Антоан Демоатје
Антоан Демоатје (француски: Antoine Demoitié; 16 октомври 1990 во Лиеж — 27 март 2016 во Лил) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој последно возел за професионалната континентална екипа Ванти-Груп Гобер.[1] Во септември 2015 година објавил дека ќе ја напушти екипата Валони-Брисел за да се приклучи на Ванти-Груп Гобер за сезоната 2016.[2]
Демоатје на ГП Џеф Шеренс 2015 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Антоан Демоатје |
Роден | 16 октомври 1990 Лиеж, Белгија |
Починал | 27 март 2016 Лил, Франција | (возр. 25)
Податоци за клубот | |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Професионални клубови | |
2010 2011 2012 2013-2015 2016 | Лото-Бодисол (стажант) Лото-Бодисол Идемаспорт-Биованце Валони-Брисел Ванти-Груп Гобер |
Последна промена 28 март 2016 |
Живот
уредиДемоатје во 2010 година возел како стажант во белгиската континентална екипа Лото-Бодисол и таму останал и следната сезона со редовен договор. Во 2012 година возел за екипата Идемаспорт-Биованце, за која освоил една етапа на Триптих на планините и замоците, две етапи на Карпатската трка и една етапа на Триптик Ардени. Освен тоа, победи на друмската трка на покраинското првенство во Лиеж. Со тоа, Демоатје се префрлиле во екипата Валони-Брисел и одново го освоил покраинското друмско првенство. Во 2014 година на еднодневната трка Тур ди Финистер го освоил својот најзначаен меѓународен успех дотогаш. Во 2015 година освоил една етапа на Сиркут де Ардени.
По неговите учества во помали екипи, во 2016 година Демоатје успеал да потпише договор со професионалната континентална екипа Ванти-Груп Гобер и да вози трки од Светската турнеја. На класикот Гент-Вевелгем 2016 на 27 март 2016 година, Демоатје најпрвин паднал и без да може да стане, бил удрен од придружен мотор на трката, повредувајќи ја главата. Бил однесен во болница во Лил[3] каде истиот ден им подлегнал на повредите.[4][5][6] Неговиот колега Гаетан Биле објавил на Твитер дека Демоатје станал дарител на органи; тројца пациенти ги добиле неговите органи.[7]
Во изминатите месеци се случиле повеќе несреќи со придружните мотори на трките и заради тоа се појавиле критики кон нив. Водството на екипата на Демоатје, сепак, не го обвиниле возачот на моторот: за разлика од другите случаи не возел брзо и немал вина за трагичниот настан. Возачот е многу искусен, веќе 20 години учествува во велосипедизмот.[8]
Достигнувања
уреди- 2012
- 1. Етапа 2б Триптих на планините и замоците
- Карпатска трка
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 3. Триптик Ардени
- 1. Етапа 3
- 3. Гоиксе Пејл
- 2013
- 2. ГП Стад Гел
- 3. Ронде Певелоа
- 2014
- 1. Тур ди Финистер
- 2. Омлоп ван хет Васланд
- 2015
- 1. Етапа 4 Сиркут де Ардени
- 1. Ванзеле Курсе
- 2. ГП Стад Зотегем
- 2. Класик Хандзаме
- 3. Гран при д’Увертир ла Марсејеза
Наводи
уреди- ↑ „Антоан Демоатје“. ProCyclingStats. Посетено на 1 септември 2015.
- ↑ „Stenuit and Demoitié join Wanty–Groupe Gobert“. Cube Bikes. 23 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 29 септември 2015.
- ↑ „Demoitié nach Sturz bei Gent-Wevelgem auf Intensivstation“. rad-net.de. 27 март 2013. Посетено на 27 март 2016.
- ↑ „Антоан Демоатје умрел по падот на Гент-Вевелгем“. cyclingnews.com. 28 март 2016. Посетено на 28 март 2016.
- ↑ „Белгискиот возач Антоан Демоатје почина во болница по падот на Гент-Вевелгем“. Cycling Weekly. 27 март 2016.
- ↑ „Radsport: Antoine Demoitié erliegt Verletzungen“. spiegel.de. 28 март 2016. Посетено на 28 март 2016.
- ↑ „Unfall mit Begleitfahrzeug: Trauer und Kritik nach Tod von Radprofi Antoine Demoitié“. Spiegel Online. 28 март 2016. Посетено на 28 март 2016.
- ↑ Грегор Браун (28 март 2016). „Ванти-Груп Гоберт одби да го обвини возачот на моторот за смртта на Антоан Демоатје“. Cycling Weekly. Посетено на 28 март 2016.
Надворешни врски
уреди„Антоан Демоатје“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Антоан Демоатје“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Антоан Демоатје“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Антоан Демоатје“. ProCycling.