Swiss International Air Lines
Swiss International Air Lines или само Swiss е национална авиокомпанија на Швајцарија, која оперира на одредишта во Европа, Северна и Јужна Америка, Африка и Азија. Главна централа е аеродромот во Цирих. Авиокомпанијата е во сопственост на Германската авиокомпанија Луфтханза.
| |||||||
Основан | 2001 после банкротирањето на Swissair | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јазли | Аеродром Цирих | ||||||
Поважни градови | Аеродром Женева, Аеродром Базел/Мулхоуз | ||||||
Програма за чести летачи | Miles & More | ||||||
Аеродромски салон | Swiss Lounge | ||||||
Сојуз | Star Alliance | ||||||
Летала | 78 (+11 нарачки) | ||||||
Одредишта | 76 | ||||||
Матично претпријатие | Луфтханза | ||||||
Седиште | Базел, Швајцарија | ||||||
Раководство | Dr. Christoph Franz (Претседател и Извршен Директор) | ||||||
Мрежо место | http://www.swiss.com |
Проблематичен почеток
уредиАвиокомпанијата беше формирана по банкротирањето на поранешниот Швајцарски национален авиопревозник Swiss Air. Загубите постоеја сè до почетокот на 2005, кога најголемите акционери во авиокомпанијата, Credit Suisse и UBS, склучија договор за продажба на дел од нивните акции на авиокомпанијата Cross Air, регионален сојузник на Swiss Air. Cross Air потоа го промени своето име во Swiss, и новиот национален авиопревозник започна со официјални летови на 31 март 2002 година.
Враќање во нормала
уредиДо 2005 година, авиокомпанијата беше преполовена на половина од тоа што беше во 2002 година. Имаше годишни загуби, но постепено ги намалуваше, сè до 2006 година, кога оствари профит од 220 милиони долари. Профитот во 2007 година беше 570 милиони долари. На 22 март 2005 година, Луфтханза објави дека планира да го преземе управувачкиот пакет во компанијата и откупи за почеток 11% од акциите. Преземањето заврши на 1 јули 2007 година и операциите на Swiss постепено беа синхронизирани со операциите на Луфтханза. Авиокомпанијата исто така воспостави и регионална подружница, Swiss European Air Lines.
Одредишта
уредиПогледни опширно, Swiss International Air Lines одредишта.
Нови одредишта и зголемен број на летови
уреди- Цирих - Шангај - Секојдневни летови со Ербас А340 авион
Авиокомпанијата објави зголемување на бројот на летови од аеродромот во Базел. Нови летови беа воведени до Барселона, Будимпешта, Манчестер, Ница, Прага и Варшава.
Флота
уредиАвион | Вкупно | Патници (Прва/Бизнис/Економска) |
Регистрации | Забелешки |
---|---|---|---|---|
Ербас A319-112 | 7 | 126 | HB-IPR,S,T,U,V,X,Y | |
Ербас A320-214 | 19 (2 нарачки) | 168 | HB-IJB,D,E,F,H,I,J,K,L,M, N,O,P,Q,R,S,U,V,W |
Влегува во сервис: 2011 |
Ербас A321-111 | 6 | 200 | HB-IOC,D,F,H,K,L | |
Ербас A330-223 | 11 | 230 (48/182)[A,J,K,O] 229 (42/187) [Q,R] 196 (12/42/142) [C,G,H,I,P] |
HB-IQA,C,G,H,I,J,K,O,P,Q,R | |
Ербас A330-343X | (9 нарачки) | Заменува: Ербас A330-200 Влегува во сервис: 2009 Нарачки: 2009-2011 | ||
Airbus A340-313X | 15 |
228 (8/48/172) | HB-JMA to O | HB-JMJ,M,N,O поранешен авион на Air Canada HB-JMK,L поранешен авион на Austrian Airlines |
Avro RJ100 "Jumbolino" | 20 | 97 | HB-IXN до X и HB-IYQ до Z |
Operated by Swiss European Air Lines |