Montenegro Airlines д.о.о. е национален авиопревозник на Црна Гора, со своја база на аеродромот во Подгорица. Оперира на одредишта во Европа од аеродромите во Подгорица и Тиват.

Montenegro Airlines
IATA ICAO Ознака
YM MGX MONTAIR
Основан1994
ЈазлиАеродром Подгорица
Поважни градовиАеродром Белград
Аеродром Тиват
Програма за чести летачиVision Team
Летала8 (+1 нарачки)
Одредишта12
СедиштеПодгорица, Црна Гора
РаководствоZoran Đurišić (CEO), Čedomir Đurišić (Комерцијален Директор)
Мрежо местоhttp://www.montenegroairlines.com/

Историја уреди

Авиокомпанијата беше формирана на 24 октомври 1994 година од страна на владата на Црна Гора, но првиот авион, Фокер 28 беше купен есента 1996 година, додека првиот лет беше направен на 7 мај 1997 година во 22:30 на релација Подгорица - Бари. Уште еден авион од истиот тип беше додаден во јули 1998 година. Привремената забрана за летање кон Европската Унија беше отстранет на 23 октомври 1999 година. Нови летови започнаа кон Франкфурт, Германија. До крајот на годината, Montenegro Airlines започна со летови кон Цирих, Љубљана, Скопје, Истанбул и Будимпешта. Во јуни 2000 година, првиот Фокер Ф100 беше испорачан на авиокомпанијата, додека вториот авион од овој тип беше примен во флотата во мај 2001 година, како и третиот во јуни 2002 година. Авиокомпанијата се вклучи кон системот Amadeus CRS на 5 март 2003 година. Во 2004 година, пилотите на Montenegro Airlines беа првите пилоти во регионот што имаа добиено IIIA сертификат. Montenegro Airlines го пренесе својот милионит патник на 2 јули 2004 година. Истата година тие пренесоа рекордни за нив 370.000 патници. Бројката од два милиони патници ја достигнаа на 14 јуни 2006 година. По изгласувањето на независноста на Црна Гора, Србија стана меѓународен пазар за компаниите од Црна Гора. Со тоа, авиокомпанијата мораше да стави крај на, за нив профитабилната линија Ниш - Цирих. Авиокомпанијата се обиде да регистрира своја сестринска авиокомпанија во Србија под името Master Airways, но Српската влада не и додели дозвола за летање, со што идејата за обнова на постоечката линија згасна. На 23 јули 2007 година, Montenegro Airlines направи нарачка за 2 авиони од типот Ембраер 195. Авионите ќе бидат изнајмени од GECAS на период од 8 години. Првиот од двата авиони пристигнаа на аеродромот во Подгорица на 5 јуни 2008 година. Со пристигањето на првиот од двата авиони, авиокомпанијата започна со летови кон аеродромите Лондон Гетвик и Милано Малпенза. На 16 септември 2008 година, авиокомпанијата објави дека уште еден авион од типот Ембраер 195 ќе биде додаден кон флотата. Авиокомпанијата моментално е во процес на приватизација. Првично е планирано приватизација на 30% од сопственоста, и како најконкретен партнер се јавува Европската банка за обнова и развој.

 
Montenegro Airlines Fokker 100 на аеродромот Домодедово во Москва
 
Fokker 100 со регистрација 40-AOM
 
Fokker 100

Одредишта уреди

Флота уреди

Флотата на Montenegro Airlines се состои од следниве авиони:

Montenegro Airlines Флота
Авион Вкупно Патници
(Прва*/Нормална)
Одредишта Забелешки
Fokker 100 5 102 Регионални/Кратки одредишта Еден авион е позајмен на Belle Air
Embraer 195 3 (1 нарачки) 116 Германија, можно е и Русија е Скандинавија Да биде испорачан во мај 2009, изнајмен од GECAS