Општина Добрушево

За истоименото село, видете Добрушево.

Општина Добрушево — рурална поранешна општина во Југозападна Македонија, основана 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Могила. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Добрушево.[2]

Општина Добрушево
денес дел од Општина Могила

Поглед на селото Добрушево, некогашно општинско седиште

Знаме на Општина Добрушево Грб на Општина Добрушево
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Добрушево
Регион Пелагониски Регион
Основана 1913, 1996-2004
Службен јазик македонски
Демографија
Население 2.174[1] жит.
Населени места
Народности Македонци
Самоуправа
Контактни податоци

Населени места

уреди

Во Општина Добрушево спаѓале следниве села: Мусинци, Алинци, Путурус, Мојно, Дедебалци, Црничани, Ношпал, Будаково, Трап и Добрушево.

Население

уреди

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, општината има 2.174 жители,[1] од кои:

националност број
Македонци 1.950
Турци 216
Албанци 4
Срби 1
останати 3

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  2. 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република на Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано

уреди