Фрушка Гора
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Фрушка Гора (унгарски Tarczal, латински Alma Mons) е островска планина и Национален парк во Срем. Најголем дел од Фрушка Гора се наоѓа во Војводина, додека мал дел е во источна Хрватска, Вуковарско-сремската жупанија.
Фрушка Гора | |
---|---|
Фрушка Гора се простире во должина од околу 75 км и ширина од 12 до 15 км и зафаќа површина од 255 -{км2}-. Фрушка Гора во 1960 година е прогласена за Национален парк.[1] Највисок врв е Црвени Чот (539 -{m}-).
Потекло на иметоУреди
Името „Фрушка“ потекнува од старословенскиот збор Фруг, синоним за Франките што дава значење на „планина на Франките“.
Природни карактеристикиУреди
Фрушка Гора е островска, стара громадна планина. Највиок врв е Црвени Чот (539 м), а останатите значајни врвови се Стражилово (321 м), Иришки Венац (451 м) и Велики Градац (471 м).
Растителен и животински светУреди
Долините и падините на Фрушка Гора се покриени со ливади и падини. На падините постојат овоштарници и лозја, а делови поголеми од 300 метри се пораснати со густи листопадни шуми. На Фрушка Гора се наоѓа најголемата концентрација на липи во Европа. Околу 700 видови лековити билки растат на оваа планина. Некои од животинските видови се: срна, елен, муфлон, ласица, дива свиња, куна, дива мачка, шакал, зајак, итн.
КултураУреди
Најзначајниот споменик на културата на Фрушка Гора претставуваат шеснаесетте манастири на српската православна црква, распоредени по целата планина. Подигнати се како оставнина на српските владетели, откако во доцниот среден век под притисок на Турците, тежиштето на српското духовно и културно наследство е поместено на север.
НаводиУреди
- ↑ Фрушка гора[мртва врска] национален парк