Глен Клоус
Гленда Вероника „Глен“ Клоус (родена на 19 март 1947 г.)[1] — американска глумица, пејачка и филмски продуцент. Таа ја започнала својата кариера во театар во 1974 година и главно играла во њујоршките театри до крајот на 1970-те и раните 1980-ти, играјќи во претстави и мјузикли, вклучително и во бродвејската продукција на музиклот Барнум во 1980 година и во претставата Вистинското нешто во 1983 година, за која добила Награда Тони за најдобра театарска глумица.
Глен Клоус | |
---|---|
Клоус на премиерата на Чувари на галкасијата во 2014 година | |
Роден(а) | Гленда Вероника Клоус[1] 19 март 1947 Гринич, Конектикат, САД |
Живеалиште | Бедфорд Хилс, Њујорк, САД |
Занимање | глумица, пејачка, продуцент |
Активен период | 1974–сè уште |
Својата филмска кариера Клоус ја започнала во драмата Светот според Гарп (1982), а потоа следеле споредни улоги во филмовите Големиот студ (1983) и Талент (1984); за сите три улоги таа добила номинација за Оскар за најдобра глумица во споредна улога. Таа подоцна во кариерата добила номинации за Оскар за најдобра глумица за нејзините изведби во филмовите Фатална привлечност (1987), Опасни врски (1988) и Алберт Нобс (2011). Во 1990-те години таа добила уште две Награди Тони, и тоа за изведбите во претставата Смртта и девојката во 1992 година и мјузиклот Булевар на самракот во 1995 година. Првата Еми награда таа ја добила во 1995 година за изведбата во телевизискиот филм Молчи и служи.
Клоус го толкувала ликот на Елеонор Аквитанска во телевизискиот филм Лавот во зима (2003) и за својата изведба добила Златен глобус. Во 2005 година таа глумела во серијата Штит. Потоа, од 2007 до 2012 година, таа играла главна улога во серијата Опасна игра, улога која ѝ донела Златен глобус и две Еми награди. Таа го позајмува гласот на ликот Мона Симпсон во анимираната серија Симпсонови од 1995 година. Клоус се вратила на Бродвеј во 2014 година, и глумела во обновената претстава Деликатна рамнотежа на Едвард Олби.[2] Таа играла во филмовите Запчеста острица (1985), Хамлет (1990), Менување на среќата (1990), 101 далматинец и Марс напаѓа! (1996), Пат кон рајот (1997), Претседателски авион (1997), Колаче на судбината (1999), Височини (2005), Чувари на галкасијата (2014) и Посебна (2016).
Клоус шест пати била номинирана за наградата Оскар, и го дели рекордот за глумица со најмногу номинации која сè уште не ја добила наградата (заедно со Дебора Кер и Телма Ритер). Покрај тоа, таа била номинирана за четири Тони награди (три победи), четиринаесет Еми награди (три победи), тринаесет Златни глобуси (две победи) и осум награди на здружението на филмски глумци на САД (една победа). Таа исто така еднаш ја добила наградата Оби и трипати била номинирана за Греми награда и за награда БАФТА. Клоус има своја ѕвезда на холивудската патека на славните.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Glenn Close“. Masterworks Broadway. Посетено на 11 December 2017.
- ↑ „What Play Can Come Along Next Season That Will Be More Star-Studded Than A Delicate Balance?“.
Надворешни врски
уреди„Глен Клоус“ на Ризницата ? |
- Глен Клоус на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Глен Клоус — Internet Broadway Database (англиски)
- Глен Клоус на Emmys.com