Борис Годунов
Борис Фјодорович Годунов (руски: Бори́с Фёдорович Годуно́в; 1551-13 април 1605) бил руски цар од 1598 до 1605 година.
Борис Годунов | |||||
---|---|---|---|---|---|
Цар на Русија | |||||
На престол | 7 јануари 1598 - 13 април 1605 | ||||
Крунисување | 21 февруари 1598 | ||||
Претходник | Фјодор I | ||||
Наследник | Фјодор II | ||||
Жена |
| ||||
Деца | Фјодор II | ||||
| |||||
Династија | Годунов |
Рани години
уредиБорис Годунов е од татарско потекло, поточно од Златната орда којашто се населиле на територијата на денешна Русија, Украина и Казахстан[4] .
Борис Годунов уште како млад работел за царот Иван Грозни. Во 1571 година станал член на Опричнината, со што станал и противник на опозицијата. Во својата работа тој бил многу способен, па напредувал во својата дворска позиција. Неговиот дворски статус се зацврстил по неговата женидба со Марија Григориевна Скуратова-Белскаја, која била ќерка на Маљута Скуратов-Белскиј, а која била љубовница на царот Иван Грозни.
Во 1580 година Иван Грозни ја земал Борисовата сестра Ирина за жена на својот четиринаесет годишен син Фјодор, којшто го назначил и за свој наследник. По неколку години Иван Грозни планирал да го ожени уште еднаш Фјодор, бидејќи тој не можел да има деца со Ирина, меѓутоа во 1584 година тој починал.
На престолот дошол Фјодор I Иванович којшто не бил доволно способен да ја води државата, па знаејќи го тоа и неговиот покоен татко, Иван Грозни како регент за својот син го поставил токму Борис Годунов.
Животот како регент
уредиНа 31 мај 1584 година, Борис Годунов станал регент на новиот руски цар Фјодор I. Но, новиот цар не знаел многу добро и успешно да води политика, па тој најчесто го слушал последниот збор на својот регент.
Борис Годунов како регент успеал да извојува победа над Швеѓаните во Руско-шведската војна (1590-1595) и да освои неколку градови. Тој водел и цврста и непопустлива политика спрема Османлиското Царство за Крим.
Се смета дека неговата победа против „неговите предци“, Татарите е од многу големно значење за Русија, а по тоа тој успеал повторно да го колонизира Сибир, а по пат главно по течението на реката Волга и нејзините притоки и во западна Русија (по течението на реката Дон) изградил и градови-тврдини од кои најпознати се Волгоград, Саратов, Самара, Тоболск и Воронеж.
Животот како цар
уредиПо смртта на царот Фјодор I на 7 јануари 1598 година во Русија немало престолонаследник. За да ја спречи можната криза во скоро време московскиот патријарх Јоб го предложил Борис Годунов како најспособен за цар на Русија. На 17 февруари Народното собрание едногласно го признало, а веќе на 21 февруари станал новиот руски цар којшто официјално бил крунисан на 1 септември 1598 година.
Тој извршил големи реформи во Русија, а најзначајни се социјалните и образовните. Тој ги познавал најдобрите европски учители и ги носел на царскиот двор за да учителствуваат и во Русија.
Поради победата над Шведска уште од времето како регент, Годунов настојувал да обезбеди излез на Русија на Балтичкото Море. За таа цел тој морал да ја освои Ливонија.
Побуната против царот Борис Годунов и неговата смрт
уредиВо 1600 година, Борис Годунов го поддржал создавањето на Полско-литванската повелба што дошло до голема побуна и немири против него. Како водач на немирите се смета дека бил последниот син на Иван Грозни Димитриј Иванович којшто се смета и дека го организирал убиството на царот на 13 април 1605 во Москва.
Борис Годунов на престолот го наследил неговиот син Фјодор II којшто владеел само неколку месеци, бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко.
Наводи
уреди- ↑ Uspenskij, F. B., & Litvina, A. F. (2021). The Birthday of Boris Godunov. Studi Slavistici, 18(1), 9–18. https://doi.org/10.36253/Studi_Slavis-10605
- ↑ Pugachev, Alexey Nikolaevich (2009). Vyazemsky Territory – The birthplace of Boris Godunov (Вяземский край – родина Бориса Годунова) (руски). VF MGIU (ВФ МГИУ). ISBN 978-5902327561.
- ↑ Pugachev, Alexey Nikolaevich (25 September 2002). „Vyazma – Homeland of Boris Godunov?“. Vyazemsky Bulletin (руски). 11 (121).
- ↑ јавна сопственост: Bain, Robert (1911). . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica. 4 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 254. This cites:
- Platon Vasilievich Pavlov, On the Historical Significance of the Reign of Boris Godunov (Rus.) (Moscow, 1850)
- Sergyei Mikhailivich Solovev, History of Russia (Rus.) (2nd ed., vols. vii–viii., St Petersburg, 1897).