Czech Airlines
Czech Airlines j.s.c. (чешки: České aerolinie, a.s., македонски изговор: чех ерлајнс), е чешка национална авиокомпанија која е заснована на аеродромот во Прага. Оперира на 69 одредишта во 41 земја, вклучувајќи ги сите европски метрополи, а исто така и извесни одредишта на Блискиот Исток и Северна Америка. Во 2006. година превезе околу 5 и пол милиони патници. Авиокомпанијата е член на SkyTeam алијансата.
| |||||||
Основан | 1923 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јазли | Аеродром Прага | ||||||
Програма за чести летачи | OK Plus | ||||||
Аеродромски салон | Crystal Lounge | ||||||
Сојуз | SkyTeam | ||||||
Летала | 36 (+6 порачки) | ||||||
Одредишта | 69 | ||||||
Матично претпријатие | Министерство за финансии на Чешка | ||||||
Седиште | Прага, Чешка | ||||||
Раководство | Радомир Лашак | ||||||
Мрежо место | www.CzechAirlines.com |
Историја
уредиCzech Airlines е формирана на 6 октомври 1923 година, од страна на чехословачката влада. Дваесет и три дена подоцна првиот комерцијален лет помеѓу Прага и Братислава е воспоставен. Оперирала со домашни летови сѐ до 1930 година кога првиот меѓународен лет до Загреб беше воспоставен. По германската окупација на Чехословачка во 1939, развојот на авиокомпанијата беше стопиран. Во февруари 1948 година, Комунистичката партија се враќа на власт во Чехословачка. Со доаѓањето на власт, тогашната власт прекинува неколку западно европски одредишта, а исто така ја заменува флотата со авиони, па така наместо западно Европски и Американски авиони, во употреба влегуваат Советски авиони. Во 1957 година, Czech Airlines влегува во историјата како втора компанија која започнува да употребува авиони на млазен погон, со добивањето на авион од типот Туполев Ту-104А. Првиот прекуокеански лет беше остварен на 3 февруари 1962 година со летот до Хавана, Куба, користејќи Бристол Британија авион. Овој авион беше заменет со Иљјушин ИЛ-18Д при крајот на 60-тите години од минатиот век, а исто така беа воведени и нови прекуокеански одредишта до Њујорк и Монтреал. Во 90-тите години од минатиот век, најголемиот дел од советските авиони беа заменети со авиони од западноевропските земји, како Боинг 737, Ербас А310, Ербас А320, како и ATR воздухоплови за кратки релации.
Одредишта
уредиПогледни опширно: Одредишта на Czech Airlines.
Флота
уредиАвион | Вкупно | Патници (Бизнис/Економска) |
Одредишта | Забелешки |
---|---|---|---|---|
Ербас A319-100 | 9 (6 orders) |
135 | Одредишта на средни должини Европа и Блискиот Исток |
|
Ербас A320-200 | 8 | 162 | Одредишта на средни должини Европа и Блискиот Исток |
|
Ербас A321-200 | 2 | 212 | Одредишта на средни должини Чартер Летови |
на услуги од: HOLIDAYS Czech Airlines |
АТР 42-500 | 7 | 46 | Кратки одредишта Средна Европа |
|
АТР 72-200 | 2 | 64 | Кратки одредишта Средна Европа |
Ќе биде заменет со: АТР72-500 |
Боинг 737-400 | 2 | 144 162 |
Кратки и средни одредишта Европа, Чартер Летови |
на услуги од: HOLIDAYS Czech Airlines |
Боинг 737-500 | 8 | 108 | Кратки и средни одредишта Европа |
Ќе биде заменет со: A319 |