Alitalia — Compagnia Aerea Italiana S.p.A. е италијанска авиокомпанија, која се изроди со спојување на веќе пропаднатата Alitalia-Linee Aeree Italiane и Air One. Со седиште во Рим, оперира на 24 домашни и 66 меѓународни одредишта. Alitalia е на 19 место во светот по бројот на авиони. Централен аеродром е аеродромот Леонардо Да Винчи во Рим.

Alitalia
IATA ICAO Ознака
AZ AZA ALITALIA
Основан26 август 2008 (as Alitalia - Compagnia Aerea Italiana S.p.A.)
ЈазлиАеродром Рим Фјумичино
Поважни градовиАеродром Болоња
Аеродром Катанија
Аеродром Милано Линате
Аеродром Милано Малпенза
Аеродром Неапол
Аеродром Торино
Аеродром Венеција
Програма за чести летачиMilleMiglia
Аеродромски салонClub Freccia Alata
Welcome Air One
Sky Team Elite
СојузSkyTeam
Летала153 [1]
Одредишта70
СедиштеРим,  Италија
РаководствоRoberto Colaninno (Директор)
Роко Сабели (CEO)
Мрежо местоwww.alitalia.com

Историја

уреди

На 26 август 2008 година, група од италијански претприемачи и Intesa Sanpaolo, една од најголемите италијански банки, ја основаа "Compagnia Aerea Italiana s.r.l.", со намера да го откупат врендот и сопственичкиот пакет на ""Alitalia - Linee Aeree Italiane s.p.a." и да ги спојат со приватната авиокомпанија Air One, втората најголема Италијанска авиокомпанија.

Compagnia Aerea Italiana, конзорциум од Италијански инвеститори, презентираше понуда од €1,100 милиони до извршниот директор на Алиталија на 30 октомври 2008 година. Италијанската влада и извршниот директор се согласија на понудената цена, со што Алиталија доби нов сопственик. Алиталија продаде 25% од сопственичкиот пакет на групацијата AirFrance-KLM за сума од 323 милиони евра на 12 јануари 2009.

 
Алиталија
 
Боинг 777

Одредишта

уреди

Погледни опширно, Одредишта на Alitalia.

Флота

уреди

Флотата на Alitalia се состои од следниве воздухоплови:

Alitalia Fleet
Авион Вкупно Патници
(Magnifica*/Економска)
Одредишта Забелешки Боја
Airbus A319 12 126 Домашни/меѓународни кратки и средни одредишта Alitalia
Airbus A320-214 11 153 Домашни/меѓународни кратки и средни одредишта Alitalia
Airbus A320-216 31
(60 нарачки)
159 (12/147) Домашни/меѓународни кратки и средни одредишта Испорачани: 2009-2010
Заменува: McDonnell Douglas MD-82
26 - Air One livery
5 - Alitalia
Airbus A321-112 23 187 Домашни/меѓународни кратки и средни одредишта Alitalia
Airbus A330-202 2
(12 нарачки)
(8 опции)
239 (38/201) Интернационални одредишта на долги патеки
Чикаго, Бостон, Њујорк, Њуарк
Заменува: Boeing 767-300ER Air One
Boeing 737-300 4 148 Домашни/меѓународни кратки и средни одредишта Авион за замена: Airbus A320 Air One
Boeing 737-400 14 162 Домашни/меѓународни кратки и средни одредишта Авион за замена: Airbus A320 Air One
Boeing 767-300ER 6 214 (25/189) Интернационални одредишта на долги патеки
Акра, Бостон, Каракас,
Чикаго, Лагос, Њујорк, Торонто
Авион за замена: Airbus A330-202 Alitalia
Boeing 777-200ER 10 291 (42/249) Интернационални одредишта на долги патеки
Буенос Аирес, Мајами, Осака
Саун Пауло, Токио
Alitalia
Bombardier CRJ 900 10 90 Домашни/меѓународни кратки и средни одредишта Air One CityLiner
Embraer ERJ-170 6 72 Домашни/меѓународни кратки и средни одредишта Alitalia Express
McDonnell Douglas MD-82 23 141
164
Домашни/меѓународни кратки и средни одредишта Ќе се исклучи од сообраќај
Авион за замена: Airbus A320
Alitalia

*Magnifica е името на Бизнис класата понудена на меѓународните летови на средни и далечни одредишта

 

Наводи

уреди
  1. „CNN - Air France-KLM buys stake in Alitalia“. Посетено на 2009-01-13.