Днепар (град)
Днепар или Днипро (украински: Дніпро; руски: Днепр) порано Екатеринослав (руски: Екатеринослав, украински: Катеринослав, до 2016 г. Днепропетровск) — четврт најголем град во Украина, со околу еден милион жители.[2][3][4][5] Се наоѓа југоисточно од главниот град на Украина Киев, на реката Днепар, во јужниот средишен дел на земјата. Днепар е административен центар на Днепропетровската област. Наречен е по реката Днепар, која тече низ него.
Днепар Дніпро | |||
---|---|---|---|
![]() Панорама на Днепар | |||
| |||
![]() Днепар на картата на Украина | |||
Координати: 48°27′0″N 34°59′0″E / 48.45000° СГШ; 34.98333° ИГДКоординати: 48°27′0″N 34°59′0″E / 48.45000° СГШ; 34.98333° ИГД | |||
Држава | ![]() | ||
Област | Днепропетровска област | ||
Реон | ![]() | ||
Основан | 1776 | ||
Реони | 8
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Иван Иванович Куличенко[1] | ||
Површина | |||
• Вкупна | 405 км2 (156 ми2) | ||
Надм. вис. | 155 м | ||
Население (2011)[2] | |||
• Вкупно | 1.001.612 | ||
• Густина | 2.486/км2 (6,440/ми2) | ||
Поштенски број | 49000 | ||
Повик. бр. | +380 56(2) | ||
Мреж. место | [1] |
Во рамките на поширокото градско подрачје, населението се движи од 1.004.000[6] до 1.360.000[7] луѓе.
Како главен индустриски центар на Украина, Днепар бил еден од клучните центри на атомската, воената и вселенската индустрија на поранешниот Советски Сојуз. Бил седиште на Јужмаш, главен проектант и производител за вселенската индустрија и балистички ракети. Поради неговата воена индустрија, Днепар бил затворен град[8] до 1990-тите години.
ИмињаУреди
Низ годините, Днепар го менувал своето име повеќепати:
- Екатеринослав 1776–1782, повторно 1783–1797
- Новоросијск 1797–1802
- Екатеринослав 1802–1917
- Сичеслав 1917–1918[9]
- Екатеринослав 1918–1926
- Днепропетровск 1926–2016
- Днепар 2016-денес
Исто така, бил означуван како Катеринослав и Катаринослав на карти во XIX век.[10]
ГеографијаУреди
Градот е изграден главно на бреговите на реката Днепар, во дел од главната меандра на реката каде го менува својот тек од север кон запад, а потоа продолжува кон југ и југозапад низ Украина, стигнувајќи во Херсон пред да се влие во Црното Море. Оваа положба обезбедува значајни можности за развој на земјоделството, главно благодарение на природното наводнување обезбедено од реката и плодната почва.
Областа во градот е главно без ридови и други височинки. Низинската област му го овозможила големиот развој на градот низ годините, особено во последните 200 години. Додека поголемиот дел од станбените, комерцијалните и индустриските окрузи на градот се долж јужниот брег на реката, некои области се изградени и на помалку гостопримливиот северен брег на реката.
Денес, обата брега се развиени и располагаат со голем број индустриски објекти. Аеродромот на градот се наоѓа 15 километри југоисточно од градот.
Центарот на градот е изграден на големо плато веднаш до Днепар, меѓутоа, стариот дел на градот е сместен на рид, кое е создадено како последица на промената на текот на реката кон југ. Булеварот Карл Маркс води до двете големи архитектонски знаменитости на градот и претставува важна сообраќајница низ центарот.
КлимаУреди
Летата во Днепар се многу топли (просечна дневна температура во јули е 24 до 28°C, понекогаш дури и пожешко од 32 до 36°C). Температури од 36° се забележуваат и во мај. Зимите не се толку студени (просечната дневна температура во јануари е од -4 до 0°C, но кога нема снег и кога ветровите се силни, се чувствува поголем студ. Мешавина на снег и дожд обично се појавува во декември.
Најдобро време за посетување на градот е кон крајот на пролетта - крај на април и мај и рано во есента: септември, октомври, кога дрвјата во градот стануваат жолти.
