Зелена салата

(Пренасочено од Марула)
Зелена салата
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Ѕвездовидни
Семејство: Главоцветни
Род: Марула
Вид: Зелена салата
Научен назив
Lactuca sativa
L.
Марула[1]
Хранлива вредност на 100 г
Енергија55 kJ (13 kcal)
2,2 г
Влакна1,1 г
0.2 г
1,4 г
Витамини
Витамин А (екв.)
(21 %)
166 μг
Фолна кис. 9)
(18 %)
73 μг
Витамин Ц
(5 %)
4 мг
Витамин К
(97 %)
102 мг
Минерали
Железо
(9 %)
1,2 мг
Калиум
(5 %)
238 мг
Други состојки
Вода96 г
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.

Зелена салата или марулаумерено едногодишно или двегодишно растение кое најчесто се расте како лиснат зеленчук. Во некои земји, како Македонија, се јаде ладна и свежа, во салати, сендвичи, и други јадења, додека во некои, како да речеме Кина, зелената салата се јаде зготвена, и дршката има подеднаква важност како листот.

Зелената салата првично има стебленце (розетен раст), но кога процветува, стеблото се продолжува и разгранува, па дава многу цветни глави кои личат на оние кај глуварчето, само помали. Ова се нарекува прецветување. За да биде јадлива, зелената салата се бере пред да прецвета. Растението е храна за ларви на некои Пеперутки.

Сорти

уреди

Постојат шест општопризнаени сортни групи на зелена салата (марула), тука подредени по главообразба и стуктурата на листовите. Во рамките на секоја од овие сортни групи постојат стотици сорти на марули избрани по боја и облик на листот, како и по способност да стои подолго:

  • Путер салата, има лабави глави; има путереста текстура. Овие се најпопуларни во Македонија и Европа.
  • Кинеска салата обично имаат долги, сабјести, главонеобразни листови, со горчлив и робусен вкус за разлика од западните видови, соодветен за потпржени и динстани јадења. Кинеските сорти на марула се делат на дршкоупотребни и листоупотребни видови како јоумајцај (油麦菜) или шенгцај (生菜).
  • Кочанеста салата, има цврсти, густи глави како кај зелката. Овие се најслаби по вкус и се користат повеќе заради крцкавата текстура отколку заради вкусот.
  • Бескочанеста салата, со нежни, меки и слаби по вкус лисја. Тука спаѓаат назабените и црвенкастите марули.
  • Римска салата, наречена и Кос, е главообразен тип со продолжени листови.
  • Батависка салата, обликуват умерено густи глави со крцкава текстура; ова е среден тип помеѓу кочанестите и бескочанестите марули.

Некои марули (како кочанестата) се особено одгледани на начин на кој им се отфрлила горчината од листовите. Овие имаат голем процент на вода и мала хранливост. Погорките и попигментираните марули содржат антиоксиданси.

Занимливости

уреди
 
Римска салата
 
Некои сорти на зелена салата
  • Лактукариум (или „Марулен опиум“) е блага опијатна супстанција која се содржи во сите видови зелени салати. Затоа старите егпијани и римјани јаделе марула ако сакале поубаво да заспијат.[2]
  • Најголемата зелена салата тежела 11 kg, и била од сортата Салад Боул, израсната од Колин Боукок од Виластон, Англија, во 1974.
  • Во САД, 95% од сета зелена салата расте во Калифорнија и Аризона.
  • Језидите не јадат зелена салата.

Историја

уреди

Марулата какошто ја знаеме денес започнала како коров по средоземјето. Се служи како храна повеќе од 4500 години, и се јавува низ историјата како на слики во египетски гробници, и во разликувањето на разните видови марула во делата на старогрчките научници. Кристофер Колумбо ја донел марулата во Америка, а со тоа подоцна истата почнала да се одгледува и во САД.[1]

Заболувања

уреди

Наводи

уреди
  1. „Марула“. Министерство за земјоделство на САД. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 28 јуни 2012. (англиски)
  2. "Lettuce - Lactuca sativa - Daisy family". Hamilton, Dave (2005).

Надворешни врски

уреди