Разговор за Википедија:ВикиПроект Филм/Архива 1
Па гледам другите не даваат идеи па тогаш............
уредиВака гледам другите не почнуваат затоа јас имам идеа. Што се однесува до ТВ сериите сакам да ги организираме повеќе. Вака немораме да „крадеме“ се од англиската википедија или било која друга. Луѓето кој имаат познавање односно кои се фанови на таа серија можат да придонесат со тоа што тие ќе го напишат тоа што го знаат за одредената серија. Односно ќе можат да ги прикажат ликовите и серијата од македонска страна. И би сакал да се договориме дека нема на кое друго место ова да го кажам дали да ставаме информации за некоја серија која не достигнала до таа точка кај нас. Пример серијата Вовед во анатомија кај нас е во втората сезона а во Америка веќе 5. Дали да ставам информации и за сезоните кој не се дојдени кај нас туку да ставам само информации како напредува серијата кај нас. Ова го мислам бидејќи Википедија е екциклопедија а не трачарско списание или блог каде можеш да дознаеш секакви трачеви. А што се однесува до статиите за македонски филм и слично би сакал да прашам дали некој има заинтересиран за тоа бидејќи мислам нема заинтересирани за тие работи ФАЛА!
Се надевам овој проект ќе успее Корисник:SmartM&M 23:19 16 мај (UTC)
- За ТВ сериите: тие се вклучени во проектот и сите фанови и ентузијасти слободно можат да ги уредуваат. Дури можете да додадете листа на ТВ серии на содржината за обработка за да се знае што е потребно да се сработи. Не гледајте на земањето информации од англиската или било која друга Википедија како „крадење“. Не може да се уредува статија со тоа што секој „ќе го напише она што го знае“, туку секогаш, секогаш мора да се наведат конкретни, објавени извори (види ВП:Цитирајте извори). Токму затоа Викепедија е „енциклопедија“, а не „трачерско списание“; иако сите можат да ја уредуваат, информациите секогаш треба да бидат проверени. Така се гради кредибилитет и верба кај просечниот читател кој ќе проба да најде некоја информација на ВП. Што се однесува до содржината, наведувај ги СИТЕ сезони кои се издадени за некоја серија, па дури и за оние кои сѐ уште се во изработка. Не можеш да се ориентираш според тоа до која сезона се дава серијата на нашите простори. За информации поврзани со расплетот и содржината, задолжително МОРА да се додат шаблони кои тоа јасно го одредуваат (види примери: Пријатели, Касапски кучиња). Соодветните шаблони се {{Разоткривање}} и {{endspoiler}}. Што се однесува до статиите поврзани со македонскиот филм, јас сметам дека тие заслужуваат посебно место во овој проект, бидејќи тоа е наша, сопствена култура и затоа ние треба да ја дефинираме. Сега можеби не се уредени многу страници за македонскиот филм, но тоа ќе се промени во иднина. Овие статии никако не смеат да бидат заборавени. --Brainmachinewtf? 11:33, 17 мај 2008 (UTC)
- Во листа на филмови, странски ставив Хари Потер и Полу-крвниот Принц. Бев предупреден дека именките треба да бидат со мали букви но овде станува збор за сопствена именка, лично име затоа.. (Delix)
Зошто не ги ставиме и сериите?
уредиЗошто не се ставени сериите овдека или овој проект не вклучува серии? Пишува дека вклулчува ама никаде нема листа на серии.
Би сакал да помогнам за Хари Потер.
уредиЗнам се за тој филм. Ги имам прочитано книгите и знам општо за ликот. Би сакал да ми помогнеш да формирам Хари Потер портал. Сега планирам да завршам некои работи кај сериите и потоа сум слободен да се вклучам во овој проект целосно фала! Ако можеш да ми помогнеш за порталот бидејќи сум нов на ВИКИПЕДИЈА. Фала.
