Нивици

село во Преспанско, Егејска Македонија

Нивици (грчки: Ψαράδες, Псарадес; до 1927 г. Νίβιτσα, Нивица или Νίβιστα, Нивиста[2]) — село во Преспа, Егејска Македонија, денес дел од општината Преспа во Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 73 жители (2021), сите Македонци.[3]

Нивици
Ψαράδες
Поглед на Нивици
Поглед на Нивици
Нивици is located in Грција
Нивици
Нивици
Местоположба во областа
Нивици во рамките на Преспа (општина)
Нивици
Местоположба на Нивици во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°49.75′N 21°01.52′E / 40.82917° СГШ; 21.02533° ИГД / 40.82917; 21.02533
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&10000000000000860000000860 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно73
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во најјужниот дел на големото Преспанско Езеро, на подножјето од продолжетокот на Галичица, наречен Сува Гора, на надморска височина од 860 м.[3] Во близина е тромеѓата на денешна Грција со Р Македонија и Албанија. Нивици е сместено на полуостров, кој самиот има долг тесен залив, крај кој лежи селото. Атарот зафаќа 16 км2.[3]

Топонимија

уреди

Ова е список на позначајните топоними во Нивици и неговата околина:[4]

Баба, Бочка, В’мбелски Бунар, В’мбелски Јамбол, Волчеа Дупка, Вртељката, Големиот Рид, Горна Мијојца, Голината, Глабока Падина, Дева, Дрениче, Даруља, Зелениката, Изгорен Чкор, Икона, Јамбел, Јонча, Купаска Падина, Лозата, Лозјата, Лоишта, Мијојца, Мирчевски Трла, Мост, Накол, Нивици, Окница, Осоо, Полената, Под Присоо, Подложник, Рот, Рамнина, Сува Чла, Св. Спас, Св. Никола, Св. Атанас, Стог, Средни Рид, Стрната, Тутуновски Падиње, Филакијата, Црвенски Рид, Черешните.

Историја

уреди
 
Пештерната црква „Св. Преображение“ кај Нивици

Селото првпат се спомнува во XV век.[5]

Селската врква „Успение на Пресвета Богородица“ датира од крајот на XIX век и има статус на заштитено културно добро.[6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нивици (Nivitzi) било село во Ресенската каза со 30 домаќинства и 92 жители Македонци.[7][8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Нивица било село во Битолската каза со 200 жители, сите Македонци христијани.[7][9] По Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Нивици (Nivitsi) имало 528 Македонци.[7][11] Црквата „Пресвета Богородица“ е изградена во 1893 г.[12]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нивици се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[13]

Според Георги Трајчев, во 1911/12 г. во Нивици имало 72 куќи со вкупно 696 жители, црква со два свештеника и училиште со еден учител.[14]

 
Пештерната црква „Пресвета Богородица Елеуса“ од 1373 г.
 
Куќи во Нивици

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Нивици е припоено кон грчката држава, кога имало 674 жители. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ вели дека во селото имало 93 македонски куќи.[3] Во 1927 г. грчките власти го преименувале во Псарадес.[15] Во 1928 г. во државниот попис се заведени 585 жители.[3]

Селото настрадало во Граѓанската војна кога дел од жителите се преселиле во Р Македонија, но селото сепак не се растурило.[3] На 25 и 26 март 1949 г. во Нивици е одржан Вториот конгрес на НОФ. Сепак, намалувањето на населението продолжило и понатаму, особено поради големото иселување во прекуокеанските земји и поголемите градски центри.[3]

Во истражувањето спроведено во 1993 г. е утврдено дека селото е чисто „славофонско“ и дека македонскиот јазик во него е зачуван на средно ниво.[16]

На 17 јуни 2018 година во селото бил потпишан контроверзниот Преспански договор (наречен и „Договор од Нивици“) од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и Грција, Никос Коѕијас за решавање на спорот околу името „Македонија“ помеѓу двете земји.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 770 433 430 247 167 144 158 83 73
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Родови

уреди

Македонски родови од селото, сега и во минатото:

Ајдиновци, Аспровци, Бегутому, Бачетому, Балиловци, Видиновци, Вељановци, Видинчевци, Гинчевци, Димановци, Јанковци, Капедановци, Коруновци, Кузмановци, Ликотому, Мирчевци, Наставчетому, Николовци, Панчетому, Пришетому, Поповци, Петковци, Русковци, Ристановци, Секуловци, Штерјовци, Трпејчини, Тутуновци, Транои, Талетому, Треневци и Шалчетому.[17]

Родови на други места со потекло од Нивици

уреди

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од 1949 г.[18] и Владо Јовановски од 1990-тите, ова се подалечните или поблиски потомци на родови од Нивици кои живеат во разни населени места. Бројот на куќи (означен со „к.“) се однесува на состојбата кон крајот на 1940-тите забележана од Русиќ.

Во Р Македонија
  • Асамати: се смета дека неговите (македонски) жители водат многу дамнешно потекло од Нивици
  • Брајчино: Џајковци (6 к.) и Шуковци (8 к.), кои порано биле еден род
  • Долна Бела Црква: Дамовци (1 к.) доселени во 1829 г.
  • Долно Дупени: Гинчевци, Секуловци и Трајковци, Нивичани (4 к.) доселени во 1918 г.
  • Подмочани, Ресенско: Ристевци (1 к.) Милевци и Доневци (1 к.), Мишовци-Калунџиовци (о. 1815), Попчевци, Пашариковци и Поповци, доселени о. 1920 г., Фотевци, доселени од Нивици преку Медово о. 1850 г.
  • Крани: Нивичановци (4 к.)
  • Лескоец, Ресенско: Ничовци и Илиовци (7 к.) кон крајот на XVIII век
  • Љубојно: Нивичани (4 к), Панчевци, Јанкуловци (2 к.)
  • Покрвеник: Латовци (2 к.)
  • Рајца, Ресенско: Димовци (1 к.), Стојановци (1 к.) доселени во 1904 г.
  • Стење: Кондовци (5 к.)
Во Егејска Македонија
  • Ахил: Глигоровци, Грујановци или Петковци доселени 1858 г.
  • Медово: Поповци
  • П’пли: Арнаутовци, Бегои, Дамовци, Кочовци, Марковци, Миовци, Наумовци, Петре Баљуко, Стерјовци, Стефовци, Танас Шено, Трпчевци, Тутуновци — денес раселени во Р Македонија и во странство

Цркви

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нивици, во кој спаѓа и селото Винени.

Стопанство

уреди

Главно занимање на мештаните е риболовот. Се ловат големи количества риба (Симовски споменува 500 тони)[3] и постои рибарска задруга.

Личности

уреди
  • Алексо Мирчев (1912 – 1949) — комунистички деец[19]
  • Ѓорѓи Попов (Παπαγεώργιος Παπαδόπουλος, ? - јуни 1907) — свештеник на грчката црква, убиен од Македонци во јуни 1907 г.
  • Крстин (? – 30 јули 1903), деец на ВМОРО, четник на Никола Кокарев и Дине Нивички
  • Наќе Илов — деец на ВМОРО, четник на Дине Нивишки

Поврзано

уреди
  • Нивица — слично наречено село кај Луково во приморјето на Албанија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νίβιτσα - Ψαράδες
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 165–166.
  4. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 402. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  5. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  6. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/3733/80/20-2-1987 - ΦΕΚ 281/Β/9-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2015-02-02. Посетено на 2 февруари 2015.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  10. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  12. Македонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр. 42.
  13. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  14. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 212.
  15. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  17. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  18. Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ
  19. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2012-03-21. Посетено на 2022-04-11.