Медово (грчки: Μηλιώνα, Милиона или Μηλεών, Милеон; до 1926 г. Μέδοβο, Медово[2]) — преспанско село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 5 жители (2021).

Медово
Μηλιώνα
Медово is located in Грција
Медово
Медово
Местоположба во областа
Медово во рамките на Преспа (општина)
Медово
Местоположба на Медово во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°49.50′N 21°08.03′E / 40.82500° СГШ; 21.13383° ИГД / 40.82500; 21.13383
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&10000000000000880000000880 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно5
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа 40 км северозападно од Лерин, на подножјето на планината Бела Вода недалеку од Малото Преспанско Езеро, на надморска височина од 880 м.[3]

Топонимија

уреди

Подолу погледајте го опширниот список на топонимите во Медово.

Историја

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Медово (Médovo) било село во Ресенската каза со 15 домаќинства и вкупно 40 жители Македонци.[4][5] Во истиот период, Милоевиќ го завел селото со 20 македонски куќи.

На почетокот на XX век Медово е заведено како чисто македонско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 100 Македонци христијани.[3][6] По Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] Податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) вела дека во 1905 г. во Медово има 120 Македонци[4].[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Медово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[9]

Во првите денови на април 1908 г. властите извршиле претрес на селото, а испитувањата се спроведени со измачувања и насилство.[10]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 130 жители.[3] Во 1926 г. името му е сменето во Милионас.[11] Во 1928 г. државната статистика бележи 161 жител.[3]

Во 1949 г. целото население го напуштило селото поради борбите во Граѓанската војна. Дел од жителите се преселиле во Р Македонија, а други заминале во источноевропските земји. Така, од 209 жители во 1940, Медово се свело на село без жители во 1951 г.[3] Подоцна, малубројните преостанати семејства кои биле засолнети во внатрешноста на земјата добиле дозвола да се вратат во селото. Воедно дошле и две доселенички семејства.[3] Така, во пописот од 1961 г. се заведени 107 жители, но поради масовното отселување во прекуокеанските земји во 1971 г. нивниот број опаднал на 47 и продолжил да се намалува.[3]

Во 1925 г. во Медово е изградена црквата „Свети Никола“.[12]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 209 0 107 47 27 2 1 2 5
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Список на топоними

уреди

Ова е список на позначајните топоними во Медово и неговата околина:[13]

Родови

уреди

Каде и да се отселени медовци се потомци на следните родови кои живееле во селото:

  • Алабашовци
  • Димовци
  • Каранфиловци
  • Лозановци
  • Лазаровци
  • Најдовци
  • Петковци
  • Поповци — доселени од с. Нивици
  • Ралевци
  • Стојановци
  • Стефовци
  • Трајковци

Некои од наведените родови водат потекло од некогашното село Опаја

Личности

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Преспа со седиште во Р’мби, која припаѓа на поголемата општина Преспа, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Р’мби, во кој спаѓа и селото Р’мби.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μέδοβον - Μηλιώνας
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 162.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 88-89.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 242.
  7. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
  10. Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
  11. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. „Πλατύ“. Δήμος Πρεσπών. Архивирано од изворникот на 2015-01-10. Посетено на 1 ноември 2015.
  13. 13,0 13,1 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 397–398. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  14. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.