Општина Аеродром

општина во Град Скопје
(Пренасочено од Општината Аеродром)

Општина Аеродромопштина во рамки на Град Скопје. Таа била создадена со одделување од Општина Кисела Вода, според новата територијална организација предвидена со законот од 2004 година.

Општина Аеродром
Општина
Поглед кон кулите во Аеродром
Поглед кон кулите во Аеродром
Знаме на Општина АеродромГрб на Општина Аеродром
ДржаваМакедонија
РегионСкопски
Посебна единицаГрад Скопје
Основање2004 година (со Закон)
12 април 2005 година (прво заседавање на општинскиот совет)
СедиштеЈане Сандански
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникДејан Митески
Површина
 • Вкупна21,85 км2 (8,44 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно77.735
 • Густина3,600/км2 (9,200/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоaerodrom.gov.mk

Име на општината

уреди

Името на Општината е добиено по населбата Аеродром (населба која пак го носи името според старата местоположба на скопскиот аеродром). Но иако името на општината е Аеродром, населбата Аеродром никогаш не била седиште на општината, туку првичното седиште било во населбата Мичурин, а потоа во населбата Јане Сандански.

Историја

уреди

Пред да биде создадена Општина Аеродром, нејзината територија припаѓала на Општина Кисела Вода. Според Законот за територијална поделба од 2004 година, била создадена Општина Аеродром, како составна општина на Град Скопје.[2] На 12 април 2005 година, за првпат била одржана седница на Советот на општината.[3]

Во март 2015 година, општински власти го промениле своето седиште и се преселиле од населбата Мичурин и се сместиле во населбата Јане Сандански, под кирија во зградата на „Скопски пазар“.[4]

Географија

уреди
 
Карта на општина Аеродром со катастарските општини (на сликата КО Горно Лисиче и КО Горно Лисиче-вонград, и КО Долно Лисиче и КО Долно Лисиче-вонград се споени. Исто така на сликата вели дека населеното место Горно Лисиче се наоѓа во КО Горно Лисиче, што не е точно бидејќи поголемиот дел на Горно Лисиче е во КО Кисела Вода 2).
 
Средорекот поделен меѓу Општина Аеродром (КО Горно Лисиче вонград; горе лево) и Општина Гази Баба (КО Трубарево; доле десно).

Граници на општината се следните: од мостот на железничката пруга на реката Вардар, кој е тромеѓа на Општина Аеродром, Центар и Гази Баба и се движи долж Транспортен центар „Скопје”, железничката пруга во правец кон Велес (пругата Скопје-Велес е граница со Општина Кисела Вода), продолжува по надворешната граница на катастарска општина Долно Лисиче до реката Вардар и свртува спротивно до мостот на железничката пруга на реката Вардар. Границата помеѓу општините Аеродром и Гази Баба не е целосно поставена на реката Вардар, односно границата го следи поранешниот водотек на Вардар. Тоа значи дека овие две општини имаат своја територија од двете страни на реката. Прекуречните територии се после завршувањето на кејот на Вардар, односно после мостот што го поврзува Трубарево и Дивтар Маало/Маџари со Горно Лисиче, и завршуваат во атарот на Долно Лисиче. Вакви прекуречни територии ги има девет, од кои седум територии (кои се на левата страна на Вардар) се на Општина Аеродром, а две територии (кои се на десната страна на Вардар) се на Општина Гази Баба. Овие две општини, во истиот речен појас, делат еден речен остров.[5][6] Територијата на општината е 20 км2, од кои урбан дел е 10,4 км2 или 60%, а рурално земјиште 9,6 км2 или 40%.

Иако Општина Аеродром е составен дел од административната единица Град Скопје, не сите населени места во општината припаѓаат во Скопје како населено место. Исклучок е Долно Лисиче поради својот рурален статус.

Општина Аеродром се состои од четири катастарски општини:

  • КО Кисела Вода 2 - во неа припаѓаат населбите Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Оваа катастарска општина опфаќа територија и во Општина Кисела Вода.
  • КО Горно Лисиче - во неа припаѓаат неколку куќи источно од пругата која води кон Трубарево, како и црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“. Оваа катастарска општина опфаќа територија и во Општина Кисела Вода.
  • КО Горно Лисиче-вонград - источно од Горно Лисиче. Тоа е атарот на Горно Лисиче. Оваа катастарска општина опфаќа територија и во Општина Кисела Вода.
  • КО Долно Лисиче - во неа припаѓа самото населено место Долно Лисиче.
  • КО Долно Лисиче-вонград - тоа е атарот на Долно Лисиче.
 