Важно! Портал:Филм
уредиЛуѓе, дај да не се зафркаваме, да се фатиме за работа. Немаме избрана статија, биографија, ни слика ни цитати. Стојат само празни шаблони. За цитати е лесно, одиш на IMDb.com, кликаш quotes и преведуваш. И гледаш да е за некоја статија што ја имаме, за да не биде ептен со црвени линкови сѐ. Слично е и за Дали сте знаеле.., само што ќе бараш trivia. И за слика исто така е лесно, едноставно барајте по англиската википедија, ако ја најдете во комонс, уште подобро, ако не, подигнете ја и да внимаваме, мора да има лиценца и опис! Остануваат избрана статија и избрана биографија. Мојот предлог е овој - бидејќи немаме ризница на статии кои ги задоволуваат критериумите за да бидат одбрани (реалноста е дека немаме ниту една!!!), секој месец да се договораме за 2 теми - една статија и една биографија. На пример, овој месец ќе пишуваме за 300 (филм) и за Џорџ Лукас. И сите членови на проектот ќе работат на овие две статии во текот на месецот, паралелно со другата работа, сѐ додека не ги завршиме. Вака ако ја поделиме работата ќе биде многу полесно: на пример, еден ќе пишува за синопсисот, друг за продукцијата, трет за животниот пат итн. Ќе имаме цел месец време за 2 статии! Што е многу! Што значи работата нема да ја осетиме, а ќе си имаме секој месец 2 квалитетни, потполно уредени статии на порталот, да ти биде ќеф да ги читаш. Само фали да се организираме и да почнеме. А, секако, да не ги заборавиме и другите обврски, како што се редовното создавање на никулци (барем тоа е лесно, никулците), сѐ додека не ги елиминираме сите црвени линкови во листата од проектот. Важно е да се фокусираме и на нови филмови, кои сега излегуваат или се прикажуваат, бидејќи тие ќе го добиваат поголемото внимание на интернет, а со тоа и на википедија. Уште и за предлогот да ставиме некои вести од филмскиот свет на порталот, и тоа ќе треба да го средиме, исто така не би било тешко, слично на сликите, цитатите и дали сте знаеле. Би сакал да ги видам вашите коментари, дали ќе се нафатите на мојот предлог. Ако работата оди брзо и ефикасно, тогаш временскиот период би можеле да го скратиме на 2 недели, што значи 4 квалитетни статии ќе имаме секој месец. Но, да не ве исплашам многу со скратувањето на рокови, само предлог давам. ;) Поздрав, --Brainmachinewtf? 13:12, 7 јуни 2008 (UTC) п.с - очекувам фидбек на ова
Синопсис
уредиЌе напишам опширни синопсиси овие денови за Паркот Јура, В за вендета, Кога јагнињата ќе стивнат, Прекрасен ум итн. Би напишал за „300“, ама некако е потежок текстот... --Игор 13:27, 7 јуни 2008 (UTC)
- Ок, слободно пишувај, супер е тоа! Јас 300 го дадов како пример само, ќе се договориме кои филмови ќе ги унапредуваме до избрани статии. Ако нешто ви е тешко, кажувајте за на помош. --Brainmachinewtf? 14:13, 7 јуни 2008 (UTC)
Се согласувам со тебе но имам мал проблем!
уредиТука сум за преведување лиценцирање средување и се и сешто што е во мои раце (иако сум почетник си знам благодарение на Инкбус). Него што се договоривме за суб порталот Хари Потер како да почнеме тој другар ти Деликс не ми одговара ако барем ми одговореше да се договоревме што како не е проблем јас ќе организирам и ќе се погрижам да работи тој суб портал. А што се однесува на овој портал јас ништо не сум информиран сакам да знам дали смеам да менувам во порталот на пример кај слика на неделата или видете исто така (знам дека смеам но сепак сигурно неам право коа сакам да си ставам слика и ко што глеам нема ништо во таа страница за разговор) Фала од напред и поздрав! --Макс(разговор) 18:44, 7 јуни 2008 (UTC)
- Вака, Википедија е волонтерска работа и јас не можам никој да присилувам да работи. Кога Delix ќе се посвети на пишување статии, вие двајцата ќе си се координирате и ќе си пишувате. Јас ви бев сводник, ве „кандисав“, сега на вас е да си се договорите што, како. Ќе го потсетам јас него ;) А чекајте малку за суб-портали, ние овој не можеме да го оправиме. --Brainmachinewtf? 14:01, 8 јуни 2008 (UTC)
Избирање на статија и биографија
уредиО-кеј народе, сега вака ќе направиме. Бидејќи никој не дава предлози , јас давам два предлога за доведување на статии до статус на избрани. Можете да гласате, за или против или пак воздржан, или да давате свои предлози. Знаете како оди, {{За}} {{Против}} {{Воздржан}} и {{Коментар}} Мојот избор за овој месец е:
- Евтини приказни (за избрана статија)
Гласови:
- --Brainmachinewtf? 14:01, 8 јуни 2008 (UTC)
- --Игор 14:14, 9 јуни 2008 (UTC)
- Стивен Спилберг (за избрана биографија)
Гласови:
- --Brainmachinewtf? 14:01, 8 јуни 2008 (UTC)
- --Макс(разговор) 17:23, 8 јуни 2008 (UTC)
- --Игор 14:14, 9 јуни 2008 (UTC)
Јас секако веќе ги почнувам овие, ако ги изберете ќе си ги поделиме задачите. Ако избереме други статии, пак ќе си ги поделиме задачите. ВАЖНО ДА ИЗБЕРЕМЕ 2 СТАТИИ И ДА ПОЧНЕМЕ! --Brainmachinewtf? 14:01, 8 јуни 2008 (UTC)
Распределба на задачите
уредиОк, јас мислам дека овие две статии ќе свршат работа. Макс и Игор, вас ве задолжувам за Стивен Спилберг. Додавајте материјал, преведувајте, бидејќи статијата е тапа никулец. Ориентирајте се по англиската википедија, обавезно додавајте референци и извори. Јас се грижам за Евтини приказни моментално, ако ми треба помош ќе ве викам. Ок? --Brainmachinewtf? 15:49, 9 јуни 2008 (UTC) п.с. Ах, да, и ESC ако го чита ова, нека се приклучи на било која статија или да најде слика+дали сте знаеле, цитатот што го даде е супер.
- За Спилберг, од Stylе па надолу ќе се обидам сѐ да преведам овие денови, а ќе дополнам и други статии. Малку ќе бидам зафатен поради државната матура, првите испити ми се оваа недела, но до крајов на неделава ќе биде. --Игор 20:11, 9 јуни 2008 (UTC)
- Ок, нема проблем. Со среќа на матурата! ;) --Brainmachinewtf? 20:16, 9 јуни 2008 (UTC)
Аха, цитатот го најдов на ИМДБ, а бидејќи Покајание ми е еден од омилените филмови се потрудив да најдам добар цитат од него :)... се надевам дека ви се допадна. Патем, ќе најдам и Дали сте знаеле, а за каква слика станува збор? Не разбрав баш најдобро. Исто така ќе уредувам и некои статии како што ја направив за Покајание комплетен садржај со внимание на споилер. Направив уредувања на статијата за Сексот и градот и др. Овие денови бидејќи распустот е во тек (конечно) ќе правам нови статии, за стари и нови филмови.
Поздрав, и се најдобро, Игор со среќа на испитот.
Следни статии
уредиКои статии предлагате да го средиме за следни избрани статии? --Игор 11:29, 19 јуни 2008 (UTC)
- Вчера го гледав (повторно) Добриот, лошиот и грдиот, еден од најдобрите вестерн филмови на цел свет. Тоа може за филм, а за биографија, Џек Николсон, еден од најхаризматичните актери на цел свет. :D Ах, да не заборавам, го имам во план и Клуб на борци (филм) (Fight Club). --Brainmachinewtf? 12:51, 19 јуни 2008 (UTC)
- OK, ќе преведам нешто за тие статии. --Игор 16:24, 19 јуни 2008 (UTC)
За подигнување на слики
уредиДечки, да ви се пофалам. :D Бидејќи за статиите за филмови сликите кои ги подигнуваме се или за скриншотови или за постери, од сега па понатаму подигнувањето на такви слики ќе биде навистина едноставно со помош на :тапани: ...та-даааа! --> {{ф_скриншот}} и {{ф_постер}}. Кога подигнувате скриншот од филм, само внесете го следниот код во полето Опис:
{{subst:ф_скриншот|Именастатија|http://www.filmskisliki.com/slika34}}
Именастатија - тоа е насловот на статијата во кој се употребува сликата (внесувајте го целото име, на пр. ако е за Казабланка ќе внесете Казабланка (филм)) а вториот параметар е вебсајтот каде сте ја пронашле сликата (односно изворот на сликата). Истиот принцип е и за подигнување на филмски постери:
{{subst:ф_постерИменастатија|http://www.primer.com/nekojasislika}}
Ако нешто не ви е јасно околу употребата на овие шаблони, прашајте. Патем, давајте барања за уште какви други видови на слики да направиме шаблони, на пример за скриншот од телевизиска серија или за насловна шпица од тв серија. Можеби за лик, промотивна фотографија (но тие ќе сакаат плус некој параметар за внесување, како на пример за издавачот). Ајде поздрав. --Brainmachinewtf? 10:23, 5 јули 2008 (UTC)
ПС: Ако може дa се ангажираме околу Добриот, лошиот и грдиот, што ни е избрана статија за сега, треба да се надопoлни малце. ППС: Ќе треба да мислиме и за статии за август. Џек Николсон уште стои, го зедов Квентин Тарантино (типично од моја страна) за биографија бидејќи за него највеќе имаше напишано. --10:23, 5 јули 2008 (UTC)
- Супер се шаблониве браво!!! Ќе видам за Џек Николсон. --Макс(разговор) 13:06, 6 јули 2008 (UTC)
- Премалку е да се каже дека ова ја олеснува работата. Brainmachine - треба да ти доделам некое признание. Само прво треба да го направам. --Виктор Јованоски 13:59, 7 јули 2008 (UTC)
Да го заштитиме своето!!!
