Црква „Пресвета Богородица Елеуса“ - Нивици

црква во Нивици, Преспанско, Егејска Македонија

Пресвета Богородица Елеуса (грчки: Παναγία Ελεούσα, Ασκηταριό Παναγίας Ελεούσας) — средновековна пештерна црква во преспанското село Нивици, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.

Пресвета Богородица Елеуса
Παναγία Ελεούσα
Поглед на црквата
Карта
40°48′30″N 20°59′52″E / 40.80833° СГШ; 20.99778° ИГД / 40.80833; 20.99778
МестоНивици, Преспанско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Завршена1373
Управа
ЕпархијаЛеринско-преспанско-еордејска

Оваа испосничка еднокорабна црквичка со полукружен свод е изѕидана во пештера и претставува добар пример за поствизантиската уметност во Македонија. Фасадата е украсена со имитација на керамички орнаменти во духот на старите комнински традиции. Внатре има зачуван живописод 1409/1410 г. и една икона од 1452 г. Според двата натписа зограф бил Јоаникиј, а имињата на дарителите се Сава, Јаков и Варлаам, за време на владеењето на кралот Волкашин во 1410 г. Ова не е сосем исправно, бидејќи Волкашин загинал во 1371 г. водејќи ја Маричката битка, и тогаш територијата веќе била под османлиска власт.[1] Според други податоци, црквата е подигната во 1373 г., што е поверодостојно.[2][3][4][5]

Претставата на покровителката Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) е насликана во полукружна ниша над западната врата.[6] Мештаните црквата ја нарекуваат „Свети Петар“.[7]

Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Михајловски, Роберт. „Од духовното наследство на Via Egnatia: црквите Успение на Богородица од Велушина и Богородица Пречиста од Граешница“ (PDF). УДК. 726:27-523.42(497.774), стр. 151. Посетено на 30 март 2014.
  2. „Ψαράδες“. Πρέσπες, φυγή από το χρόνο. Посетено на 30 март 2014.
  3. „Αρχαιολογικοί χώροι Φλώρινας“. ΗΧΩ - Εβδομαδιαια Εφημερίδα Φλώρινας. Архивирано од изворникот на 2022-05-27. Посетено на 30 март 2014.
  4. „ΤΑ ΑΣΚΗΤΑΡΙΑ ΤΗΣ ΜΕΓΑΛΗΣ ΠΡΕΣΠΑΣ“. Volida. Посетено на 30 март 2014.
  5. „ΕΚΕΙ ΠΟΥ Η "ΣΙΩΠΗ ΤΩΝ ΑΙΩΝΩΝ" ΑΚΟΥΜΠΑ ΤΗΝ ΙΣΤΟΡΙΑ ΚΑΙ ΤΟ ΣΗΜΕΡΑ – ΤΑ ΑΣΚΗΤΑΡΙΑ ΤΩΝ ΠΡΕΣΠΩΝ“. ΤΡΙΒΩΝΙΟ. Посетено на 30 март 2014.
  6. Ангеличин-Жура, Гоце. Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион (Р Македонија, Р. Албанија, Р. Грција) (PDF). Ниш: В: „Ниш и Византија IV: зборник радова“; Симпозиум „Ниш и Византија IV“, Зборник радова IV, Ниш, 3 - 5 јуни 2005. стр. 401. Посетено на 14 август 2015.
  7. Evyenidou, Despina. Ioannis Kanonidis, Thanasis Papazotos. The Monuments of Prespa, Archaeological Receipts Fund, 1991, стр. 55
  8. „ΥΑ 15813/19-12-1961 - ΦΕΚ 36/Β/3-2-1962“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-10-28. Посетено на 20 јули 2020.

Надворешни врски

уреди