Населбите во Општина Аеродром.

Стопанство

уреди

Број на фирми:

  • 6.788 регистрирани деловни субјекти со пријавени работници (податокот е од Агенција за вработување).

Демографија

уреди

Вкупен број на население: 77.735 жители.[7]

Пол:

  • женски: 40.582[7]
  • машки: 37,153[7]

Народност:

Образование (за лица над 15 години):

(невработени 13.000; 10% ВСС); домаќинства 21.495; станови (живеалишта) 23.754[се бара извор]

Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Аеродром во 2011 се зголемил за 9,9 % во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Аеродром е прва општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[8]

Според пописот од 2021 г.[9] општината брои 81.338 жители, и со тоа е една од поголемите општини по населеност во земјата.

Народност Број Удел (%)
Македонци 69.278 85,17
Албанци 1.010 1,24
Турци 519 0,64
Роми 495 0,61
Власи 673 0,83
Срби 2.236 2,75
Бошњаци 452 0.56
Други неспомнати 1.305 1,60
Не се изјасниле 68 0,08
Непознато 54 0,07
Лица за кои податоците се преземени

од административни извори

5.248 6.45

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Во 2017 година, општината имала вкупно 976 вработени, од кои 109 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[10] Тековен градоначалник на Општина Аеродром е Дејан Митески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Советот на Општина Аеродром е составен од 27 члена.

Според локалните избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021, биле:

 
  СДСМ: 15 места
  ВМРО-ДПМНЕ: 12 места

Досегашни градоначалници

уреди

Досегашни градоначалници на Општина Аеродром биле:[11]

Месни и урбани заедници

уреди
 
Графички дел од деталниот урбанистички план за Урбана Зона А од населбата Ново Лисиче во општина Аеродром. Со различните бои се претставени различните зони, и во табелата од десната страна се наведени сите елементи од планот.

Општина Аеродром се состои од десет урбани и една месна заедница:[14]

  • УЗ Бисер - северниот дел на населбата Аеродром.
  • УЗ Стар Аеродром - јужниот дел на населба Аеродром.
  • УЗ Горно Лисиче - Запад
  • УЗ Горно Лисиче - Југ
  • УЗ Горно Лисиче - Север
  • УЗ Јане Сандански
  • УЗ Мичурин
  • УЗ Населба Лисиче
  • УЗ Ново Лисиче
  • УЗ Острово
  • МЗ Долно Лисиче

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Познатата „Детска улица“ во Ново Лисиче.
 
Црквата Св. Илија во Аеродром
 
Црквата Св. Илија во Аеродром

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Галерија

уреди

Белешки

уреди
  1. Лица за кои податоците се преземени од административни извори (Голем дел од нив се по народност Македонци, но одлучиле да го бојкотираат пописот)

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 6. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 4 јули 2024.
  3. „Општина Аеродром, Портрет“. Државен завод за статистика на Македонија. 2005. Архивирано од изворникот на 2017-04-07. Посетено на 23 мај 2013.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Општина Аеродром се сели во зградата на „Скопски пазар". netpress.com.mk. 27 март 2015. стр. 6. Архивирано од изворникот 30 март 2015. Посетено на 4 јули 2024.
  5. „Графички регистар на улици и куќни броеви“. Катастар на Македонија. Архивирано од изворникот на 2022-06-26. Посетено на 28 јули 2024.
  6. „OSSP (пребарување по имотен лист/парцела)“. Катастар на Македонија. Посетено на 28 јули 2024.
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 „Попис 2021“ (PDF).
  8. „Во основните училишта за 10 години дури 46.500 ученици помалку“. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2013-02-08.
  9. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  10. „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
  11. „Општина Аеродром, Досегашни градоначалници“
  12. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
  13. „Дејан Митески е заменик-градоначалник на Општина Аеродром“. Општина Аеродром. 28 јуни 2024. Архивирано од изворникот на 4 јули 2024. Посетено на 4 јули 2024.
  14. „Урбани заедници“. Општина Аеродром. Архивирано од изворникот на 3 јуни 2024. Посетено на 4 јули 2024.

Надворешни врски

уреди