Референдум во Македонија (1991)

Македонски референдумот за независностреферендум одржан на 8 септември 1991 година, кој резултира со прогласување на независност на Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија.[1]

Референдум за независност на Македонија
8 септември 1991 (1991-09-08)

Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?
Исход
Исход
Гласови %
За 1.079.308 &1000000000000964600000096,46%
Против 39.639 &100000000000003540000003,54%
Важечки гласови 1.118.947 &1000000000000987600000098,76%
Неважечки или празни гласови 14.034 &100000000000001240000001,24%
Вкупно гласови 1.132.981 100.00%
Гласачко тело/излезност 1.495.807 &1000000000000757400000075,74%
Прашањето на референдумот гласело:
1. Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверените држави на Југославија?
ЗА ---- ПРОТИВ

Предвечерие на Референдумот за независност

уреди
 
Покана за учество на референдумот

Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до вооружен конфликт меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.

Истиот ден заедно со Словенија, врз основа на одлука на Саборот независност прогласи и Хрватска. На 6 мај избија нереди, а потоа дојде и до престрелки во и околу поморската база "Лора" во Сплит. Прва жртва на немирите беше војникот Сашо Гешковски од Кавадарци, кој извршувал стражарска служба.

Сплитските настани беа почеток на зачестените инциденти и оружени пресметки меѓу силите на Југословенската народна армија и Хрватската национална гарда кои потоа добиваа сè повеќе на интензитет, се проширија и пераснаа во отворен оружен конфликт.

 
Плакат за референдумот

Се создаваше хаотична состојба и во БиХ со прогласувањето на Источна Херцеговина, областа Романија и Босанската Краина за Српски автономни области кои се ставија под директна јурисдикција на сојузната власт, односно на раководството во Србија.

Со цел мирно решавање на кризата, на 27 август Европската Заедница донесе Декларацијата за Југославија. Беа потпишани и два документа - Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе следат и Меморандум за проширување на набљудувачките активности на ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата.

Потпис на Декларацијата ставија тогашниот претседател на претседателството на СФРЈ Стипе Месиќ, од име на Сојузниот извршен совет Анте Марковиќ, како и претседателите на сите шест републики. Од името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша Ханс Ван ден Брук, претседател на Министерскиот совет и шеф на дипломатијата на Холандија, која тогаш претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на изјаснување на народите за сопствениот суверенитет, негирање на употребата насила како политика на свршен чин, а во спротивно се предвидуваа ригорозни санкции.

ЕЗ како последен обид да ја спречи граѓанската војна која се наѕираше од развојот на југословенската криза, на 7 септември во Хаг организира Мировна конференција за Југославија.

 
Насловната страница на весникот Нова Македонија посветена на Референдумот за независна Македонија

Согледувајќи ја состојбата во Југославија првото повеќепартиско македонско собрание ја усвои Декларацијата за независност на 25 јануари 1991 година. По што следуваше и одлуката за распишување на референдум на 8 септември 1991. По долги и мачни преговори во Македонскиот парламент, парламентарците донесоа одлука на референдумот да се постави прашањето:

Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?

Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Референдумски резултати

уреди
 
Резултати од референдумот

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.807 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85%, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,26% (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас).[2]

Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатираше масовноста на граѓаните со право на глас во Република Македонија кои се изјасниле "за" самостојна и суверена Македонија.

На 8 септември, на плоштадот Јосип Броз Тито, денес именуван како Македонија, Претседателот на Референдумската комисија ги соопшти првите резултати, според кои Македонија изгласа да стане независна и суверена држава. По овој повод тогашниот Претседател - Киро Глигоров ги поздрави насобраните со следниве зборови: „Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.“

Во меѓувреме и информираше и Радио Скопје: „Македонија денеска за нашето утре гласаше вака: Берово до 19 часот 95,47 насто, Битола до 17 часот 70 насто, Валандово до 15 часот 70 насто, Виница до 19 часот 93,26 насто, Гевгелија до 19 часот 87 насто, Гостивар до 19 часот 30,3 насто, Дебар до 14 часот 30 насто, Делчево до 19 часот 93,30 насто, Демир Хисар до 19 часот, 90 насто, Кичево до 17 часот 28 насто.“

Политички импликации

уреди

Масовен беше одзивот и на Македонците во дијаспората, во САД, Канада и во Австралија каде што гласањето беше извршено предвреме, а на повеќе места е констатирано дека сите гласачи се изјасниле позитивно.

Во деновите пред Референдумот беа упатени повици до сите политички водачи и до граѓаните да одат да го дадат својот глас. Повикот беше прифатен од сите, освен од партиите на албанската националност кои повикаа на бојкот, тврдејќи дека Албанците се обесправен народ. Поради тоа, граѓаните од албанска националност го бојкотираа овој референдум.

Наводи

уреди
  1. Snežana Trifunovska, Yugoslavia through documents: from its creation to its dissolution. Martinus Nijhoff Publishers, 1994.
  2. „Републичка изборна комисија „Извештај за спроведувањето и резултатот од претходното изјаснување на граѓаните на Република Македонија на референдумот одржан на 8 септември 1991 година", 2 стр“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-11-18. Посетено на 2019-01-14.

Надворешни врски

уреди