Руска уставна криза (1992-1993)
Руската уставна криза од 1992-1993 година е граѓански конфликт во Руската Федерација.
Руска уставна криза | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Претседател на Русија ФСБ Министерство за одбрана Министерство за внатрешни работи | Врховен совет на Русија Конгрес на руските пратеници Вицепретседател на Русија* [1] |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Александар Корзаков Павел Грачев Виктор Јерин Анатолиј Куликов | Руслан Хасбулатов Алберт Макаснов Александар Баркашов |
Кризата била предизвикана од спротивставувањето на две политички сили: од една страна - Претседателот на Руската Федерација - Борис Елцин и контролираната од него извршна власт, а од друга страна - раководството и поголемиот дел од пратениците во Врховниот совет и Собранието на народните пратеници, на чело со Руслан Хасбулатов и потпретседателот на Русија - Александар Руцкој.
Уставната криза во земјата станала како последица на промените во уставниот уред, новиот Устав и социо-економскиот развој на Руската федерација. Претседателот барал брзо усвојување на новиот Устав, зајакнување на претседателската власт и либерализација на економските реформи. Од друга страна Врховниот совет и Собранието на народните пратеници барале задржување на целата власт на парламентот и биле силно против новите реформи односно шок-терапијата. Поддржувачите на Врховниот совет се надевале на сегашниот Устав, според кој (страна 104) највисок орган на државната власт на Руската Федерација е парламентот.
Односите помеѓу претседателот и парламентот се влошиле во толку голема мера што Елцин на 21 септември го распуштил законодавството во земјата, и покрај тоа што тој немал овластување за истото во тоа време. Елцин ги икористил резултатите од референдумот од април 1993 година за да ги оправда своите постапки. Во одговор на тоа, парламентот изјавил дека одлуката на претседателот беша поништена и неважечка, а заменик-претседателот Александар Руцкој бил прогласен за вршител на должноста претседател.
Кулминација на кризата станала кога настапило големи крвопролевања пред зградата на московскиот градоначалник, пред телекомуникациската кула и при нападот на Белиот дом, каде на 3 октомври 1993 година, според владини проценки загинале 187 лица а 437 биле повредени. Според извори блиски до комунистите, бројот на жртвите бил околу 2.000 луѓе.
Наводи
уреди- ↑ Supporters of Alexander Rutskoy, the Supreme Soviet and the Congress of People's Deputies frequently used those flags. The Russian tricolor itself only remained hoisted at the White House building (see video documentary).