Аеродром Рим Фјумичино
Меѓународниот аеродром Леонардо да Винчи — Фјумичино (итал. Aeroporto Leonardo da Vinci di Fiumicino) (IATA: FCO, ICAO: LIRF) се наоѓа во близината на Рим, е најпрометниот италијански аеродром со 32.945.223 патници опслужени во 2007 година. Се наоѓа во местото Фјумичино, на некои 35 километри оддалеченост од центарот на Рим. Аеродромот е единствена база на италијанскиот национален авиопревозник Alitalia.
Леонардо да Винчи Аеродром Рим Фјумичино Aeroporto Internazionale di Roma-Fiumicino "Leonardo da Vinci" | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||||||||||
Тип | Јавен | ||||||||||||||||||
Сопственик | Mundys | ||||||||||||||||||
Оператор | Aeroporti di Roma | ||||||||||||||||||
Опслужуван град | Rome metropolitan area / Vatican City | ||||||||||||||||||
Местоположба | Fiumicino, Lazio, Italy | ||||||||||||||||||
Отворен | 15 јануари 1961 | ||||||||||||||||||
Јазол за | |||||||||||||||||||
Operating base for | |||||||||||||||||||
Надморска височина | 15 ft / 5 м | ||||||||||||||||||
Координати | 41°48′01″N 012°14′20″E / 41.80028° СГШ; 12.23889° ИГД | ||||||||||||||||||
Мрежно место | adr.it | ||||||||||||||||||
Maps | |||||||||||||||||||
Airport map | |||||||||||||||||||
Click on the map to see marker | |||||||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Статистика (2023) | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Source:[1] |
Историја
уредиАеродромот беше официјално отворен на 15 Јануари 1961 година, во тоа време со две писти, заменувајќи го многу помалиот Рим Чампино аеродром, кој сѐ уште е во сервис, но најмногу за чартер и ниско буџетни компании. Во текот на првата деката, Alitalia инвестираше многу средства на аеродромот, и во тој период уште една писта (16L/34R) беше додадена. Моментално на аеродромот оперираат четири писти, 16L/34R и 16R/34L (одделени со дистанца од 4000 метри), 16C/34C (во близина на 16L/34R), се користи како замена на 16L/34R, и 07/25, која се користи само во услови на непријатен ветер. Терминалот исто така беше дограден во 90-тите години на минатиот век:
-1991: Отворање на домашното крило со 12 порти (Крило А);
-1995: Отворање на меѓународното крило со 10 порти (Крило Б);
-1999: Отворање на западен сателит со 11 порти (Сателит Ц) и интерен воз кој го поврзува сателитот со главниот терминал;
-2000: Отворање на нов домашен терминал (Терминал А). Реорганизација на терминалните згради, кои сега се состојат од: терминал А (и крило А), терминал АА, терминал Б (и крило Б), терминал Ц (и западен сателит);
-2004: Отворање на нов карго терминал наречен Cargo City;
-2008: Отворање на терминал 5 (950,000 патници годишно). Продолжена работа на отворање на крило Ц;
Идни планови:
- Обнова на писта 1 за сообраќај на авиони од типот на Airbus A380, комплетирана;
- Втора зграда за авиокомпаниите и вработените на аеродромот;
- Завршеток на енергетски систем, еколошки чист, кој ќе му овозможи на аеродромот сам да произведува енергија;
- Ново крило Ц (исклучиво за меѓународен сообраќај) со 16 дополнителни порти, да биде комплетиран до 2010 за да се овозможи очкуван растеж од денешните 38 милиони патници годишно на 55 милиони патници до 2018 година;
Tранспортација
уредиАеродромот е оддалечен некои 35 километри од центарот на Рим. Аеродромот е опслужен од железничка линија оперирана од TrenItalia, која е достапна од терминалот на аеродромот. За околу 30 минути се стигнува до станицата Термини, централната железничка станица во Рим.
Аеродромски несреќи и инциденти
уредиОд некаде 1960 до 1980 година, аеродромот беше мета на Израелско - Палестинските конфликти.
- На 17 Декември 1973 година, авион на Американската авиокомпанија Pan Am, беше нападнат од Палестински терористи. 30 лица загинаа од фосфорната бомба која беше активирана неколку моменти пред полетувањето.
- На 27 Декември 1985 година, за време на терористичките напади на аеродромите во Рим и Виена, терористите убија 16, а ранија 99 патници на аеродромот.
- На 2 Април 1986 година, авион на Trans World Airlines, кој леташе на линија од Рим до Атина, беше бомбардиран, при што 4 лица загинаа. Аеродромот безбедно слета на аеродромот.
- На 17 Октомври 1988 година, авион на Uganda Airlines, кој сообраќаше на линијата Лондон Гетвик преку Рим до Ентебе, Уганда, се урна за време на слетувањето на аеродромот. 26 од 45 лица во авионот загинаа, меѓу кој и 7 члена на екипажот.
