Скршеница на ребро

(Пренасочено од Фрактура на ребро)

Фрактура на ребро е кршење или напукнување на една или повеќе коски од кои се состои градниот кош.

Скршеница на ребро
СпецијалностQ21532019 Уреди на Википодатоците

На првото ребро ретко се појавува фрактура поради неговата заштитена позиција зад клучната коска. Сепак, ако се скрши, може да настане сериозно оштетување на мрежата од нерви, односно брахијалниот плексус и крвните садови во клучната коска. Поголема е веројатноста дека фрактурите на првиот и вториот пар ребра се поврзани со повреди на главата и фацијални повреди, отколку со фрактури на други ребра.

Средните ребра се оние кои најчесто напукнуваат. Фрактури обично се јавуваат од директни удари или индиректни тешки повреди. Најслабиот дел на едно ребро е неговиот преден дел, но фрактура може да настане секаде. Ребра на кои најчесто се појавуваат фрактури се седмото и десеттото.

Фрактура на ребрата кои се наоѓаат најниско може да предизвика компликации и потенцијални повреди на дијафрагмата, кои може да резултираат со дијафрагмална хернија.

Фрактура на ребрата е доста болен процес бидејќи ребрата мора да се движат за да се овозможи дишење. Дури и мала пукнатина може да предизвика воспаление на некоја тетива и да предизвика парализа на раката.

Кога повеќе ребра се скршени на повеќе места тогаш деловите од скршената коска се одделуваат од остатокот на градниот кош.

Причини

уреди

Фрактура на ребрата може да настане без директна повреда, а да се забележи по долготрајна кашлица или при спортување, на пример, веслање и голф (најчесто кај атлетичари). Фрактури може да настанат и како последица од болести како што се рак или инфекции (патолошки фрактури).

Дијагноза

уреди

Следниве симптоми често укажуваат на скршени ребра:

  • Болка при дишење или движење,
  • Кога еден дел од градниот кош се движи одделно од останатиот дел,
  • Звук на чкрипење при движење или дишење,
  • Каде механизмот за повреди ќе укаже на употреба на значителна сила врз ребрата.

Бидејќи децата имаат пофлексибилен ѕид на градниот кош за разлика од возрасните, поголема е веројатноста нивните ребра да се свиткаат отколку да се скршат. Затоа појавата на фрактури на ребра кај деца е доказ за употреба на голема сила или укажува на повреди на градниот кош, како што е белодробна контузија. Фрактура на ребрата е знак и за многу посериозни повреди кај постари лица.

Лекување

уреди

Не постои посебен третман за фрактура на ребрата, но може да се преземат разни мерки за лекување. При едноставни фрактури на ребрата, болката може да доведе до намалено движење и потиснување на кашлицата, а ова пак може да предизвика појава на секундарна инфекција на градниот кош. Ова може да се избегне со соодветна аналгезија.

Одделување на градниот кош претставува повреда која потенцијално му се заканува на човековиот живот. Оваа повреда и фрактурата на првото ребро се многу сериозни повреди кои треба да поттикнат почеста проверка на белите дробови.

При спонтаните фрактури кај спортистите често се бара престанок на причината поради која настанала фрактурата, на пример, паузирање од веслање, но притоа треба да се одржува кардиоваскуларното здравје во форма.

Опции за внатрешно зацврстување/обнова на ребрата вклучуваат:

  • Титанска плочка во форма на „U” која има толкава големина колку дебелината на реброто и користи навртки кои се поставуваат на предниот и задниот дел на плочката и обезбедува зацврстување без да има потреба од набавување на коска за изработка на навртки, при што не постои ризик за оштетување на невроваскуларните снопчиња.
  • Џудет и/или Санчес плочките се метални плочки со парчиња кои се свиткуваат околу реброто, а потоа се зацврстуваат со шевови.
  • Метална плочка која се спојува со предниот дел од реброто и има дупки за навртки низ неа. Плочката се поставува врз реброто и се навртува во коската на посакуваното место. Плочките можат да бидат наклонети за да одговараат на контурата на деловите од ребрата.