Croatia Airlines
Croatia Airlines d.d. е национален авиопревозник на Хрватска, заснована во Загреб, како и регионален чен на Star Alliance. Оперира на домашни и меѓународни одредишта. Главната база е аеродромот во Загреб, а за помали бази ги има аеродромите во Сплит и Дубровник. Во 2007 година, авиокомпанијата оствари профит од 25 милиони куни, рекорд во нејзиното постоење.
| |||||||
Основан | 1989 (as Zagal-Zagreb Airlines) | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јазли | Аеродром Загреб | ||||||
Поважни градови | Аеродром Сплит Аеродром Дубровинк | ||||||
Програма за чести летачи | Miles & More | ||||||
Аеродромски салон | Senator Lounge | ||||||
Сојуз | Star Alliance | ||||||
Подружници | Amadeus Croatia, Obzor putovanja, Pleso prijevoz | ||||||
Летала | 13 (+2 нарачки, 2 опции) | ||||||
Одредишта | 27 | ||||||
Гесло | Повеќе од удобно лет | ||||||
Матично претпријатие | Влада на Република Хрватска | ||||||
Седиште | Загреб, Хрватска | ||||||
Раководство | Сречко Симуновиќ (претседател и CEO) Зоран Шангут (CAE) | ||||||
Мрежо место | www.croatiaairlines.hr |
Историја
уредиАвиокомпанијата започна со работа на 20 јули 1989 година, и започна со операции со авион од типот Cessna 402 за карго сервиси за UPS. Компанијата го користеше името Загал. По првите слободни избори во независна Хрватска, компанијата го промени името во Croatia Airlines. Во 1991 година, авиокомпанијата потпиша договор со Adria Airways за изнајмување на еден McDonnell-Douglas MD-82 авион за почеток на воздушната линија Загреб - Сплит. 1992 беше тешка година за компанијата бидејќо поради Српско - Црногорската инвазија на Хрватска, авиокомпанијата престана да лета. Веднаш по завршетокот на кризата, Croatia Airlines откупи три Боинг 737 авиони од Луфтханза и стана член на Меѓународната асоцијација за цивилен сообраќај (IATA). Во 1993 година, два ATR42 и два Боинг 737 беа додадени на флотата, канцеларии беа отворени во неколку градови низ Европа, исто така компанијата ја купи туристичката агенција Обзор, за организација на туристички патувања. До 1994 година, Croatia Airlines го дочека и првиот милионити патник. Истата таа година, Croatia Airlines го организираше превозот на папата Јован Павле II.
Во 1995 година, беше додаден уште еден ATR42, а истата година беше направен и рекорд во бројот на патници, 2 милиони патници на годишно ниво. Во 1996 година, Croatia Airlines стана првата авиокомпанија која воспостави летови кон Сараево. Во 1997 година, првиот Airbus A320 беше додаден во флотата и беше именуван Риека. Во 2000 година, пристигнаа уште два нови Airbus A320 авиони, а исто така беше воведен и Automated Ticketing System. 2001 беше година кога Croatia Airlines доби сертификат за одржување и поправка на авионите од страна на Германската Luftfahrt-Bundesamt. На 18 Ноември, 2004 година, Croatia Airlines влезе во Star Alliance како регионален член, спонзорирана од страна на Луфтханза. Croatia Airlines превезе 1,715,027 патници во 2007 година. Во 2008 година, авиокомпанијата додаде два нови воздухоплови од типот Q400 од Канадската Bombardier Aerospace.
-
Airbus A320 9A-CTJ
-
Airbus A320 9A-CTM Star Alliance
-
ATR 42-300 9A-CTS
-
Croatia Airlines head office
Одредишта
уреди- Австрија
- Белгија
- Босна и Херцеговина
- Хрватска
- Бол (Аеродром Бол)
- Дубровник (Аеродром Дубровник)
- Осиек (Аеродром Осиек)
- Пула (Аеродром Пула)
- Риека (Аеродром Риека)
- Сплит (Аеродром Сплит)
- Задар (Аеродром Задар)
- Загреб (Аеродром Загреб) Централа
- Данска
- Франција
- Германија
- Косово
- Италија
- Израел
- Република Македонија
- Црна Гора
- Холандија
- Швајцарија
- Обединето Кралство
Флота
уредиАвион | Вкупно | Име и регистрација | Патници (Бизнис/Економична) |
Одредишта | Забелешки | |
---|---|---|---|---|---|---|
Airbus A319-112 | 3 | Задар (9A-CTG), Загреб (9A-CTH), Вуковар (9A-CTI), Пула (9A-CTL) | 132 (12/120) | Кратки и средно долги одредишта | ||
Airbus A320-212, A320-214 | 4 | Риека (9A-CTF)(212), Дубровник (9A-CTJ)(214), Сплит (9A-CTK) (214) | 164 (18/146) | Кратки и средно долги одредишта | ||
Dash 8 DHC-8 Q402 | 6 | Славонија (9A-CQA), Лика (9A-CQB),(9A-CQC),(9A-CQD),(9A-CQE),(9A-CQF) | 76 (0/76) | Кратки одредишта | уште 4 нарачки во 2009 и 2010 (2 опции) | |
Вкупно авиони: 13 |
„Croatia Airlines“ на Ризницата ? |