Питешт
Питешт (романски: Pitești) — град во централниот дел на Романија и административен центар на округот Арџеш, во историскиот регион на Мунтенија, на автопатот А1 кој го поврзува градот со престолнината Букурешт. Областа зафаќа површина од 40.7 км2. Питешт е важен трговски и индустриски центар, во кој се наоѓаат два универзитети.
Pitești | ||
---|---|---|
Location of Pitești | ||
Координати: 44°51′38″N 24°52′4″E / 44.86056° СГШ; 24.86778° ИГД | ||
Земја | Романија | |
Округ | Арџеш | |
Статус | Седиште на округ | |
Површина | ||
• Вкупна | 40,7 км2 (157 ми2) | |
Население (2011)[1] | ||
• Вкупно | 155.383 | |
• Густина | 380/км2 (990/ми2) | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Клима | Умерено-континентална | |
Мреж. место | primariapitesti.ro |
Според пописот на земјата од 2011 година, во градот живееле 155,383 лица, што го прави тринаесетти најнаселен град во Романија.
Историја
уредиНајраните траги од живот во реонот на Питешт се од палеолитот. Од тој период биле откриени дакијски монети од 3 век п.н.е. Во 3 век била изградена тврдина за заштита на Дакија.
Првите пишани податоци за Питешт се од 1386 година.
Географија
уредиПитешт се наоѓа на околу 120 километри западно од главниот град на земјата Букурешт. Градот се наоѓа во северниот дел на историската област Влашка, во западниот крај на нејзината подобласт Мунтенија. Поголемиот дел од градот се наоѓа на десниот западен брег на реката Арџеш.
Надморската височина на градот е околу 280 метри.
Клима
уредиКлиматски податоци за Питешт | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 4 (39) |
7 (45) |
12 (54) |
17 (63) |
23 (73) |
26 (79) |
29 (84) |
28 (82) |
23 (73) |
18 (64) |
10 (50) |
5 (41) |
16.8 (62.3) |
Прос. ниска °C (°F) | −4 (25) |
−3 (27) |
1 (34) |
6 (43) |
11 (52) |
14 (57) |
16 (61) |
16 (61) |
11 (52) |
7 (45) |
1 (34) |
−3 (27) |
6.1 (43.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 26.5 (1.043) |
13.3 (0.524) |
30.9 (1.217) |
40.1 (1.579) |
67.6 (2.661) |
65.1 (2.563) |
60.0 (2.362) |
66.0 (2.598) |
46.9 (1.846) |
38.8 (1.528) |
29.8 (1.173) |
29.3 (1.154) |
514.3 (20.248) |
Извор: [2] |
Население
уредиГодина | Нас. | ±% |
---|---|---|
1835 | 2.755 | — |
1859 | 7.229 | +162.4% |
1899 | 15.669 | +116.8% |
1930 | 19.532 | +24.7% |
1941 | 26.551 | +35.9% |
1948 | 29.007 | +9.3% |
1956 | 38.330 | +32.1% |
1966 | 60.113 | +56.8% |
1977 | 123.735 | +105.8% |
1992 | 179.337 | +44.9% |
2002 | 168.458 | −6.1% |
2011 | 155.383 | −7.8% |
Извор: [1][3][4] |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 (романски) Population as of 20 October 2011[мртва врска], INSSE; retrieved July 5, 2013
- ↑ Pitești Monthly Climate Average (2000-2012) at World Weather Online; retrieved July 21, 2015
- ↑ Ilie Bădălan, "Municipiul Pitești — centru industrial în plinǎ dezvoltare", in Revista de statistică, vol. 22/1973, p.53 (data for 1835-1941)
- ↑ (романски) "Population at the 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 and 2002 Censuses by Municipalities and Towns", INSSE; retrieved August 7, 2015 (data for 1948-2002)
Надворешни врски
уреди„Питешт“ на Ризницата ? |
- Pitești University
- Pitești prison at the Sighet Memorial Архивирано на 23 декември 2005 г.