на Општина Битола


Знамето на Општина Битола било усвоено на 21 март 2006 на свечена седница на Советот на Општина Битола.


Знаме на Општина Битола
}}
Употреба граѓанско знаме граѓанско знаме
Сразмер 1:2
Усвоено 21 март 2006
Опис Бело поле со грбот на општината во центарот.

Опис уреди

Тоа се состои од поле со бела боја, во чие средиште се наоѓа грбот на општината. Грбот на општината ги симболизира богатата и длабока историја на Битола а црвено–златниот штит ја претставува современа Битола, подемот на нејзината урбана, духовна и материјална култура. Воедно со својата визуелна стуктура асоцира и на осончаните врвови на пелистерските молики и пелагониското златно класје. Со својот сферичен долен дел грбот асоцира на белиот амфитеатар во Хераклеја. Белата боја е метафора на моралната чистота и етиката. [1]

Наводи уреди

  1. Новиот грб и знаме на Општина Битола Архивирано на 23 декември 2014 г. на мрежното место на Општината Битола (македонски)

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди