Голф на Летните олимписки игри 2020
Голфот на Летните олимписки игри 2020 во Токио, Јапонија ќе биде опфатен со два настани, индивидуални турнири за мажи и жени.[1]
Голф на Летните олимписки игри 2020 | |
---|---|
Место | Касумигасеки кантри клуб |
Денови | 29 јули – 1 август 2021 (мажи) 4–7 август 2021 (жени) |
Бр. на настани | 2 |
Натпреварувачи | 120 од 42 земји |
Голфот се вратил во олимписката програма на претходните игри, за првпат по далечната 1904 година. Квалификацискиот систем за игрите во 2020 година и форматот на натпреварување на настаните биле истите оние кои што биле користени во 2016 година. 60 играчи се квалификувале за секој настан, кој се состоел од индивидуален турнир за играње со 72 дупки, одигран во текот на четири дена. Машкиот турнир се одиграл прв, почнувајќи од 29 јули, а женскиот започнал на 4 август.
Место
уредиТурнирите се играле во Источниот дел на Јапонија во Касумигасеки кантри клубот.[2]
Квалификации
уредиКвалификациите биле врз основа на светските рангирања на 21 јуни 2021 година (мажи) и 28 јуни 2021 година (жени), со вкупно 60 играчи кои се квалификувале за машкиот и женскиот настан. Првите 15 играчи од секој пол се квалификувале, со ограничување од по четири голфери по земја коишто би можеле да се квалификуваат на овој начин. Останатите места им припаднале на највисоко рангираните играчи од земјите кои сè уште немале двајца играчи квалификувани за овој спорт. Меѓународната голферска федерација (ИГФ) гарантирала дека ќе се квалификува најмалку еден голф играч од земјата домаќин како и од секој географски регион (Африка, Америка, Азија, Европа и Океанија). ИГФ објавила неделни списоци на квалификации врз основа на тековните рангирања за мажи и жени.[3]
Распоред
уреди1Р | Прва рунда | 2Р | Втора рунда | 3Р | Трета рунда | 4Р | Четврта рунда/Финале |
Турнир↓/Дата → | 29 јул | 30 јул | 31 јул | 1 авг | 2 авг | 3 авг | 4 авг | 5 авг | 6 авг | 7 авг |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Мажи поединечно | 1Р | 2Р | 3Р | 4Р | ||||||
Жени поединечно | 1Р | 2Р | 3Р | 4Р |
Земји учеснички
уреди- Аргентина (1)
- Австралија (4)
- Австрија (3)
- Белгија (3)
- Канада (4)
- Чиле (2)
- Кина (4)
- Кинески Тајпеј (3)
- Колумбија (2)
- Чешка (2)
- Данска (4)
- Еквадор (1)
- Финска (4)
- Франција (4)
- Германија (4)
- Велика Британија (4)
- Хонгконг (1)
- Индија (4)
- Ирска (4)
- Италија (4)
- Јапонија (4)
- Малезија (2)
- Мексико (4)
- Мароко (1)
- Холандија (1)
- Нов Зеланд (2)
- Норвешка (3)
- Парагвај (1)
- Филипини (3)
- Полска (1)
- Порторико (2)
- ЈАР (3)
- Јужна Кореја (6)
- Словачка (1)
- Словенија (1)
- Шпанија (4)
- Шведска (4)
- Швајцарија (2)
- Тајланд (4)
- САД (8)
- Венецуела (1)
- Зимбабве (1)
Освојувачи на медали
уредиМедалисти по настани
уредиНастан | Злато | Сребро | Бронза |
---|---|---|---|
Мажи поединечно подробно |
Ксандер Шауфел САД |
Рори Сабатини Словачка |
Пан Ченг-цунг Кинески Тајпеј |
Жени поединечно подробно |
Табела
уредиНаводи
уреди- ↑ „Tokyo 2020: Golf“. Посетено на 13 July 2018.
- ↑ „Tokyo 2020 Olympic Golf Course“. International Golf Federation. Архивирано од изворникот на 2023-07-10. Посетено на 7 July 2021.
- ↑ „Tokyo 2020 Olympic Golf Rankings“. IGF. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2021-07-29.
- ↑ „Schedule - Golf Tokyo 2020 Olympics“. Olympian Database. Посетено на 1 April 2021.
- ↑ „Golf Competition Schedule“. Tokyo 2020. Посетено на 1 April 2021.