Р’мби

село во Преспанско, Егејска Македонија

Р‘мби (или без дијалектна носовка: Р’би или Роби; грчки: Λαιμός, Лемос; до 1926 Ράμπη, Рамби[2]) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 171 жител (2021). Македонците се сочинуваат многу големо мнозинство од населението.

Р’мби
Λαιμός
Црквата „Св. Петка“ од 1896 г.
Црквата „Св. Петка“ од 1896 г.
Р’мби is located in Грција
Р’мби
Р’мби
Местоположба во областа
Р’мби во рамките на Преспа (општина)
Р’мби
Местоположба на Р’мби во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°50.11′N 21°8.26′E / 40.83517° СГШ; 21.13767° ИГД / 40.83517; 21.13767
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&100000000000011700000001.170 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно171
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.530 77
Повик. бр.23850–51

Географија

уреди

Селото е сместено во областа Голема Преспа, западно од с. Герман, недалеку од границата со Р Македонија. Лежи околу 3 км источно од Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Бела Вода.[3] Низ селото минува Стара Река, која извира од Пелистер и по 10 км се влева во Преспанското Езеро.

Топонимија

уреди

Подолу погледајте го опширниот список на топонимите во Р’мби.

Историја

уреди

Предание за името

уреди

Според една легенда, селото го носи ова име бидејќи во далечното минато неговите жители биле робови (старословенски: рѫби), доведени од Цар Самоил како плен од неговите војни.

Во Отоманското Царство

уреди

Црквата „Сретение Господово“ во селото е зградена во XVI век и прогласена за споменик на културата.[4] Храмот „Св. Петка“ е од XIX век, и исто така има статус на заштитен споменик.[4]

Во постаро време селото било чисто македонско, но подоцна во него се доселиле мал број Албанци муслимани.[3] Кон крајот на XIX век Р’мби е заведено како македонско-албанско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Рамна било село во Ресенската каза со 48 домаќинства од 90 жители муслимани и 58 Македонци.[5][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Р’мби живееле 196 Македонци и 100 Арнаути.[5][7] По Илинденското востание, во почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Р’мби живееле 256 Македонци под егзархијата и 156 Албанци.[5][9] Црквата „Св. Петка“ е изградена во 1896 г. врз темелите на старата црква,[10] а во околината на селото има рушевини од други стари цркви.[11]

Жителите на Р’мби зеле активно учество во борбата на Македонската револуционерна организација против турската власт, како и во Илинденското востание. На 12 септември 1903 г. селото е запалено од турската војска и убиени се 6 лица.[12] Во податокот за овој период, Боривое Милоевиќ го завел Р’мби како чисто македонско село со 50 куќи, иако познато е дека имало и 8 албански семејства кои живееле во соседното маало Бостанџиовци.[3]

Во Грција

уреди
 
Споменик на Спиро Преспанчето во Р’мби.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е попишано како мешана населба со 447 жители, кои во 1920 г. станале 555.[3] Во 1924 г. албанското население се иселило во Албанија, а во Р’мби се доведени 27 грчки дојденци (8 семејства) од Кавказ, но и пет македонски семејства од Леска и едно од Пустец во Мала Преспа од албанска страна.[3] Во 1928 г. селото е заведено како етнички мешано со 547 жители,[3] од кои 99 лица (23 семејства) биле грчки доселеници.[13]

Во 1925 г. крај патот за Медово е изградена црквата „Св. Никола“.[10] Во 1926 г. селото е преименувано во Лемос, што во превод значи „шија“ или „грло“.[14] Во 1940 г. населението нараснало на 738 жители, меѓи кои Македонците биле апсолутно мнозинство. Помеѓу двете светски војни 93 лица од Р’мби се иселиле во прекуокеанските земји, а некои ги повлекле и семејствата.[3]

Во 1949 г. селото значајно настрадало од монархистичките операции во Грчката граѓанска војна, по што од него се иселиле 87 македонски семејства, од кои 43 пребегале во Р Македонија, а уште 44 во источноевропските земји. На нивно место властите доселиле 20 семејства погрчени Власи од Епир.[3] Така, во Р’мби останале околу 50 македонски семејства. Така, во 1951 г. селото имало 466 жители, намалувајќи се на 427 во 1961 г. Во текот на следното десетлетие отпочнало масовно иселување во прекуокеанските земји и во поголемите градови, па во 1971 г. населението опаднало на 286 лица.[3] Во 1981 г. Р’мби имало 251, а во 1991 г. — 250 жители. Во 2001 г. населението пораснало на 299 жители, за да се смали на 185 лица во 2011 г.

Во испитувањето од 1993 г. се вели дека „словенојазично-дојденско“, и дека македонскиот јазик во него е зачуван на средно ниво.[15]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 738 466 427 286 251 250 299 185 171
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Список на топоними

уреди

Ова е список на позначајните топоними во Р’би и околината:[16]:

Цркви

уреди
 
Црквата „Сретение Господово“ од XV век

Стопанство

уреди

Селото се смета за прилично богато. Главни производи се житото, гравот, компирот и други култури. Доста застапено е и сточарството.

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράμπη -- Λαιμός
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172.
  4. 4,0 4,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/3734/79/20-2-1987 - ΦΕΚ 284/Β/9-6-1987“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-10-04. Посетено на 17 март 2015.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88 – 89.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  8. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170 – 171.
  10. 10,0 10,1 „Πλατύ“. Δήμος Πρεσπών. Архивирано од изворникот на 2015-01-10. Посетено на 10 јануари 2015.
  11. Македонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр. 44.
  12. Илюстрация Илинден, 1943, бр.142, стр. 16
  13. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 – 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012. no-break space character во |title= во положба 65 (help)
  15. Riki Van Boeschoten. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“
  16. 16,0 16,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 430–431. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  17. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски

уреди