Асонанца
Асонанца (асонанција) е повторување на исти самогласки за постигнување на звучен ефект. (На пр.: око соколово)
Откако Ленка остави
кошула тенка ленена
недовезена на разбој...
......................................
...„Зошто ми, зошто остана
кошула недоткаена?
Кошула беше даровна...“
(Ленка - Кочо Рацин)
Гласот О е доминантен во целата песна, а особено во стиховите: „Зошто ми, зошто остана...“ кои се израз на длабоката тага заради прерано завршениот живот. Гласот О асоцира на бооолка, на ооофкање, на дооолго тагување и не е случајно употребен во песната.
Оваа статија од областа на книжевноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |