Василиј I Московски

Василиј I (руски:Василий I Дмитриевич) (30 декември 1371 - 27 февруари 1425) бил Голем кнез на Москва од 1389.

Василиј I
Голем кнез на Москва
На престол19 мај 1389 – 27 февруари 1425
ПретходникДмитриј I
НаследникВасилиј II
Роден(а)30 декември 1371(1371-12-30)
Москва, Големо московско кнежевство
Починал(а)27 февруари 1425(1425-02-27) (возр. 53)
Москва, Големо московско кнежевство
ConsortСофија Витовтовна
ДецаАна Московска
Јуриј Василевич
Иван Василевич
Анастасија
Данаил Василевич
Васила
Симеон Василевич
Марија
Василиј Василевич
династијаДинастија Рурик
ТаткоДимитриј Донски
МајкаЕвдоксија Димитриевна
Вероисповедправославие

Тој бил најстариот син на Дмитриј Донски и Големата принцеза Евдокија којашто била ќерка на Дмитриј Константинович од Нижни Новгород. По смртта на неговиот татко, тој станал голем кнез на Москва и Владимир без да почека потврда од страна на Златната орда, на која бил вазал. По Опсадата на Москва во 1382 година, тој останал заробеник во монголскиот дворец, до успешното му бегство во 1386 година. Ова бегање на крајот му било простено главно поради нападот на Тимур врз Златната орда.

Василиј I продожил со поврзувањето на руските земји. За да ја намали опасноста од можните напади на Златната орда, во 1392, Василиј склучил сојузништво со Големото кнежевство Литванија и се оженил со Софија Витовтовна, единствената ќерка на кнезот Витаутас Велики. Веднаш по ова, тој во 1392 година ги освоил градовите Нижни Новгород и Муром, а од 1397 до 1398, истото го сторил и со градовите Калуга, Вологда, Велики Устјуг со територијата на која живеел народот Коми. Крајот на независноста на Новгородската Република бил проследен со еден значаен настан. Кога новгородскиот кнез сакал да се спротивстави на московската армија која се приближувазла кон градот, неговите бојари му сопштиле дека е најдобро да тој ја признае власта на Василиј, и му дале на знаење дека нема да го поддржат при определен напад. Присоединувањето на Нижни Новгород и дало можност на Москва да се зацврсти во областа на средна Волга.

По четригодишен успех, Василиј I решил да прекине со војувањата и да се препушти на собирање финансии за идни походи. Во 1395 година одлучил повеќе да не плаќа данок на Златната орда. Истата година, Тимур ги нападнал словенските територии. Тој особено напаѓал во регионите по течението на реката Волга, но не подготвувал напад на Москва. Тимуровиот напад и послужил на Русија да ја загрози Златната орда, која во наредните 12 години била во состојба на анархија.

Порази

уреди

Постојаното ширење на земјата во првите десетина години од управувањето на Василија довело до голема грижа кај соседите, особено кај кнезот на Литванија кој претходно како сојузник, започнал да зазима неутрална страна. Така, во 1403-1404 година Василиј ги изгубил градовите Смоленск и Вјазма. По овој пораз од Литванија и крај на нивното сојузништво со Москва настапила Златната орда која во 1408 година со својата армија пристигнала дури до реонот на престолнината Москва.

Поради ова напредување бил побаран мировен договор според кој московскиот кнез бил повторно обврзан да плаќа годишен данок на монголскиот хан, а и самиот Василиј морал во 1412 година да замине во престолнината Сарај за да му се поклони.

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I  
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II  
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов  
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин