Кирил Тасев Илиевски (1921 во Добрушево, Битола — 16 април 1945 во Кајгана, Сремски фронт) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис

уреди

Кирил Илиевски бил роден во 1921 година во селото Добрушево кај Битола. По занимање бил кондураџија. Кон НОБ пристапил на 5 декември 1944 година. Бил борец во составот на Втората македонска бригада. Зел учество во борбите на Сремскиот фронт. Загинал на 16 април 1945 година во Кајгана.[1]

Наводи

уреди
  1. . Милош Константинов, Тодорка Спанкова (1958). Зборник на паднатите борци во народноослободителната борба од битолската околија. Битола. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)