Пиперка
Пипер | |
---|---|
Зелена пиперка расте на нива во Струмичко, Македонија | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Зрновидни |
Семејство: | Зрнци |
Род: | Зрнец |
Вид: | Пиперка |
Научен назив | |
Capsicum annuum L. | |
Синоними | |
Capsicum abyssinicum |
Пипер (науч. Capsicum annuum, разг. пипер) — повеќегодишно зеленчуково растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Може да има благ и лут вкус и се употребува за исхрана на луѓе и животни, во свеж, готвен и преработен (во зачини, ајвар, конзевиран во туршија) облик. Потекнува од јужните делови на Северна Америка, Средна Америка и северните делови на Јужна Америка, од каде што е распространета ширум светот, а особено застапена и во Македонија. Во Македонија во 2010 година се произведени 168.150 тони пиперки[2].
Одлики
уредиРодот на пиперката опфаќа едногодишна билка, во висинa до 1 м. Листовите на пиперката се јаjцести со шилести врвови. Цветаат во мај, а цветовите и се бели, црвени, светложолти или виоилетови. Плодот е топчест или долгнавест. Мирисот и вкусот на плодовите е (благ, сладок до извонрендо лут) се зависи од сортата и зрелоста. Долж нервите постојат жлезди кои синтетизираат алкалоид , капсаицин („одговорен“ за лутината и лековитост на пиперката). Основниот број на хромозом е x=12[3].
Видови (сорти) на пиперки
уредиПостојат мноштво имиња за плодовите на поединечни сорти на пиперка. Најпознати видови на пиперки се: феферони, бабура, чили, ајварка (куртовска капија), зелена дуга, сиврија. Чили е назив за неколку врсти и сорти на пиперка, кои се одгледуваат на територијата на Мексико уште од 3000. година п.н.е.[4]
Систематизација и географско потекло на родот
уредиРодот -{Capsicum}- опфаќа околу 25 видови. Постои претпоставка дека голем број на сортите е уште поголем и дека со деталните истражување на Неотрописот ќе се опишат и нови видови.[5] Еден од проблемите на класификацијата на сортите внатре родот е прашање на сродноста на три од вкупно четири одгледувани сорти (-{Capsicum annuum, Capsicum frutescens}- и -{Capsicum chinense}-). Поедини автори ги сметаат одвоени со сестринските видови[5], додека -{Pickersgill}-[6] и сметаат дека статусот на посебни видови е нелегитимен.
Употреба во исхраната
уредиПиперката се користи како зеленчук, зачин и лек. Исто така се користи свежа, конзервирана како (туршија), сува или сува мелена (или „толчена“).
Пиперките, со просечна потрошувачка од 65,4 кг по домаќинство, е 2. зеленчук според употребата во Македонија во 2017 година[7].
Галерија
уреди-
Пиперки растат на нива во с.Миравци, Гевгелиско
-
Пиперки растат на нива во с.Миравци, Гевгелиско
-
Пиперки растат на нива во с.Миравци, Гевгелиско
-
Пипер во с.Трубарево
-
Пипер во с.Трубарево
-
Пиперки од сортата „ајварка“
-
Пиперки везени во с.Љубојно
-
Пиперки на тераса во с.Љубојно
-
Пиперки во с.Љубојно
Наводи
уреди- ↑ "Утврдено со молекуларни филогенетски анализи. Погл. Филигенетика на родот зрнец (Solanum) (англиски)
- ↑ Новковска, Благица (2012). „Регионите во Република Македонија, 2012“ (PDF). регионален годишник. Скопје: Државен завод за статистика. стр. 114. Посетено на 18 декември 2015.
- ↑ Csilléry, G. Pepper taxonomy and the botanical description of the species. Acta Agronomica Hungarica 54 (2):151-166.
- ↑ Gil-Jurado, A. T., Il senso del chile e del piccante: dalla traduzione culturale alla rappresentazione visiva in (G. Manetti, ed.), Semiofood: Communication and Culture of Meal, Centro Scientifico Editore, Torino, Italy, 2006:34-58
- ↑ 5,0 5,1 Eshbaugh, W.H. 1993. Peppers: History and Exploitation of a Serendipitous New Crop Discovery. In: Janick, J. & Simon, J.E. (Ed.) New Crops, pp 132-139. Wiley: New York. Online Version, Посетено на 17. 4. 2013.
- ↑ Pickersgill, B. 1988. The genus Capsicum: a multidisciplinary approach to the taxonomy of cultivated and wild plants. Biol. Zentralbl. 107 (4): 381-389
- ↑ ПОТРОШУВАЧКА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017