ОУ „Димитар Македонски“ - Аеродром

основно училиште во населба Лисиче, Општина Аеродром

Основно училиште „Димитар Македонски“ (официјално: Основно општинско училиште „Димитар Македонски“ - Аеродром; скратено: ООУ „Димитар Македонски“) — централно основно училиште во скопската населба Лисиче, Општина Аеродром.[1]

Димитар Македонски

Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Аеродром
Наречено по: Димитар Македонски
Сава Ковачевиќ (порано)
Нас. место: Лисиче
Адреса: ул. „Ѓуро Малешевац“, бр. 2
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1964; пред 60 години (1964)
Директор: Марина Спасовска
Број на ученици: 565 (2023/24)
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oudimitarmakedonski.edu.mk
Е-пошта dimitar_makedonski@yahoo.com
Телефон 02/2440-011
Факс 02/2440-011

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски преродбеник, просветен деец и учебникар Димитар Македонски.

Историја

Училиштето е основано во 1964 година со Решение бр. 279 на Собранието на Општина Кисела Вода, по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Првичниот назив на училиштето било ОУ „Сава Ковачевиќ“ според југословенскиот партизан и народен херој Сава Ковачевиќ. Училишната зграда во јуни 1964 година била во изградба[2] и била завршена истата година, како донација од Република Франција.

Наводи

  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-11-22.
  2. „Конкурси“ (PDF). Службен весник на Социјалистичка Република Македонија. 1 јуни 1964. стр. 386. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-11-10. Посетено на 11 ноември 2023.