Авиокомпании и одредишта
уредиТерминал А
уреди- Air Alps (Анкона, Болцано, Кунео, Римини)
- Alitalia (Анкона, Бари, Бергамо, Болоња, Бриндизи, Катанија, Фиренца, Џенова, Ламезија Терме, Милано Линате, Наполи, Палермо, Пиза, Реџо Калабрија, Трст, Торино, Венеција, Верона)
- оперирано од Alitalia Express (Парма)
- Meridiana (Каљари, Милано Линате, Олбија, Верона)
Терминал AA
уреди- Blu-express (Бари, Катанија, Милано Малпенза, Ница, Торино)
- EasyJet (Лондон Гетвик [започнува 3 ноември], Милано Малпенза [започнува 3 ноември])
- MyAir (Букурешт Банеаса)
- TUIfly (Хановер, Меминген)
- Wizz Air (Будимпешта, Клуж Напока, Софија)
Терминал Б
уреди- Aegean Airlines (Атина)
- Air Europa (Мадрид)
- Air France (Бордо, Лион, Марсеј, Париз, Тулуза)
- Air Malta (Малта, Реџо Калабрија)
- Alitalia (Амстердам, Атина, Барселона, Берлин Тегел, БРисел, Будимпешта, Франкфурт, Лисабон, Мадрид, Малага, Милано Малпенза, Малта Луга, Минхен, Ница, Париз Де Гол, Прага, Солун, Валенсија, Виена, Варшава)
- Austrian Airlines (Виена)
- Blue Air (Бакау, Букурешт Банеаса)
- Brussels Airlines (Брисел)
- Finnair (Хелсинки)
- Flyglobespan (Единбург)
- Germanwings (Келн/Бон, Штутгарт)
- Iberia (Мадрид)
- KLM (Амстердам)
- Lufthansa (Диселдорф, Хамбург, Франкфурт, Минхен)
- Luxair (Луксембург)
- Norwegian Air Shuttle (Осло, Варшава)
- SAS (Копенхаген, Осло, Стокхолм Арланда)
- Sterling (Билунд, Копенхаген, Осло, Стокхолм Арланда)
- Swiss International Air Lines (Женева, Цирих)
- TAP Portugal (Лисабон, Порто)
- Vueling Airlines (Барселона, Гранада, Мадрид, Малага, Париз де Гол, Севиља)
Терминал Ц
уреди- Aer Lingus (Белфаст, Корк, Даблин)
- Aeroflot (Москва Шереметјево)
- Aeroméxico (Град Мексико, Монтереј)
- Aerolíneas Argentinas (Буенос Аирес)
- Afriqiyah Airways (Tриполи)
- Air Algérie (Алжир)
- Air Canada (Торонто)
- Air China (Пекинг, Шангај)
- Air Moldova (Кишинев)
- Air Transat (Монтреал)
- AirBaltic (Рига, Вилнус)
- Alitalia (Акра, Алжир, Бејрут, Белград, Востон, Букурешт Отопени, Буенос Аирес, Каракас, Каиро, Казабланка, Чикаго О'Хара, Дамаскус, Дубаи, Женева, Истанбул Ататурк, Киев, Лагос, Лондон Хитроу, Лос Ангелес, Мајами, Москва Шереметјево, Њујорк Кенеди, Њуарк, Осака, Саун Пауло, Софија, Ст. Петерсбург, Техеран, Тел Авив, Тирана, Токио, Торонто, Триполи, Тунис, Цирих)
- Belavia (Минск)
- Biman Bangladesh Airlines (Дака, Дубаи)
- Blue Panorama Airlines (Хавана)
- Bmibaby (Бирмингем)
- British Airways (Лондон Гетвик, Лондон Хитроу)
- Bulgaria Air (Софија)
- Carpatair (Тимисоара)
- Cathay Pacific (Хонгконг)
- China Airlines (Бангкок, Тајпеј)
- Croatia Airlines (Дубровник, Сплит, Загреб)
- Cyprus Airways (Ларнака)
- Czech Airlines (Прага)
- EgyptAir (Каиро, Шарм ел Шеик)
- Emirates Airline (Дубаи)
- Eritrean Airlines (Асмара)
- Ethiopian Airlines (Адис Абеба, Лондон Хитроу, Стокхолм Арланда, Вашингтон)
- Iran Air (Техеран)
- Japan Airlines (Токио)
- Jet2.com (Лидс, Манчестер)
- Korean Air (Сеул)
- Kuwait Airways (Казабланка, Кувајт, Париз де Гол)
- Libyan Airlines (Бенгази, Триполи)
- LOT Polish Airlines (Варшава)
- Malaysia Airlines (Куала Лумпур)
- МАТ Македонски авиотранспорт (Скопје)
- Middle East Airlines (Бејрут)
- Montenegro Airlines (Подгорица)
- Qatar Airways (Доха)
- Royal Air Maroc (Казабланка)
- Royal Jordanian (Аман)
- Rossiya (Ст. Петерсбург)
- Saudi Arabian Airlines (Џеда, Париз де Гол, Ријад)
- Singapore Airlines (Сингапур)
- Syrian Arab Airlines (Алеп, Дамаскус)
- TACV Cabo Verde Airlines (Санта Марија)
- TAROM (Букурешт Отопени)
- Thai Airways International (Бангкок)
- Tunisair (Tунис)
- Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
- Ukraine International Airlines (Киев, Лвив)
- Uzbekistan Airways (Ташкент)
- Yemenia (Сана)
- Zoom Airlines (Монтреал, Торонто)
- ↑ „Assaeroporti“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 16 April 2022. Посетено на 30 March 2022.