Црква „Вознесение Христово“ - Нивици
црква во Нивици, Преспанско, Егејска Македонија
Вознесение Христово (грчки: Μικρή Ανάληψη, во прев. Мало Вознесение) — пештерна црква во преспанското село Нивици, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија, под управа на Грчката православна црква. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.
Вознесение Христово | |
---|---|
Μικρή Ανάληψη | |
40°48′58″N 21°0′50″E / 40.81611° СГШ; 21.01389° ИГД | |
Место | Нивици, Преспанско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | XV век |
Управа | |
Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Сместена е во југозападниот дел на Преспанското Езеро. Зачувани се само фреските на источниот ѕид и во олтарот, каде се претставени Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст од композицијата „Поклонение на Агнецот“. Над неа е претставена Пресвета Богородица Влахернска, а во проскомидијата е насликан Архиѓаконот Стефан. Фреските се од XV век.[1][2]
Во 1996 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ангеличин-Жура, Гоце. Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион (Р Македонија, Р. Албанија, Р. Грција) (PDF). Ниш: В: „Ниш и Византија IV: зборник радова“; Симпозиум „Ниш и Византија IV“, Зборник радова IV, Ниш, 3 - 5 јуни 2005. стр. 401. Посетено на 14 август 2015.
- ↑ „Πολιτιστικά μνημεία“. Ο υγρότοπος των Πρεσπών. Посетено на 11 јануари 2015.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/26378/758/12-7-1996 - ΦΕΚ 756/Β/27-8-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 28 декември 2014.