Трајан Митревски
Трајан Митревски (роден на 7 мај 1913 година во Добрушево, Битолско - починал во 1991 година во Скопје) — професор на Православниот богословски факултет во Скопје.[1]
Трајан Митревски | ||
Роден | 7 мај 1913 Добрушево, Битолско | |
---|---|---|
Починал | 1991 Скопје, Македонија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | протојереј професор |
Животопис
уредиОсновно училиште завршил во родното место, Богословија учел во Битола (1936–1941), а завршил во Пловдив, Бугарија (1942). Дипломирал на Богословскиот факултет во Белград (1950). Ракоположен за свештеник во Битола (29. Ⅷ 1942), служел како парохиски свештеник. Бил главен воспитувач (1967), професор и ректор на Богословијата (1973–1977). При отворањето на Православниот богословски факултет во Скопје (1977) бил избран за вонреден професор во првата гарнитура професори на факултетот, а потоа и редовен професор. Тој е познат библист и апологет.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Митревски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 968. Text "series " ignored (help)