Рид

релјефен облик што се издига над околниот терен

Рид или брдо[1]земјиштен облик што се издава над околниот терен и има свој врв, иако тој може да биде благ и неизразен.

Панорамски поглед на големиот рид Гроот кај Велес
Поглед на Зајчев Рид кај Скопје
Чоколадните Ридови во покраината Бохол на Филипините

Образба и терминологија

уреди

Разликата помеѓу рид и планина не е секогаш јасна и честопати е субјективна. Начелно се смета дека ридот е понизок и поблаг, а планината е пострмна.

 
Ридови во Јудејската Пустина

Ридовите се образуваат со геоморфни појави како раседи, ерозија на поголеми земјишни облици и со седимент донесен од ледници. Во случај да е седиментен, ридот настанува поради појавата на морени и друмлини или пак со ерозија на карпите, кои со абење стануваат ридови. Заобленоста кај ридовите се јавува поради дифузивното надолно движење на почвата и реголитниот материјал.

Постојат повеќе називи за разни водови на природни и вештачки ридови, зависно од нивниот изглед и начин на образба. Такви се хумката, тумбата, чуката, тумулот, друмлинот и др. Најголем вештачки рид на светот е Блекстрепскиот Скијачки Рид (Blackstrap Ski Hill, 45 м) во околината на Саскатун во покраината Саскачеван, Канада, направен за скијање.[2]

Историско значење

уреди

Ридовите играат значајна улога во историјата на човештвото. Многу населби и градови во праисторијата стариот век се изградени токму на ридови заради безбедност од природни непогоди и непријателски напади. Познато наоѓалиште во Македонија е Вардарски Рид, но во земјата постојат голем број други археолошки подрачја на ридови. Историјата на Рим започнува со неговиот развој на седум рида. Од слични причини, ридовите имале клучно значење во војувањето, како во минатото, така и денес. Доказ за ова се бројните тврдини изградени на ридовите.

Ридот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. брдоДигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Покраински парк Блекстреп“. Влада на Саскачеван. Архивирано од изворникот на 2010-06-10. Посетено на 19 февруари 2011. (англиски)
  3. „Андре Бретон (био-библиографски летопис)“, во: Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 101.
  4. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 190-194.
  5. Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 156.
  6. „Хронологија“, во: Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 160.
  7. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 111-139.
  8. Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.
  9. Jugana Stojanović, „Čezare Paveze“, во: Čezare Paveze, Među usamljenim ženama. Beograd: Rad, 1964, стр. 121.
  10. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 130.
  11. Bauhaus, Mask, Beggars Banquet BBL 29CD.
  12. U2, The Joshua Tree, Cai 9218, Jugoton.
  13. DISCOGS, The Clash ‎– Sandinista! (пристапено на 10.6.2020)
  14. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 22.
  15. Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 22.

Надворешни врски

уреди