Turkish Airlines
Турска национална авиокомпанија(Турски:Türk Hava Yolları Anonim Ortaklığı, македонски изговор: Туркиш ерлајнс) (THY), е национален авио превозник на Република Турција. Оперира на 123 одредишта во странство и 23 одредишта во границита на Турција. Главната база е меѓународниот аеродромот Ќемал Ататурк во Истанбул. Компанијата има околу 12.000 вработени, и е официјален чен на Star Alliance.
| |||||||
Основан | 1933 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јазли | Истанбул Ататурк | ||||||
Споредни јазли | Сабина Гокчен | ||||||
Програма за чести летачи | Miles & Smiles | ||||||
Сојуз | Star Alliance | ||||||
Летала | 304 | ||||||
Одредишта | 280 (32 домашни + 248 меѓународни) | ||||||
Гесло | Widen Your World | ||||||
Седиште | Истанбул, Турција | ||||||
Раководство | Чандан Каритекин (Chairman), Темел Котил (CEO) | ||||||
Мрежо место | http://www.thy.com/ |
Историја
уредиАвиокомпанијата беше основана на May 20, 1933. Започна операции најпрвин од Истанбул, а потоа и од Анкара. Во септември 1937 компанијата доби три De Havilland D.H. 86B. Следниот Декември, авиокомпанијата доби и четврт авион. Овие авиони го зголемија домашниот сообраќај со летови до Истанбул Ататурк, Ешкисехир, Измир, Анкара, Адана, Кајзери и Дијарбакир. Во најголемата реорганизација на авиокомпанијата, државната авиокомпанија THY, беше заменета со мешана корпорација, Türk Hava Yolları AO (THY) на 20 февруари 1956. Барањето за влез во Star Alliance беше прифатено во декември 2006. На April 1, 2008, Турската национална авиокомпанија стана полноправен член на Star Alliance.
Одредишта
уредиПогледни опширно: Одредишта на Turkish Airlines.
Договори за делење на летови
уредиTurkish Airlines има договор за делење на летови со следните авиокомпании:
- Air China (SA)
- Air India
- Air Malta
- All Nippon Airways (SA)
- Asiana Airlines (SA)
- Austrian Airlines (SA)
- Croatia Airlines (SA)
- Egypt Air (SA)
- LOT Polish Airlines (SA)
- Луфтханза (SA)
- Pakistan International Airlines
- Royal Air Maroc
- SunExpress
- Syrian Arab Airlines
Флота
уредиФлотата на Turkish Airlines се состои од следниве авиони заклучно со мај 2008:
Авион | Вкупно | Број на седишта (Бизнис/Економска) |
Одредишта | Забелешки |
---|---|---|---|---|
Ербас A310-200 | 1 | 208 (18/190) | ||
Ербас A310-300 | 3 | 210 (18/192) | еден е претворен во карго авион | |
Ербас A319-100 | 2 | 124 (12/112) | ||
Ербас A320-200 | 18 | 150 (0/150) 156 (0/156) |
||
Ербас A321-200 | 17 |
186 (15/171) 195 (15/180) 202 (15/187) |
||
Ербас A330-200 | 5 | 250 (22/228) | Европа, Блиски, Среден и Далечен Исток, Северна Америка | AVOD во економска и бизнис класа |
Ербас A340-300 | 7 | 271 (34/237) | Северна Америка и Далечен Исток | AVOD во економска и бизнис класа. |
Боинг 737-400 | 9 | 150 (12/138) | ||
Боинг 737-800 | 46 | 165 (90/75) | ||
Вкупно | 110 |
Авион | Вкупно | Капацитет (Максимална носивост) |
Одредишта | Забелешки |
---|---|---|---|---|
Ербас A310-300F | 3 | Европа и Азија | Ќе бидат додадени повеќе по претворање на авиони од патнички во карго авиони |
Инциденти и несреќи
уредиВо својата 75 годишна историја, Turkish Airlines има 3 авионски несреќи надвор од границите на Турција, како и 18 несреќи во границите на Турција. Првиот инцидент се случи на 17 февруари 1959 година, кога авионот се урна во услови на густа магла за време на слетувањето на аеродромот Гетвик во Лондон. Во авионот беа тогашниот Турски премиер Адријан Мендерес кои се упатуваа во Лондон со цел потпишување на мировниот договор за Кипар. Мендерес беше меѓу 10-тте преживеани патници од тој лет. Инцидентот со најмногу жртви беше летот број 981, кој се урна во Франција на 3 март 1974 година, поради експлозивна декомпресија, при што загинале 346 патници.
„Turkish Airlines“ на Ризницата ? |