Климата е мешавина на умерена и континентална клима и понекогаш во зима кога е многу студено и паѓа снег (понекогаш температурите паѓаат од −10 до −15 °C), а во лета, градот е многу топол (понекогаш над +40°C), особено кон крајот на јули иа август.[11]
Климатски податоци за Днепар | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 12.3 (54.1) |
17.5 (63.5) |
24.1 (75.4) |
31.8 (89.2) |
36.1 (97) |
37.8 (100) |
39.8 (103.6) |
40.9 (105.6) |
36.5 (97.7) |
32.6 (90.7) |
20.6 (69.1) |
16.3 (61.3) |
40.9 (105.6) |
Прос. висока °C (°F) | −1.0 (30.2) |
0.0 (32) |
6.0 (42.8) |
15.2 (59.4) |
22.1 (71.8) |
25.6 (78.1) |
28.0 (82.4) |
27.4 (81.3) |
21.5 (70.7) |
13.8 (56.8) |
5.2 (41.4) |
0.2 (32.4) |
13.7 (56.7) |
Сред. дневна °C (°F) | −3.7 (25.3) |
−3.4 (25.9) |
1.8 (35.2) |
9.6 (49.3) |
16.1 (61) |
19.8 (67.6) |
22.1 (71.8) |
21.4 (70.5) |
15.5 (59.9) |
8.9 (48) |
2.0 (35.6) |
−2.3 (27.9) |
9.0 (48.2) |
Прос. ниска °C (°F) | −6.1 (21) |
−6.3 (20.7) |
−1.6 (29.1) |
4.9 (40.8) |
10.6 (51.1) |
14.6 (58.3) |
16.7 (62.1) |
15.8 (60.4) |
10.7 (51.3) |
5.0 (41) |
−0.5 (31.1) |
−4.7 (23.5) |
4.9 (40.8) |
Најниска забележана °C (°F) | −30.0 (−22) |
−27.8 (−18) |
−19.2 (−2.6) |
−8.2 (17.2) |
−2.4 (27.7) |
3.9 (39) |
5.9 (42.6) |
3.9 (39) |
−3.0 (26.6) |
−8.0 (17.6) |
−17.9 (−0.2) |
−27.8 (−18) |
−30.0 (−22) |
Прос. врнежи мм (ин) | 45 (1.77) |
43 (1.69) |
43 (1.69) |
38 (1.5) |
42 (1.65) |
60 (2.36) |
54 (2.13) |
43 (1.69) |
41 (1.61) |
37 (1.46) |
46 (1.81) |
47 (1.85) |
539 (21.22) |
Прос. бр. дождливи денови | 9 | 8 | 10 | 13 | 13 | 13 | 12 | 9 | 10 | 10 | 12 | 11 | 130 |
Прос. бр. снежни денови | 16 | 15 | 9 | 1 | 0.1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 6 | 15 | 63 |
Прос. релативна влажност (%) | 88 | 85 | 79 | 67 | 62 | 66 | 65 | 62 | 70 | 77 | 87 | 88 | 75 |
Извор: Pogoda.ru.net[12] |
НаводиУреди
- ↑ Личен блог на градоначалникот
- ↑ 2,0 2,1 Днепропетровска област, статистики (украински)
- ↑ gorod.dp.ua Днепропетровска област, статистики (украински)
- ↑ Ukrcensus.gov.ua — Град 8 март 2007
- ↑ Официјални статистики, 01.08.2012 (украински)
- ↑ Обединети нации Сектор за економски и социјални прашања, Движења на урбанизацијата во светот, (Обединети нации, 2010), Табела A.12. Податоци за 2007.
- ↑ Томас Бринкоф, Principal Agglomerations of the World, 12 март 2009.
- ↑ Под затворен град се подразбира дека ниеден странец не смее да влезе во градот без официјална дозвола.
- ↑ Украински национализам во 1990-ти: Малцинска вера од Ендру Вилсон, Cambridge University Press, 1996, ISBN 978-0-521-57457-0, page 89
- ↑ Англиска карта од 1820
- ↑ Поврзано: klimadiagramme.de — Клима во Днепропетровск
- ↑ „Pogoda.ru.net“ (руски). мај 2011. конс. 4 октомври 2012.
Надворешни врскиУреди
„Днепар (град)“ на Ризницата ? |
- (руски) „Вести за Днепар. Карта на градот.“.
- (англиски) „Добре дојдовте во Днепар!“.
- Страница за градби во Днепар
- (руски) „Портал за градот“.
- Слики од Днепар