уредиСите членови на овој проект сигурно уживаат да гледаат странски филмови бидејќи јас да уживам. Сите гледаме и серии и се ангажираме околу нив. Јас лично највеќе за странски серии се ангажирам но сакам да кажам дека треба да се ангажираме околу македонските статии за филм. Наши филмски церемонии (кои за жал се многу ретки) наши филмови (кои исто така се малку и за секој нов филм медиумите веднаш креваат „прашина“ како да сме направиле којзнае што) и др. Иако и јас уживам во странските серии морам да признаам и највеќе пишувам за нив мислам дека мора да направиме нешто за македонските затоа кој има информации нека става сакал нејќел само да го сочуваме нашето. За август нека биде нешто од македонските еве Brainmachine нека одлучи кој и нека организира. Знам дека и тие се вклучени во проектот но не ги чепкаме многу поточно ич не ги пипкаме. Позз се надевам дека ме подржжувате --Макс(разговор) 12:21, 11 јули 2008 (UTC).
- Многу проблематични се македонските филмови - и на ова треба особено да се поработи. Има Википедија статии за многу само што ниту една не содржи оригинален текст - сите (и којзнае дали можам да кажам, со чест на исклучоците), сите се преземени (copy-paste) од Македонскиот Информациски Филмски Центар (да речеме, види го текстот за Пред дождот кај нас и текстот за истиот филм на МИФЦ). А искрено се сомневам дека некој има прашано за дозвола за користење на текстовите. Еднаш со INkubusse зборувавме за средување, но не се сеќавам дека направивме нешто повеќе од едно полу-средување на Јужна патека. И кога сме веќе кај македонските филмови, да напоменам уште дека јас имам направено еден шаблон {{МИФЦ}} (искористен е само на две-три места - Јужна патека, Мис Стон, Среќна Нова ’49) --Виктор Јованоски 14:05, 11 јули 2008 (UTC)
- Видете, сѐ убаво, но како што кажа Виктор, малце се проблематични овие статии. Ова не е едноставно, копирај од англиската и преведувај. Ги нема тие статии на англиската, треба сам да ги напишеш. Овде доаѓа до израз вистинскиот википедијански дух, да бараш на интернет текстови за да ги цитираш во статијата, да напишеш сам свој синопсис, да одиш до библиотеката и да позајмуваш книги само за да вклучиш некој текст, па да праќаш мејлови но некој сајт за да добиеш дозвола за материјал. Доста работа е тоа и е навистина интересно. Кога ќе напишеме оригинален текст, тогаш тие статии ќе ги напишеме и не само овде, туку и на англиската википедија. Јас немам време за таков потфат моментално, можеби некогаш, на некој убав сончев ден, ќе дојде и за тоа редот. Макс, ако си заинтересиран, можеш да пробаш, најкраен тест за тоа дали си успешен е ако ја ставиш статијата на англиската вики и не ти ја избришат. :D --Brainmachinewtf? 14:37, 11 јули 2008 (UTC)
- Значи, пратив mail до м-р Игор Старделов, раководител на филмскиот архив на Кинотека на Македонија и денес добив одговор во кој ми беше соопштено дека Македонскиот информациски филмски центар, се согласува, или ако сакате, дава дозвола, содржините од нивниот сајт да бидат користени за македонската верзија на Википедија. Сепак, истовремено беше прашано дали е возможно да се даде назнака дека текстот во соодветната статија е преземен (во целост или делумно) од страницата на МИФЦ и мислам дека најмалку што можеме да направиме е некој шаблон од видот на {{1911}}. Доколку сакате да ја видите во целост кореспонденцијата - погледнете овде.
Кореспонденцијата со МИФЦ
уредиСо цел да се спречи какво и да е прекршување на авторски права, а истовремено и да се овозможи збогатување на Википедија со статии поврзани со македонските филмови (односно, во случајов, да се спречи нивното бришење), беше пратена порака до м-р Игор Старделов, раководител на филмскиот архив на Кинотека на Македонија. Во продолжение следи целосната кореспонденција:
- Почитуван г-не Игор Старделов,
- Од името на уредувачите на Википедија - чија македонска верзија е (како што верувам веќе сте запознаени) достапна на адресата http://mk.wikipedia.org - се обраќам со цел да посочам на еден проблем кој го затекнавме при разгледувањето на статиите објавени на гореспоменатата енциклопедија, а кој претпоставувам дека директно Ве засега и Вас и сите кои посредно или непосредно се поврзани со уредувањето на страницата на [www.maccinema.com Македонскиот Информациски Филмски Центар] - од каде, впрочем, и ја добивме Вашата адреса.
- Самиот проблем, во основа, се состои во тоа што голем дел од статиите за македонските филмови на македонската Википедија имаат во целост преземено текстови од страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар (како еден класичен пример, би можеле споредбено да ги разгледате статијата за Пред дождот кај нас и текстот за истиот филм на МИФЦ). Засега не бевме во можност да откриеме дали се работи за дозволено користење на текстовите објавени на Вашата страница, па претпоставуваме дека се работи за прекршување на авторски права. Бидејќи истово е, без сомнение, нелегален акт - самите статии, по правило, би требало да бидат избришани.
- Со цел да се избегне бришењето на овие статии од Википедија - што за повеќето љубители на македонските филмови и македонската култура, воопшто, би било и нејзино осиромашување - би сакале да знаеме дали би ни дале дозвола слободно да ги користиме содржините од Вашиот веб сајт. Бидејќи неодамна беше започнат и ВикиПроектот:Филм - ваквата дозвола би била и повеќе од добредојдена. Пред да ја донесете Вашата одлука, секако, морате да знаете дека материјалите од Википедија подлежат под таканаречената GNU Free Documentation Licenѕe (за повеќе информации видете овде - http://www.gnu.org/copyleft/fdl.html) и дека самата Викимедија Фондација е непрофитна организација (http://wikimediafoundation.org/wiki/Home). Доколку, пак, не сте во можност сами да ни дадете дозвола, би сакале да ни посочите личност со која би требало да контактираме по истата тема.
- Истовремено, би сакале да Ве увериме дека доколку сметате дека какво и да е користење на текстовите од страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар во рамките на која и да е статија на Википедија е недозволиво - статиите кои Ви ги посочивме ќе бидат избришани или потполно преработени во истиот момент кога Вие ќе ни ја соопштите Вашата одлука.
- Со почит,
- Виктор Јованоски,
- администратор на Википедија на македонски јазик.
- Здраво
- Кинотеката на Македонија, и нејзините соработници кои се директно „виновни“ за креирањето и одржувањето на Македонскиот информациски филмски центар, се согласува, или ако саката, дава дозвола, содржините од нашиот сајт да бидат користени за македонската верзија на Википедија.
- Бидејќи не знам каква е праксата, би ве замолил да ми одговорите дали е возможно некаде да се напише или стави некаков знак дека текстовите се користени од нашата страна.
- Со почит,
- М-р Игор Старделов
- Раководител на филмскиот архив
- Кинотека на Македонија
- Никола Русински бр.1, П.ф.16
- 1020 Скопје
- Тел: + 389 2 3071-814
- Факс: + 389 2 3071-813
- www.maccinema.com
- Почитуван г-не Игор Старделов,
- Најпрво, во име на целиот тим на уредувачи на Википедија, да ја изразам благодарноста кон Вас и сите вклучени во оддржувањето на страницата на Македонскиот Информациски Филмски Центар за тоа што ни дозволивте да ги користиме содржините од Вашиот сајт.
- Секако дека се сложуваме да ставиме назнака дека текстот е преземен од Вашиот сајт - тоа, впрочем, е најмалку што можеме да направиме. Не е сосема соодветен, но доколку сакате да видите пример за тоа како би изгледало, видете, на пример, овде. Имено, еден дел од статиите на Википедија, користат текст од единаесеттото издание на Енциклопедијата Британика (публикација сега во јавниот домен) и кај сите е напоменат токму тој факт. Сепак, во овој случај, назнаката ќе биде многу поочигледна и веројатно ќе ја поставиме на врвот на самата статија. Всушност, во мигот кога истата ќе биде направена и употребена, ќе бидете известени. Истовремено, секоја од статиите ќе содржи и линк до соодветната статија на Вашиот сајт во соодветната секција (надворешни врски) - веќе е изработен шаблон со таква намена ({{МИФЦ}}) и истиот е веќе на неколку места употребен (можете да видите, на пример, на статијата за Јужна патека).
- Уште еднаш голема благодарност.
- Со почит,
- Виктор Јованоски,
- администратор на Википедија на македонски јазик.