Црква „Св. Димитриј“ - Дихово
Свети Димитриј — главна селска црква во битолското село Дихово.[1]
Свети Димитриј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Кукуречанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°1′57″N 21°15′49″E / 41.03250° СГШ; 21.26361° ИГД |
Место | Дихово |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитриј Солунски |
Завршено | 1830 |
Живопис | 1931 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Локално е позната како Горна Црква и градена е како патријаршистичка за време на грчката пропаганда во селото.
Опис
уредиЦрквата претставува мала трикорабна градба со интересно обликувана камбанарија прилепена на западната фасада. Апсидната конха од надворешната страна е карактеристична по високиот прозорец во средината и дванаесетте плитки ниши, поставени по шест лево и десно од него. На јужната фасада од црквата оставени се два посебни влезови од кои едниот комуницира со наосот а другиот, оној источниот, служи за дирекно влегување во олтарниот простор. Над влезот во наосот, во полукружна ниша, постои сликана претстава, со допојасјето на Свети Димитриј. Во подножјето на овој простор, насликан во поново време испишана е годината 1830. Според внатрешниот изглед на црквата, може да се заклучи дека и таа најверојатно настрадала во периодот на Првата светска војна. На ѕидовите од наосот и олтарниот простор не постојат траги од ѕидно сликарство. Иконостасот во храмот е составен од три реда на икони, кои потекнуваат од периодот помеѓу двете светски војни. На поголемиот дел од нив, испишана е 1931 годината. Сепак, како сведоштво дека црквата егзистира од постар датум се неколкуте сочувани икони од 18 и 19 век. Значајна е претставата на Распетието Христово од 1785 година, дело на познатиот корчански мајстор Константин Зограф, кој заедно со неговиот брат и близок соработник Атанас, оставиле како сведоштва на својата работа, многу насликани ансамбли и икони на териториите на денешна Албанија, Света Гора, северна Грција а присутни биле и во неколку цркви во потпелистерскиот дел, како Дихово, Велушина и Претор.
Галерија
уреди-
Влезната врата на црквата
-
Икона во дел од фасадата
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Дихово на Ризницата ?