Нијамеј (француски: Niamey) е главниот град на западноафриканската држава Нигер. Нијамеј е најголем град во Нигер и се наоѓа на реката Нигер, во најголем дел на источниот брег од реката. Градот е административен, културен и економски центар во државата. Официјално Нијамеј има население од 774.235 жители,[3] но се проценува дека бројот е поголем.

Нијамеј
Niamey
Центар на Нијамеј во ноќ.
Центар на Нијамеј во ноќ.
Координати: 13°31′17″N 2°6′19″E / 13.52139° СГШ; 2.10528° ИГД / 13.52139; 2.10528
Држава Нигер
РегионУрбана заедница Нијамеј
Општини5
Окрузи44
Квартови99
Површина[1]
 • Вкупна239,30 км2 (9,240 ми2)
Надм. вис.[2]&10000000000000207000000207 м
Население (2006 [3])
 • Вкупно774.235
 • Густина2.597/км2 (6,730/ми2)
 Урбана заедница Нијамеј
Час. појасWAT (UTC+1)

Во градот најзастапена индустрија се изгработката на цигли, ќерамика, цемент и текстил. Нијамеј најверојатно бил основан во XVIII век, но имал мала важност сè додека не дошле Французите и ја воспоставиле колонијалната власт. Градот набрзо станал значаен град. Во 1926 година Нијамеј станал главен град на Нигер.

Користена литература

уреди
  1. ADAMOU Abdoulaye. Parcours migratoire des citadins et problème du logement à Niamey Архивирано на 6 јули 2011 г.. REPUBLIQUE DU NIGER UNIVERSITE ABDOU MOUMOUNI DE NIAMEY Faculté des Lettres et Sciences Humaines DEPARTEMENT DE GEOGRAPHIE(2005), p. 34
  2. „FallingRain Map - elevation = 207m“.
  3. 3,0 3,1 African researcher visits Oklahoma Архивирано на 17 февруари 2012 г.. p. 2
  • Decalo, Samuel (1997). Historical Dictionary of the Niger (3rd ed.). Boston & Folkestone: Scarecrow Press. ISBN 0810831368.
  • Geels, Jolijn (2006). Niger. Chalfont St Peter, Bucks / Guilford, CT: Bradt UK / Globe Pequot Press. ISBN 9781841621524.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди