Општина Сопиште

општина во Македонија
(Пренасочено од Општината Сопиште)

Општина Сопиштерурална општина во Македонија во Скопскиот Регион. Седиште на општината е селото Сопиште.

Општина Сопиште
Општина
Знаме на Општина СопиштеГрб на Општина Сопиште
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСкопски
Година кога е основана со закон1945 (како месен народен одбор), 1996
СедиштеСопиште
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникСтефче Трпковски
Површина
 • Вкупна25,47 км2 (9,83 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно6.713
 • Густина260/км2 (680/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоopstinasopiste.gov.mk

Општината била првпат основана во 1996 година, откако дел од скопската општина Кисела Вода се отцепил. Во 2004 година, мал дел од Сопиште повторно преминал во територијата на Кисела Вода.

Сопиште зафаќа површина од 222,1 км2. Се граничи со општините Македонски Брод, Студеничани, Желино и со општина Град Скопје. Поделена на 13 населени места, кои сите се села. Релјефот кој влегува во територијата на општината е претежно планински, и ридски. Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно. Географски, територијата на општината е карактеризирана претежно со шуми, ливади, полиња, пасишта, карпи и мал број на пештери.[2]

Во Сопиште живеат околу 6 илјади жители, а густината на населението зафаќа околу 25 жители/1 км2. Мнозинството од населението се Македонци и Албанци, кои зафаќаат околу 90% од населението. Останатиот дел се Турци, Срби и Власи. Службените јазици на општината се македонскиот и албанскиот.[3]

Градоначалник на општината е Стефче Трпковски[4], од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој стапил на должноста по локалните избори од 2013 година.[5] Општинскиот совет е составен од 11 члена.[6]

Голем број на населени места во општината, како што е селото Долно Соње, постоеле од XIX век, во времето на Отоманската Империја.[7] Во селото Говрлево се наоѓаат и археолошки наоѓалишта.[8]

Карта на Општина Сопиште со селските атари.
Демографска карта на Општина Сопиште со селските атари.

Географија

уреди
 
Поглед кон областа Каршијак која претежно се поклопува со општината

Општина Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно, на координати 42` и 20`. Прекрасен амбиент се граничи со општините Кисела Вода, Центар, Студеничани и Сарај. Патно е поврзана со пат кој доаѓа од Скопје преку Кисела Вода и продолжува кон Батинци и Македонски Брод.

Демографија

уреди

На пописот од 2002 година, Општина Сопиште има 5.656 жители (1.510 домаќинства, 3.398 станови), кои живеат во 13 населени места од збиен тип, со отсуство на класичен урбан центар.[9]

Во општината постојат следните населени места: Сопиште (1.365 жители), Ракотинци (394), Добри Дол (431), Долно Соње (707), Горно Соње (240), Барово (24), Говрлево (31), Чифлик (664), Света Петка (718), Јаболци (44), Нова Брезница (89), Држилово (365) и Патишка Река (584).[9]

Во минатото поради депопулационата политика кон селата имало големо движење од селата кон градот. Денес евидентно е враќањето на населението во селата делумно предизвикано од ослабената економска состојба, но и од наметнатиот нов тренд на живеење значајна е и миграцијата град-село кое население останува како постојано жителство во рамките на нашата општина со што се создаваат населби од урбан карактер.[9]

Бројот на населението во општина Сопиште е релативно стабилен, со тенденција на бавен природен прираст. за разлика од високиот природен прираст од минатото, којшто денес е во процес на опаѓање и стационарно експанзивната старосна структура се должи на две одлики на населението на општината.[9]

- висок природен прираст во четири населби од муслиманска вероисповед.
- демографската стабилност на населението во некои од населбите во приградската зона на Скопје каде степенот на регресија на населението е правопропорционално со оддалеченоста од Скопската агломерација и отсуството на функционално-привлечни фактори.

Статистика

уреди

Вкупно население на општината по поделбата од 2004 година изнесувало 5.656, од кои:

Народ Број Удел
Македонци 3.404 60,18%
Албанци 1.942 34,33%
Турци 243 4,30%
Срби 32 0,57%
Власи 4 0,07%
останати 31 0,55%

Сепак, според Законот за Град Скопје[10], каде се утврдени границите на скопските општини, дел од селото Сопиште потпаднало под Општина Кисела Вода и населението на селото се намалило од 5.325[11] на 1365[9]. Тоа влијаело врз вкупното население на Општина Сопиште, и така од вкупното првично општинско население од 9.522 жители, паднало на 5.656 жители.

Народ Врој Удел
Македонци 7.216 75,7%
Албанци 1.942 20,3%
Турци 244 2,5%
Срби 58 0,60%
Власи 15 0,15%
останати 47 0,49%
Вероисповед Вкупно
православни 6.829
муслимани 2.310
католици 6
протестанти 2
останати 375
Јазик Вкупно
македонски 7.478
албански 1.944
турски 6
ромски 0
влашки 10
српски 49
бошњачки 0
останати 35

Општествени установи

уреди

Општината е неразвиена, како општествени институции се застапени:

  • Општинска зграда
  • Пошта
  • Амбуланти
  • Полициска станица
  • Основно училиште

Историја

уреди

Општина Сопиште е создадена во 1996 година, откако дел од општината Кисела Вода се отцепил, создавајќи нова општина - Сопиште. Во 2004 година, мал дел од општината бил припоен повторно кон Општина Кисела Вода.

Стопанство

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Градоначалник на општина Сопиште е Стефче Трпковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за втор мандат од четири години.[12] Советот на општина Сопиште е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  ВМРО-ДПМНЕ: 6 места
  СДСМ: 3 места
  АА: 1 местo
  ДПА: 1 место

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. miokon. „Географска Положба и Одлики | ОПШТИНА СОПИШТЕ“. Посетено на 2020-09-26.
  3. miokon. „Демографија | ОПШТИНА СОПИШТЕ“. Посетено на 2020-09-26.
  4. „Градоначалник на Општина Сопиште | ОПШТИНА СОПИШТЕ“. Посетено на 2020-09-26.
  5. „Локални избори во Македонија (2013)“. Википедија. 2020-05-30.
  6. „Совет на Општина Сопиште | ОПШТИНА СОПИШТЕ“. Посетено на 2020-09-26.
  7. „Долно Соње“. Википедија. 2020-07-17.
  8. miokon. „Култура | ОПШТИНА СОПИШТЕ“. Посетено на 2020-09-26.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Општина Сопиште: население
  10. Службен весник 55/2004
  11. Попис на населението, 2002
  12. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди