Света Марина

светица
(Пренасочено од Огнена Марија)

Светата маченичка Марина (кај народот позната како Огнена Марија) е ранохристијанска светица. Меѓу католиците е позната како Света Маргарита.

Света маченичка Марина
Маченичка
Роден(а) 289, Антиохија, Писидија
Починал(а) 304 (15 г.)
Слава 17 јули (стар стил)
30 јули (нов стил)
Потиснат католички култ 1969[1]

Живот

уреди
 
Икона на Света Марина

Света Марина е родена во Антиохија, Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушнала за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Таа се заветувала дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакала да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замразил заради нејзината вера и не ја сметал за ќерка.

Кога царскиот намесник Олимвриј дознал дека е христијанка, побарал од неа да му биде жена, а кога го одбила ѝ наредил да им се поклони на идолите, при што таа повторно одбила. Тогаш Олимвриј ја подложил на маки и ја фрлил в затвор.

Во затворот ѝ се јавил најпрво ѓаволот како страшна змија и ѝ се намоткал околу главата. Но, штом светителката се прекрстила, змијата се распукнала и исчезнала. Другиот ден безумниот судија ја мачел во оган и во вода, но Марина сè претрпела. Најпосле била осудена на смрт со меч.

Наводи

уреди
  1. Mary Clayton; Hugh Magennis (15 September 1994). The Old English Lives of St. Margaret. Cambridge University Press. стр. 3. ISBN 978-0-521-43382-2.