Џереми Ајронс (англиски: Jeremy Irons) (19 септември 1948, Каус, В. Британија) - англиски филмски глумец.

Животопис

уреди

Најпрвин, Ајронс имал краткотраен брак со Џули Халам, а во 1978 година се оженил со ирската глумица Шинед Кјузак, со која добил два сина - Семјуел, кој работел како фотограф, и актерот Максимилијан.[1]

 
Џ. Ајронс на Берлинскиот филмски фестивал, 2011.

Кариера

уреди
 
Џ. Ајронс, 2006.

Џереми Ајронс стекнал слава ликот на Чарлс Рајдер во тв-серијата „Враќање во Брајдсхед“ од 1981 година. За улогата на Клаус фон Булоу во филмот „Промена на судбината“ ја добил наградата „Оскар“. За улогата во серијата „Елизабета Прва“ ги добил наградите „Еми“ и „Златен глобус“, додека за улогата во театарската претстава „Вистинското нешто“ ја освоил наградата „Тони“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Наташа Спирова-Серафимова, „Пачино Ужива со 40 години помлада девојка, Бриџис му се посвети на будизмот“, Антена, број 887, 26.6.2015, стр. 10-11.