Течна согласка
Течни согласки (ликвиди)[1] се класа на согласки што ги опфаќа страничните и вевните (ротски) согласки.[2]
Начини на творба |
---|
Препречни |
Избувни |
Слеани |
Струјни |
Шушкави |
Гласници |
Носни |
Едноударни |
Приближни |
Течни |
Самогласка |
Полусамогласка |
Странични |
Трепетни |
Механизам |
Белодробни |
Исфрлени |
Уфрлени |
Чрапави |
Алитерација |
Асонанца |
Поврзано: Место на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
уреди |
Македонскиот јазик има три течни фонеми: две странични /l/ (л), /ʎ/ (љ) и една вевна /r/ (р).
Во европските јазици
уредиМногу европски јазици имаат една странична и една вевна фонема. Македонскиот и некои други како српскохрватскиот, грчкиот и италијанскиот имаат повеќе од две. Јазиците на Пиринејскиот Полуостров имаат по четири: /l/, /ʎ, /ɾ/ и венечна трепетна согласка (освен португалскиот, каде четвртата е грлена трепетна или струјна согласка). Трети пак, како рускиот и ирскиот, разликуваат палатализирани (омекнати) странични–вевни парови од нивните непалатализирани (или веларизирани) пандани (на пр. /lʲ/ /rʲ/ /l/ /r/ (л-р и ль-рь) во рускиот).
Остатокот од светот
уредиВо другите делови од светот, највеќе јазици имаат по две течни согласки, освен северноамериканските и австралиските јазици. Во Северна Америка, највеќето јазици немаат вевни гласови, но затоа имаат голем број на странични гласови – иако највеќето се попречни странични гласови, а не течни. Речиси сите австралиски јазици се многу богати со течни согласки - некои имаат дури по седум. These typically include dental, alveolar, retroflex and palatal laterals, and as many as three rhotics.
Од друга страна, постојат многу домородни јазици во Амазонската Долина и источна Северна Америка, како и неколку во Азија и Африка, што воопшто немаат течни согласки. Полинезиските јазици имаат само по една, која може да биде странична или вевна.
Потекло на поимот
уредиГраматичарот Дионисиј Тракиски (170 – 90 п.н.е.) ги опишал фонемите /l,r,m,n/ во старогрчкиот јазик како ὑγρος (хигрос = „влажни, течни“).[3][4] Се смета дека ова се однесува на тоа што тие делуваат „лизгаво“ врз метарот во класичните стихови кога се јавуваат како втора буква во согласна група.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 65.
- ↑ Ladefoged and Maddieson (1996), стр. 182
- ↑ υγρός Архивирано на 17 декември 2013 г. - грчко-македонски речник на он.нет
- ↑ 4,0 4,1 Allen, William Sidney (1965). Phonetics in ancient India. Oxford University Press. стр. 31.
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.