Клучна коска
Кај човекот, клучната коска (односно clavicula) претставува долга коска вметната меѓу лопатката и градната коска. Таа наликува на положена латинска буква (S). Конкавитетот од медијалната кривина е свртен напред. На клучната коска се разликува дел или тело и два краја, еден медијален или стернален, а другиот латерален или акромијален. Стерналниот крај се зглобува со градната коска, а акромијалниот се зглобува со еден коскен израсток на скапулата наречен acromion. На телото од клавикулата се разликуваат две страни, горна и долна. Горната е поткожна и лесно се палпира.
Положба | Изглед од горе и долу |
---|---|
Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |